Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Овој викенд дури и се плашам да отворам фрижидер да не ја најдам Тамара внатре...Јак вокал, глас ама недоволно...
Низ историјата е милион пати потврдено дека македончето е губитник и истото тоа мислам дека и во кодот му е запишано...
Оди на првенство, врати се како губитник, за олимпијади - губитник, за фестивали уште поголем губитник...
И секогаш е судија педер, наместено и дијаспора педери што не гласаа...
Губитник си македонче!
И никад нема да научиш како да го цениш, афирмираш и зачуваш она што вреди...
Па и што да се очекува кога уметници, музичари и спортисти ќе ги најдеш по митинзи на политички партии?
Чест на исклучоците кои не се во доволен број да направат оваа вукојебина да појде напред...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
На денешен ден се случи една од најбитните работи во историјата на Македонија.

Во 2002, Кометал ја покори ракометна Европа.

Оваа ракометна екипа беше надреална.

Овој успех е збир од најдоброто што Македонија го имаше.

Доволно добри за да се бориме за успех, но нe доволно добри за да бидеме сметани како апсолутни фаворити.

Откако изгубија во 2000, оваа екипа успеа да се врати во финалето во 2002.

Неколку месеци после опасниот конфликт, Кометал успеа да ги спои сите македонци и да го покаже духот на државава.

Желбата за носење со најдобрите и желбата за покажување на квалитетот беше неверојатна.

Екипа финансирана од богаташ што сепак не добиваше премногу "hehe a be plasticni haha" коментари.

Екипа со премногу странски играчи во неа што не добиваше "haha platenici be za pari igraat kur gi boli haha" коментари.

Екипа што беше полна со играчи од бивша Југославија, бивша СССР и останати земји, а сепак сите ракометарки до една беа спремни да изгинат на терен за да ја израдуваат државата.




Време пред интернет, време кога имаше македонска музика, кога имавме водители, кога имавме актери. Време кога пејачите не ги гледавме од митинг на митинг. Време кога можеа на иста маса да седнат и луѓе што гласаа за Бранко и луѓе што гласале за Љубчо и заедно да кажат "ТОООО ИНДИРООООО"

Време кога немаше муабети "Haha, a be ovoj Trifun gi dupi rumankive inace vrska nemaat samo za na shipka se haha" или "Haha ovaa Luminica Dinu izgleda ko lezbejka haha"

Време кога немаше интернет за секогаш да се појави некој "различен" што ќе каже "Ccc kakvi nacionalisti, pa Kometal ne e Makedonija!!!" а нити некои што ќе кажат "Haha, shampioni na FIROM a? Haha ne se ovie moi, sve toa ni popusta Evropa radi 2001 vojnata haha"

Време кога немаше интернет за да ни го помати умот и време кога во тие два меча (особено реваншот) и млади и стари навиваа за Кометал. Луѓе кои што врска немаа од ракомет уживаа во таа атмосфера.

Немаше тука потреба за кршење на глава на Ѓунар Прокоп, немаше потреба за пцуење на судии, немаше потреба за "a be mestena e"

Пошто победата беше чиста ко солза. Победата беше заслужена и беше една од најдобрите работи што се случиле на државава.

После тоа некаков "entertainment" тип на индустрија имавме уште пар години, по што се си еба мајката и сега сме оставени во време каде што не смееш да направиш никаков коментар пошто си со "едните" или "другите. Сега сме во време во кое што има пејачи, пејачки, водители, водителки, актери и актерки кои ја започнале кариерата баш тогаш - кога во Македонија беше сосема нормално да владее умерен оптимизам. Во кој што имаше место да постојат и "андерграунд рапери", и поп пејачи, и бендови, и комични песни, и балади и што ти уште знам.

Видеово за секогаш ќе ми биде едно од најдобрите работи што ги имам гледано. Поради тоа што атмосферата тогаш беше неверојатно. И поради тоа и денеска кога го гледам се ежам.

Бонус игра: Гледајте го видеово и пробајте да ги изброите сите луѓе што се се уште активни или биле активни во последните 5+ години. Или пак луѓе што не биле дел од политичка кампања. Или пак луѓе кои се уште живеат во Македонија.


ЈА МНОГО САКАМ СИТЕ! ЕКИПА! МАКЕДОНИЈА!
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Пред некој ден се вратив од Братислава, ми беше прво шетачко искуство надвор од Балканот после тие од средно во Прага, на кои со други размислувања и друга зрелост сум одел. Тогаш си трчал на првиот Мекдоналдс да јадеш или во продавници што ги нема тука, сега од сабајле до вечер со мапата во рака и чекираш кои знаменитости уште останале непосетени. Како и да е, да споделам накусо што видов, т.е. што може да очекуваме тука за 50 години.

- Луѓето ако сакаат да фрлат лименка во отпад, прво ја фрлаат на земја, ја гмечат со ногата, па потоа ја фрлаат во кантата, со цел што помалку простор да зафаќа и што повеќе ѓубре да собере. Кај нас фрламе кеси од Веро преполни во мала канта (тие до клупи поставени), бидејќи не мрзи да отидеме до контињерот кој е на 20 метра.
- На кантите има ќесички за изметот на кучињата бесплатно да земат луѓето, да има во што да собираат од својот миленик изметот, ако случајно заборават од дома. Кај нас да има такво нешто, ќе ги испокрадат сите за по дома да им седат за украс, сендвичи ќе виткат во нив. Т.е. прво треба канти да имаме, за да има на што да се закачени тие кесите, кај нас пола канти се искршени заборавив.
- Нема полни автобуси, нема чекање со саати автобус. Автобусите одма доаѓаат, на 10 минути се сите линии, а бидејќи повеќе линии одат кон некое место, не се чека ниту минутка превозот. Гужва нема бидејќи има и трамвај и автобус, не е само автобус како кај нас. До тој Девин замокот кој се наоѓа на граница со Австрија (значи нешто одалечено ко Матка кај нас), автобусите се на 10 минути, кај нас до Матка автобусите се на саат време и започнуваме: те остава 3 км до Матка кај продавничките на широкото пошто се правел патот (па ако си странец мислиш ќе те киднапираат ИСИС), автобусите се преполни, автобусите се има случено да не дојдат/не застанат на станица итн...
- Градот во територија е може поголем од Скопје, а во жители двојно помал, па така никаде не се создаваат гужви ниту во центар. Првата вечер 44 минути прошетавме низ населбата видовме само двајца луѓе. Има зеленило, не е пренатрупано со луѓе и згради, си има за секој жител доволно зеленило, паркинг, слобода на движење, нема гледање од твојот прозор во тоалетот на комшијата.
- Нема наплаќање повеќе ако си странец, цените се исти за сите, луѓето не живеат во мизерија па да гледаат да заработат од странци, јбг тоа ние најмалку сме криви.
- Во моловите слободно се шетаат миленици, деца возат скејтборд, си подаваат со тениски топчиња, хокеј си играат, слобода за било што се има, толеранција исто, кај нас кога ќе се удри пцуење и бркање.
- Автобуски билет може да се купи на секоја станица во градот, од апарати кои враќаат кусур и примаат секакви монети. Билети може да си бираш за 15 минути, 30 минути итн, со еден булет можеш повеќе бусеви да смениш се додека не пречекориш времето за кое ти важи. Кај нас ЈСП картица да надополнам морам да одам во Влае, хотел Карпош, железничка и уште 3 места во градот, не дај боже навечер да дојдам и сум сместен во Илинден или некое такво место, сакал нејќел приморен сум да се шверцам. Колку хаотично тоа би изгледало за странци не можам да опишам.

Доста е, да не испаднам хејтер или слично, само давам една паралела, и тоа споредувам со град кој не е многу голем ниту пак е во листите на топ градови во Европа, како прв град посетен од европските таков е мојот впечаток. Не гледам како со влагање во ЕУ и чуда, нашата свест ни се сменила и би се променил народот, така да единствено вака да прошеташ некаде па да се сретнеш со други цивилизации. Мадај да баталиме тоа, кој е во можност нека прошета со ефтините летови, нека запознае нова култура, нека посети што повеќе знанемитости и природни убавини на тој град, земја. Ако одите во Братислава конкретно посетете двата замока Bratislava Castle и Devin Castle (обавезно влезете внатре), ако сте ентузијасти ко мене и можете да одите по 30км на ден, земете мапа или од нет најдете и посетете се што ви е наведено, ем авантура е кога одиш пешки и не знаеш точно каде си, ем гледаш нови работи успат, ем штедиш пари за превоз.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2019
Мислења
1.076
Поени од реакции
1.516
Правдата можеби е спора ама секогаш е достижна. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Није Чика Куре манијак :icon_lol:.

