Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Долг период слушав како не вреди да се нервирам за тебе. Дојде денот кога го сфатив тоа.. Навистина не вреди. Јас и во иднина можеби ќе те сакам но во овој миг ќе престанам секој твој чекор, секој твој статус, секоја твоја глупост да ја анализирам.
Не планирам да си наштетувам здравјето, уште помалку животот да си го уништам за човек кој не ме ценеше.
Ти беше личност која навистина ја сакав, за тебе животот ќе дадев, ама исто така си и личност која ми ја сјеба психата на начин кој се уште не можам да го сфатам и се уште се справувам со тоа на моменти, ме фаќаат кризи за тебе, за мене, за нас.
Ако си решен да оформиш семејство со друга, само повели, нека ти биде со среќа, i'm done.
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Појма немам, си викам измислен поим од луѓево, гледам по кафичи кој со кого е и кај сите истиот НЗС, финансии и репутација, шо знам можда грешам, каква љубов бе какви глупости.
ЧОВЕК САМ СЕ РАЃА, САМ ЖИВЕЕ И САМ УМИРА, СЕ ДРУГО Е САМО ИЛУЗИЈА
Ебано време дојде, физички изглед, пари, популарност на социјални мрежи за тоа се живее денеска а богами ретардираниве ке почнат и да умираат за тоа, али ако, природна селекција at its finest
Fuck love, love fuck
Peace :misticen:
 
M

martin64

Гостин
Ова е полигамија денес, јас имам 19, машко сум и вака стојат работите денес. Треба да си што подобар производ за да се продадеш, јас кога идам во продавница секогаш ги бирам најдобрите јаболки а тие што се грди не ги пипам, не значи дека ги мразам туку едноставно сакам најдобро за мене, така и во машко-женските односи постои ова, сите сакаат најдобар производ (дечко, девојка) не е битно дали за една ноќ, врска, мување, брак. Во денешно време тоа се тие вредности на младите и мислам дека тоа е добро, сите сакаат најдобар производ но повеќето не се ни трудите па затоа не сте доволно добри за некое и треба да одберете од поефтините производи. Според мене љубов се раѓа на овие нешта, а не туку така се заљубуваш во некој, мислам дека прво треба да имате нешто, да се гледате, да имате секс, да се дружите. Секоја девојка различни критериуми има, некоја сака пари, некоја сака некој што е самоуверен и паметен, некоја сака добар изглед и различно. Некоја девојка ќе го привлече некоја заради изгледот можда, но потоа не го свиѓа заради други критериуми[DOUBLEPOST=1558026379][/DOUBLEPOST]И тоа "Јас сум добар дечко, можда не сум убав и не сум богат но ќе те чувам засекогаш". Е заради вакви изјави не фаќате девојки, не дека немате пари туку дека само затоа што се добри мислите дека девојката ви должи на вас да ве сака, има и добри и верни меѓу тие што се убави и богати но има и лоши
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
Пред некое време ги видов твоите цимерки од времето кога бевме пар, М. и М. Чусвството беше како да мислев и тебе ќе те видам на иста маса со нив. Чувството беше доста слично. Сето тоа се случи чисто случајно. После тоа останав цела вечер со тебе во мислите додека го возев патот до дома. Туку ти како си? Како тебе Т. ти оди животот? Среќна ли си? Јас во последно време и не толлку многу... Се случија работи што ме изменија во самиот корен, длабоко во мојата подсвест... Секоја вечер кога легнувам да спијам како да чекам на постојката за да одам кон пеколот. Не верувам дека ќе се вратам како што бев...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.693
Поени од реакции
21.977
Претпоставувам дека и сега требаше да биде така. Таква е љубовта. На почетокот многумина ти кажуваат за неа, дека е добра, дека ќе ти се свиѓа, дека има потенцијал, дека не е како другите за кои мрчиш, или кои те разочарале, дека е нешто стварно посебно.
Со емпиризмот како твој заштитник, влегуваш полека, на прсти. Ја запознаваш. На почетокот те збунуваат толкуте многу карактери што се содржат во неа. Комплексна е, има насобрано толку приказни, толку настани, огромни ледени ѕидови кои се пречка и кои ги кријат снежните демони, но и прекрасни пространства, градови, чуда и магии. Огнени магии. Цел еден измислен универзум во кој се содржат сите човекови природи. Од оние крволочните, предавничките, злобните, завидливите па се до чесните, лојалните, непоткупливите, принципиелните.
Флертуваш, тестираш вода со секое следно гледање, со секоја следна епизода. Интересот станува се поголем и се претвора во пасија, пасијата во (некоја блага) опсесија. Поминува година, две, три. Четвртата веќе почнуваат пукнатините. Се уште си во прекрасно возење, само тече по малце уље ваму-таму. Ништо страшно за сега Еден ролекостер од доживувања и емоции, убави, гради, еротски, езотерични, религиски, фармаколошко-отровни, доминантни, субмисивни, дволични, многулични, кризно-идентитетски, што ти душа сака и не сака. Понатаму проблемите стануваат поголеми, после 5-тата година. Почнува да се однесува нелогично, ирационално. Почнуваш да се смееш на работи кои не биле наменети за смеење и да се фаќаш за глава за секоја глупост што ја прави, а ја прави се почесто и следната е се поголема од претходната. Не беше вака на почетокот, што ли се случи? Иде шестата, седмата година. Од ден на ден сфаќаш дека крајот се приближува. И одненадеж тој крај се одложува за една година, си викаш ај таман една година рок плус, може работите ќе се вратат на старо, стариот жар, старата креативна моќ, ќе се врати целиот карактер што ја правеше неа незаменлива. И секако на крајот те разочарува, те измамува и те изневерува на начин со којшто ти ја вреѓа интелегенцијата. И сега некој ќе праша-Епа зошто не си прекинал претходно? Шо знам, може затоа што нада умире задња (освен ако не е мажена со Киро), може затоа што возењето било првично добро па осеќаш некоја внатрешна потреба да го истераш до крај, а може и затоа што си се помирил со сите глупости што се случиле по пат и на крајот дур можеш сакаш само да ги исцедиш убавите работи пред да биде завршено се. Што би рекла Елена Ристеска-Сакам по добро да те памтам. Разочаран? Не. Да беше прва или меѓу првите, да бев помлад, веројатно би бил многу повеќе. Вака, се пушташ низводно, уживаш попатно, знаејќи дека нема секогаш да биде ни добро, ни вечно. Епа, убаво беше додека траеше. Девет години еј...

 
Член од
31 август 2017
Мислења
13
Поени од реакции
47
Знаеш од што се плашам најмногу?
После сите овие месеци на борба со сопствените емоции, соочување со себе и реалноста, потиснување на спомени, исполнување време со секојдневните обврски и уште повеќе ангажмани за да немам време да мислам на тебе, во една насмевка барање причина да продолжам понатаму и заборавам се', да се издигнам од дното на кое паднав со тебе, да учам како без тебе... се плашам дека ќе се појавиш пак.. токму сега..и ќе ми уништиш се', целиот мој труд да те избришам од животот.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
До ден денес мислев дека ќе се сеќаваш на нас. Мала тронка на надеж дека повторно ќе бидеме заедно од секогаш живеела во мене.
Се промени премногу, а чувствата ти се изгубија... единствено ми остана да те сакам бесчујно,засекогаш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom