Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.724 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.176
Член од
13 јуни 2016
Мислења
48
Поени од реакции
30
Да, постојат вонземјани и уверен сум во тоа бидејќи со мој очи имам видено нло и тоа од непосредна близина.
И не... Не беше авион, не беше хелихоптер, ниту било какво земско летало.
Него беше бела пирамида со бели пулсирачки светла под неа, тотално безшумна и на висина од околу 50-100 метра над мене.А ова беше 1995 година, вечерта кога имаше силен земјотрес во Битола.
И од тој ден никој не може да ме убеди поинаку. Една работа е да гледаш на нет за ова, а сосем друго кога ќе видиш со свој очи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Видео од прес конференција за НЛО кај нуклеарни воени бази.
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
Претпоставувам дека Ерих вон Деникен и Дејвид Ајк се и те како дискутирани многу пати. Ај Ерих собира докази, ровари по светов но, Ајк некако ми е... Што знам, сличен како тој основачот на движењето RAEL, кое има извадено стотици библиски стихови кои алудираат на вмешаност од горе.
Прашањето ми е, што се овие луѓе, кои се, што им е целта, дали треба да им се верува...? По сѐ мислам дека се во право но некои од тие сили не сакаат да откриеме повеќе околу вонземјаните, нудејќи нѝ го т.н. модерно време кое го живееме сосе сите тракатанци во нашиве секојдневија.

Вие што би рекле?[DOUBLEPOST=1555889374][/DOUBLEPOST]
Па тоа се обидувам да им го докажам на тие 79,3% што гласале дека постојат вонземјани.
Не бе не постојат. Само ние сме тука. Како инсекти во еден хектар површина.
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Постои скриена рептилска империја, составена од вонземни култури и изгубени цивилизации. Нивното присуство ги објаснува многу од митовите меѓу луѓето...

Reptilian Underground Bases Documentary 2018 They Are Living Below Us
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Јас мислам дека не сме биле и нема да бидеме додека сме живи во контакт со вонземјани.
А ако некогаш ќе бидеме тоа би било тотално еднонасочно значи само ние ќе знаеме или само тие ќе знаат. СФ филмови некогаш нема да се случат во реалност. Тоа јас го мислам според тоа што знам дека е вистина.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396

Да споделиш две три вистини ако не ти е тешко :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Да споделиш две три вистини ако не ти е тешко :)
Побарај Isaac Arthur на Јутјуб. Ги анализира сите аспекти. Не дека 100/100 се слагам со него и ми е единствен извор или незнам што ама е без теории на заговор, религија итн. Но и чиста логика ми е муабетов ако анализираш и уконташ каква технологија е потреба за да се патува неколку илјади светлосни години се за да се прави муабет со луѓе...мислам дека имаме превисоко мислење за човештвото...
Стварно не гледам никаква логика зошто развиена интергалактичка цивилизација би имала интерес да доаѓа на Земјата.
Ако ги интересира што се дешава за некое време ќе чуе се што има да се знае за човештвото од нашите комуникации. Освен ако не се некои забегани палеоетнолози или туристи нема што да бараат на Земјата.
Ние ако не се уништиме нема никад во нашиот живот да одиме далеку.
Единствено ако на некои им е мерак да откриеме живот во најдобар случај некоја бактерија на Марс, Европа и сл. И тоа со огледа како одат вселенските програми нема наскоро најверојатно ни во следните 50-100 години.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Стварно не гледам никаква логика зошто развиена интергалактичка цивилизација би имала интерес да доаѓа на Земјата.
Што знам, можеби да не спаси од нас самите....пошто уништувањето на планетава ни тропа на врата. Тоа би била една причина, а може да ги измислувам можеби до сабајле...не е таа поентата.
Прашањето е прво што правиме ние овде, кои сме, како сме се нашле и на каде одиме и од тоа зависат одговорите на прашањата околу ванземаљците.
Иначе да се зборува за теории на заговор и фолии после паѓањето на маските и илузиите околу тоа е веќе смешно, појди од наука, историја и што уште не па заврши со политикава кај нас на пример.
 