 
Ф

Флеш

Гостин
Your just somebody that I used to know, на Готје треба И треба да биде главна химна на СРМ како слика за северџанското општество и однесување ....Користење ....

Самбааадиииии .....:icon_lol:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Денеска во легендите отиде човекот поради кој го засакав фудбалот, клубот кој ми е и ден денеска во срцето и човекот чие име го користам јас на форумов. Се најдобро во пензионерските денови. #22
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга Кајги,

Алкохолот го открив отприлика на 16 години. Од таков крај сум, од кога знам за себе дома се вртат алкохоли и се мерат малигани и се забележуваат степени на ракија.
Растев со луѓе кои постојано го конзумираат алкохолот, вклучувајќи го и татко ми.

Не отидов многу подалеку од неговите стапки.
Имаше еден период на 18 години кај што мислам дека станав алкохоличар. Тогаш одбрав да се тргнам од тие луѓе кои ме туркаа кон алкохолот неконтролирано.
Во мојата 11 годишна историја со алкохолот имам престанато да пијам само 6 месеци.

Толку.

Во секој останат период сум постојан конзумер на алкохол.
Почнав со штокот во средно. Се дупнав од пиење, го препив, никогаш повеќе од тогаш немам пиено.
Џин пиев исто така, со боровница.
Постојана константа е виното, вообичаено бело. Ама и на црвено не кажувам не.
Овие лигавите вотка мотка не можам да ги поднесам.
Пивото не се сеќавам кога го пропив, ама исто како отсекогаш да сум го пиела.
На излегувања секогаш пиев мартини.

И нормално, ниту еден од овие алкохоли не застанал на една пијачка. Некогаш се броеле на една рака, некогаш ни на две не ги собира.

И тогаш во 2016 се пропив ракија.
Еве денес сме 2019, јас немам престанато.
И плус, минатата година го открив убавиот вкус на џин тоник и тоа исто се дупнав од пиење.


Кај и да сум живеела, фрижидерот секогаш имал алкохол. Кафе не памтам од кога немам пиено во кафиќ да кажам, денски. Добро, знам да се напијам кока кола со лимон а во тој случај можеби пиво е подобро.

Лани кога се иселував од Скопје, исфрлив 19 шишиња вино. И тоа тие што сум ги чувала.
Еве една година сум сама во Охрид и иста приказна е.

Вака кога чита човек, жал да му падни.
Кога си размислувам вака, сфаќам дека имам сериозен проблем.
Имам огромно чувство за себесвесност и можам да го препишам сето овоа на сто причини: осаменоста во Охрид ме изеде жива и јас дополнително додавам на тоа со секоја чаша, периодов не ми е најсреќниот (периодот ти трае од 16 години, кого лажеш?), убав ми е вкусот на алкохолот, вода пијат само жабите и ред други.

Но, викендов мислам дека го допрев дното, личното дно. Она кое е поставено од мене.
Не се случи ништо посебно, но беше уште една епизода од серијата јас во незнајно издание и невозможното чувство на тежина утредента од кое не можеш да избегаш.

И решив.
Денес решив.
Дури се возам со автобусот накај Охрид.

На ден 20.05.2019 почнува мојот процес на откажување од алкохолот. Ако не го решам овоа сега, ќе се изгубам себеси.
Се гледам на слики, го зема алкохолот сето убаво во мене. Ми ја краде младоста и онаа малку што ми е останата затоа што другото го испив сето.

Никогаш не размислував за последиците од алкохолот за себеси, повеќе бев додека не наштетиш на другите.
Денес сфаќам дека јас сум си најголемиот штетник.
Ако не решам сега да престанам, ќе умрам, духовно, телесно.

Уште од сега ми е тешка помислата. Имам шише ракија во фрижидерот, ама ќе го оставам. Не го фрлам. Нека ме потсетува, нека ме вика од фрижидерот.
Сакам да видам колку ќе бидам психички силна.

Никогаш го немам овоа правено.
Ми дојдоа солзи на очите од овоа сето.
Сфаќам колку сум навлечена и можеби како секој зависник, не знаеш колку си длабоко навлезен се додека не престанеш.

Можеби некој ќе каже дека претерувам, дека се ќе биде во ред.
А јас знам искрено какво лајно од човек сум кога се работи за алкохолот и свесна сум дека јас сум кројачот на мојот живот.

Ако ова сега не го прекинам, ќе ми заврши конецот.
Каков кројач ќе сум без конец?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Завршил некако факултет по информатика, партиски го примиле на работа во општина во сектор урбанизам каде не му е местото ни по струка ни по ништо, и зел да ја навредува државата и народот пошто на Евровизија сме настапиле под новото име. Истата таа држава на чија цицка е закачен веќе 7-8 години и од чиј буџет тој јаде леб.

И ќе беше лесно да е само тој. Вакви фаци ги има еден куп, се гледа и тука на форумов. Кога беше Фиром било нивна земја, сега Северна не било. Триесет години живеел во црна дупка, во пародија од држава, изолиран од остатокот од светот, ама бил горд пошто името не го давал и пошто имало споменик на Букефал во маало... Сега дошле „северџаните“ и готово, настанал помор. Му ја зеле гордоста странските шпиони. И тоа што папата, Лени Кравиц и Стинг дојдоа и ќе дојдат, и тоа е дел од светскиот заговор против традиционалните вредности на оваа света земја...

Знаете што браќа фејсбук патриоти? Ама ич не ме интересира. Светот оди напред и дај Боже мојата земја да оди во чекор со него. Вие слободно може да останете во вашиот затворен свет. Како пензионерите што уште не можат да поверуваат дека Тито го нема, така и вие жалете за времето на шатковидното wannabe диктаторче...

Јас ќе се радувам на секој поголем или помал успех на мојата земја. Посебно кога е на културен или спортски настан. Вие не морате. Сеедно. Не мора да навивате за Тамара, слободно нервирајте се и колнете на интернет. Не мора да одите на концерт на Стинг. Слушајте си ги Јордан Митев и Некст Тајм. Ако фудбалерите играат утре на ЕП не мора да навивате. Јас ќе уживам во овие мали моменти, вие не мора. Ако сте решиле поминете си го векот во хејтање...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
Леле паѓање во транс за осмото место на Тамара, па уште и повици за некакво национално обединување и патриотизам од ликови коишто ја поддржуваат партијата којашто нашата татковина ја направи во анационална двојазична вештачка творба со ново име без да ја почитува референдумската одлука на граѓаните на 30 септември (иста кривица имаат и нејзините претходници од црвената буржуазија, далеку од тоа дека треба да се амнестираат, да не се разбереме погрешно). Плус да биде перверзијата поголема ова се истите ликови коишто мрчеа кога го славевме историското 4 место во кошарка, како и 5тото место во ракомет. Тогаш го исмеваа патриотизмот, тоа што Македонија постигна голем успех во спортот, а сега треба да паѓаме во несвест затоа што Тамара освоила 8 место на некој кич фестивал.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
Во саботата бев на претстава во МНТ, после долго време. Додека бев средно знаев да појдам на претстави, дали како обврска од школо дали на своја волја, сеедно. Последниве десетина години како да се изолирав од вакви настани, освен класиката кафич, кафе или пијачка, и во одредени случаи кино, друга работа тешко. Сега кога седнав повторно во театар после долго време се осетив препородено и сфатив дека треба почесто да го правам тоа. Многу подобро отколку бесцелно седење на кафе, тропање празни муабети и појавување на одредено место за да бидеш виден.

Инаку претставата се викаше "Еден месец на село", некој вид драма/комедија. Не би да раскажувам што и како, можеби некој ќе отиде да ја гледа, али морам да го спомнам Никола Ристановски. Човекот, за мене, а и за многумина други, е еден од најдобрите актери во Македонија и не познавам некој што подобро може да долови емоција на гледач од него. Дали е тажен, среќен, чуден, ваков или онаков момент, сеедно, тој го доставува до гледачот на најдобар можен начин.
И Сашка Димитровска одглуме перфектно, а најголеми пофалби имам за младата актерка Дарја Ризова.

Да не тупам многу, баталете ги бесцелните работи во животот и посветете се на нешто корисно и нешто кое ќе ве исполни. После 20ти јуни во план сум да правам тури по планиниве, нормално аматерски, ќе почнам од Водно па ќе видиме до кај ќе стасам. :D

Почна премногу да ми пречи начинот на живот во Скопје, гужви, нервози, све натрупано на едно место, град проектиран за 400-500 илјади жители има моментално околу милион, бем ти таков живот. Дај планина, мир, тишина, ти и мајка природа и никој друг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom