Кога највише тројки во тимот ти има дадено центарот, одма се гледа дека нешто е труло кај бековите. Штета за серијата што Си Џеј и Лилард се дебело под нивото, доста влијае секако и квалитетната одбрана и неможноста за слободен простор за игра. Се гледа и умор, а и психички дека се паднати играчите, да се разиграт наредната барем да не е метла и убаво да се простат од оваа сезона во која остварија успеси далеку над очеквуањата и ги заслужуваат сите честитки, едноставно тоа е квалитетот, Голден Стејт има подобар ростер и може да си дозволат некој играч и да не е на нивото и да го нема многу на теренот, а победа сепак да си обезбедат, Портланд не можат да си дозволат Си Џеј и Лилард да не се на нивото, едноставно нема човек кој би направил разлика.