Смисла на животот и постоењето? Сигурно нема ЕТ да ни го каже. Јас лично у последно време верувам во некоја форма на христијански морал...понатаму во тема религија или филозофија и психологија може...
Мене чисто научно и технолошки не ми е можно да сме во контакт со вонземјани или да сме биле барем не со интелигентена форма. А што ќе биде во иднина е тешко да се претпостави.
Затоа е и прашањето во анкета " веруваш" зошто е во прашање псеудонаучно па и псеудорелигиско верување, освен ако не си скиентолог :)
 
Не ти е можно?
А не знаеш ни 0,0001% од тоа како функционираат работите во нашава реалност. :)
Иначе, постојат бајаги сомнителни податоци околу посети на екстратерестријалци во минатото, во облик на градби, митови и друго. Ги спомнав смислата, почетокот и др. затоа што се интерконектирани околу прашањата со екстратерестријалците.
Ако одиме по некој редослед да видиме што кажува науката околу одредени прашања. И не само што кажува туку за што сме сигурни ако се консултираме со истата.
- Настанок на Универзумот
- Настанок на нашата планета, или да не речам целиов наш сончев систем. Со сите математики, точно испрецизиран за да постои животот во истиот.
- Настанок на животот.
- Настанок на човекот. Со сите проблематики кои се дебатирани на теми на форумов
- Сомнителен технолошки развој последниве 100 год. посебно. Тука влегуваат сите мистични приказни околу ренесансата, нацистите и Ahnenerbe, околу тоа зошто доста научници(кои се многу значајни) се занимавале со кабала и да не набројувам.....има многу што да се расправа на оваа тема. Да не навлегуваме у reverse engineering околу запленети летала и сл. пошто тоа е ептен фолијашки нели :)
- Градби градени на различни континенти со слична структура, во време кога немало комуникација.
- Начин на кој се направени тие градби, со целата таа технологија која била потребна во бронзено доба, а се обработувал гранит кој што е потврд од железо ако имаш чуено.
- Митови и приказни, раскажувани преку разни религии и запишани на разни медиуми како Enuma Elish, Popol Vuh, Библијата на пр. може да се разгледува на тој начин ако зборот елохим се протолкува како вонземјани, разни податоци добиени од племиња како Dogon tribe, Абориџините, Египет, и уште доста што не ми текнува во моментов.
Ај сега кои се вистините околу овие прашања, што мислиш ти дека со сигурност знаеме?[DOUBLEPOST=1558292265][/DOUBLEPOST]
Присуство на никел во ножот укажува на тоа дека е правен најверојатно од метеор затоа што немале таква технологија за легирање на челик. Таа е логиката, ако се водиме по истата. Прашање е како го стопиле за да го изработат :)
Кога сме веќе кај ТутанкАмун, поинтересно е тоа што гробницата не била објавувана дека е пронајдена мислам 9 год. а прашање е што се немало во неа што не е прикажано. Иначе Тутанкамун сликан со X зраци изгледа вака:

Elongated нели.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.933
Доаѓање на вонземјани е поприлично неверојатно како настан да не речам и невозможно.
Астрономски не е забележано ниедна Кардашиев 2 или 3 цивилизација во нашава галаксија а за Кардашиев 3 најверојатно и во видливиот универзум.
Астрономски нема докази дека постојат развиени цивилизации кој се способни за да патуваат до нас.
Но ако судиме понатаму во однос на средби на развиени технолошки цивилизација и неразвиени на нашава планета речиси секогаш е катастрофално за неразвиените или помалку развиени.
Апсурдно е да се мисли дека биолошка форма на вонземјанин дошла и изградила купови камења и 2 ножа и си отишла....тоа е крајно неверојатно. Едноставно нема докази дека постојат развиени цивилизации во универзумот а со оглед на растојанија самата енергија потребна за одржување на таква цивилизација способна за патување до Земјата би била видлива од многу далеку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom