Chernobyl

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
очаен воден, за пре-добра мини-серија.

Станува збор за мини серија од продукцијата на HBO во која се прикажуваат настани пред и после нуклеарната катастрофа во Hуклеарната Централа во Чернобил која го носи името на В.И.Ленин. Настаните во серијата се автентични, каде делови од настаните се објаснуваат детално по минути како и костимографијата, и околината која според руските критичари била автентична согласно предиодот во кој се случува 26 април 1986 година.
Несреќата се случува при рутинска тест контрола во ноќната смена на вработение кои симулираат сутација на опасност, при што доаѓа до целосно загревање на јадрото во реакторот со број 4 кое експлодира, во кое настанува голем пожар. По неколку минути поради ладење со вода ( катастрофална грешка на вработените) на веќе разнесеното јадро настанува втора поголема и појака експлозија која го создава канцерогениот облак кој патува кон територијата на централна Украина како и на север кон Белорусија. Мини серијава содржи 5 епизоди од кои до сега се излезени 2 кои се крајно шокантни и потресувачки, според она што е изнесено и како се одвивале настаните. Јавно од СССР никогаш не биле соопштени официјални бројки за починати лица кои директно или индиректно помагале да се спречи поголема трагедија (била спречена експлозија во останатите 3 реактори), се шпекулира за некоја си бројка од 4000 починати од радијација во првите 3 недели, и за огромна бројка на заболени од канцер (75.000 во Украина и 75.000 во Белорусија). Најголемата нуклеарна катастрофа и ден денес зема данок за човечките грешки, а да се надеваме дека некогаш ќе видиме и мини серија за случувањата во Нуклеарната Централа во фукушима, која во 2011 стана втора најголема нуклеарна катастрофа со која се судрило човештвото.
Да не се откриваат повеќе спојлери, седнете гледајте, оцена од мене има 10/10
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.352
Најинтересно ми е колку добро е разработено функционирањето на бирократијата и државниот апарат во источниот блок. Убаво доловени се моментот со избегавање одговорност, лактањето, мешетарењето и на крај неефикасноста како резултат.
Дури и ме потсеќа на едно место. :icon_lol:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Само што е изразена и ефикасната страна која за жал се губи во сите овие минуси кои ги наброја ти. Обучени пожарникари, полиција, доктори, спремно сценарио, види евакуацијата како ја спроведоа, за неколку саати евакуирани 50,000 луѓе.

Замисли кај нас вакво нешто, ти доаѓа полицаец со мев, нервозен, го бутнале Цволе на сингл, ти се дере да влезеш у бус и те влече за јакна. :Д

Бруханов, тоа игнорантното директор4е ти е copy paste наш транзициски директор
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Само што е изразена и ефикасната страна која за жал се губи во сите овие минуси кои ги наброја ти. Обучени пожарникари, полиција, доктори, спремно сценарио, види евакуацијата како ја спроведоа, за неколку саати евакуирани 50,000 луѓе.

Замисли кај нас вакво нешто, ти доаѓа полицаец со мев, нервозен, го бутнале Цволе на сингл, ти се дере да влезеш у бус и те влече за јакна. :Д

Бруханов, тоа игнорантното директор4е ти е copy paste наш транзициски директор
Жителите на Припјат почнале да ги евакуираат на 27 април а евакуацијата траела до 28 ми во кој се извлечени скоро 50.000к жители. Моментот кога си играат со радиаоактивна пепел која паѓа врз нив ... тоа е тоа. Едноставно како момент да си го замислиш е трескање од земја а не пак тек да го доживееш ако го знаеш крајниот резултат. Целата трагедија има 3ца херои кои го спасиле човештвото, и Европа од катастрофа ... 3-цата момци на кои им се гасат рачните ламби од превисокото ниво на радијација (на крајот од 2-та епизода), кои ги спасуваат другите 3 реактори од експлозија.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Жителите на Припјат почнале да ги евакуираат на 27 април а евакуацијата траела до 28 ми во кој се извлечени скоро 50.000к жители. Моментот кога си играат со радиаоактивна пепел која паѓа врз нив ... тоа е тоа. Едноставно како момент да си го замислиш е трескање од земја а не пак тек да го доживееш ако го знаеш крајниот резултат. Целата трагедија има 3ца херои кои го спасиле човештвото, и Европа од катастрофа ... 3-цата момци на кои им се гасат рачните ламби од превисокото ниво на радијација (на крајот од 2-та епизода), кои ги спасуваат другите 3 реактори од експлозија.
Тројцата си живееле до пред некоја година, моментот со сијалиците е театралност која гледам дека не им смета на Гот хејтерите :)
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Тројцата си живееле до пред некоја година, моментот со сијалиците е театралност која гледам дека не им смета на Гот хејтерите :)
дали при енормно висока радијација би работел било каков електричен уред ? има многу тврдења дека тројцата се починати но има и тврдења дека останале живи па дури и одликувани со медали за храброст .. дискутабилно за некој кој гасел пумпи а над него горел радиоактивен материјал ... нивото на радијација било смртоносно, така да дали некој од нив преживеал е дискутабилно со оглед на тоа дека СССР пробувале да ја прикријат нивната неспособност.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
дали при енормно висока радијација би работел било каков електричен уред ? има многу тврдења дека тројцата се починати но има и тврдења дека останале живи па дури и одликувани со медали за храброст .. дискутабилно за некој кој гасел пумпи а над него горел радиоактивен материјал ... нивото на радијација било смртоносно, така да дали некој од нив преживеал е дискутабилно со оглед на тоа дека СССР пробувале да ја прикријат нивната неспособност.
Умреле двајцата во 2015, едниот од нив во 2005 поради срцеви проблеми.

Логично е да умреле веднаш но има исклучоци. Игор Костин, фотографот кој прелетал уште утрото над реакторот, умрел лани во сообраќајка.

Највероватно тоа се случаи со некои абнормалности на тироидната жлезда па цезиумот не се врзува со Т3 и Т4 како што се врзува кај нормален организам па последиците се послаби.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom