Кобна грешка што не го избркаа после ПСВ. Со нов тренер ќе се кренеше моралот барем привремено и сега ќе ги имавме тие 5-6 бода плус, за мирен крај. Фактот што втора сезона по ред мораме да победиме во последно коло, со екипа која беше засилена и требаше да биде ниво погоре од предходната сезона, е поразителен. Посебно што конкуренцијата беше послаба, и тоа е единствена причина зошто сме се уште во игра.
Со Емполи не чека потешка задача отколку со Лацио. Ако се сеќавате, со Лацио имавме тон среќа, ама екипата не беше во ментален нокдаун на крајот на сезоната. Се бореа машки, онолку колку што им беше силата. Сега сме отепани, безидејни, немаме никаква препознатлива игра, не можеме да одговориме на пресинг, не можеме да ја изнесеме топката... не личиме на екипа.
Да се надеваме дека некако ќе не посака среќата, со игра не можеме ништо да направиме. Сите не имаат прочитано, нема што да смениме, немаме никакви опции. Ако на крајот не победиме, ќе биде космичка правда и лекција за сите во клубот. Но се надевам дека нема да не стигне овој пат, и дека некако ќе го преживееме и ова.