Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.405
Ова треба ОПОЗИЦИЈАТА да го прати во Стразбург...НЕ Е НЕОВЛАСТЕНО СНИМАЊЕ... такси е јавен превоз и ТРЕБА да снима и видео и АУДИО...
Може да биде само НЕОВЛАСТЕНО објавување во МЕДИУМИ !!!
Ама тогаш ОЈО да се позанимава со КОМПЛЕТ СДСМ и ЗАЕВ, кој ОБЈАВИЈА 100-ци аудио снимки БЕЗ одобрение во Медиумите !!!
Да во право си.
Само што тоа е партија, а ова индивидуа.
Плус тоа беше за премиерот, министри и сите останати, а ова е само за Павле.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Наредна фаза од платформата и реализацијата на проектот на Заев е да ги помилува, односно ослободи осудените од Диво Насеље. Позади приказната за помирување и соживот (односно дел од барањата на ДУИ), како компензација ќе ги ослободи и оние од 27 април и ќе заврши шоуто кое ви го приреди Зоч. Да не заборавиме, проектот Диво Насеље е во режија на странски фактор, а со логистичка подршка од СДС за негова реализација .... другото што се случи после тоа го знаете и самите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Да во право си.
Само што тоа е партија, а ова индивидуа.
Плус тоа беше за премиерот, министри и сите останати, а ова е само за Павле.
Секретарот на ГРОМ поднесе граѓанска ТУЖБА за ОБЈАВУВАЊЕ на приватен разговор... Кумановскиот Суд ја ОТФРЛИ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
По закон МЕДИУМ смее да објави полно име на лице и други работи ( разговори, снимки итн) БЕЗ негова согласност , само ако се работи за Јавен Настан или ако има Правосилна Пресуда, тогаш всушност Медиумот пренесува званични објави на Судот...
А ова сега со Таксистот не е неовластено снимање...
Неовластено снимање е снимање од сигналот на телефон или да ти влезам во твојот дом и да поставам уреди..
 
Затоа ти реков, во право си.
Меѓутоа тие бомби беа каде-каде повеќе битни отколку ова на Павле што си нарачувал бело.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Наредна фаза од платформата и реализацијата на проектот на Заев е да ги помилува, односно ослободи осудените од Диво Насеље. Позади приказната за помирување и соживот (односно дел од барањата на ДУИ), како компензација ќе ги ослободи и оние од 27 април и ќе заврши шоуто кое ви го приреди Зоч. Да не заборавиме, проектот Диво Насеље е во режија на странски фактор, а со логистичка подршка од СДС за негова реализација .... другото што се случи после тоа го знаете и самите.
Најголема грешка е што имаше живи учесници оставено од групата од Диво Насеље, ич не е битно кој стоел позади нив. Во тие услови на мини војна нема шанси 100% сигурно да докаже некој дали пружале отпор или се ликвидирани, едноставно ќе си ги раздолжеа колегите кои им загинаа и немаше да гледаме вакви глупости. Исто важи за за сите учки на чело со Командант Форина, требаше да им се даде да си изберат по еден обдукциски наод на загинатите од Вејце и да завршат така, па финито ла музика.
Требаше да се крени цела држава на нозе кога учкарот го поставија за министер, ама тогаш вмраната...упс мислев патриотите искрени беа на власт и цицаа, па се им беше полно рамно. Ако не ги сечеш во корен ваквите работи нема назад.
После тоа може да се прави муабет за соживот со луѓе кои немаат врска со учк и слични структури.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Затоа ти реков, во право си.
Меѓутоа тие бомби беа каде-каде повеќе битни отколку ова на Павле што си нарачувал бело.
не мислам на тоа, беа објавувани и разговори каде што немаше никакви сомнителни работи, па секретарот на Гром за такви разговори и тужеше... а имаше и објава на приватен разговор меѓу Аљи и некој обичен болен човек, исто така и објава на разговор на еден службеник или градоначелник во некое градче а исто во врска со неговата болест, па тој и изврши самоубиство, ама никој не одговараше за објави, ниту соросоидните медиуми нити тој што им ги дал снимките.
Единствено беше уапсен Буревесник , бидејки тој го уценувал, барал пари од синот на Минчев, па мислам има постапка уште за тоа...
Пази сега :
https://kajgana.com/krivichna-za-maloletnik-od-berovsko-poradi-prikazhuvanje-pornografski-materijal
Дури и доброволно дадена снимка од некое лице не смее да се шири без негова дозвола, но тоа е кривично дело само ако има изнуда или жртвата е малолетник, во спротивно само граѓанска тужба оди...
Значи ОЈО нема што да се вплеткува, Павле не е уценет ниту е малолетен... а има право да тужи граѓански, исто како што тужеше и секретарот на Гром ( ама судот отфрли)
А пази сега македонски Правен Дебилизам, Заев на судот го бранеше објавувањето на снимките во медиуми со тоа што Така Решило највисокото раководство на СДСМ :facepalm:
Катастрофа е што Тоа го прифатил Судот:mad:
После нема никогаш да влеземе во ЕУ, па НЕМА
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Најголема грешка е што имаше живи учесници оставено од групата од Диво Насеље, ич не е битно кој стоел позади нив. Во тие услови на мини војна нема шанси 100% сигурно да докаже некој дали пружале отпор или се ликвидирани, едноставно ќе си ги раздолжеа колегите кои им загинаа и немаше да гледаме вакви глупости. Исто важи за за сите учки на чело со Командант Форина, требаше да им се даде да си изберат по еден обдукциски наод на загинатите од Вејце и да завршат така, па финито ла музика.
Требаше да се крени цела држава на нозе кога учкарот го поставија за министер, ама тогаш вмраната...упс мислев патриотите искрени беа на власт и цицаа, па се им беше полно рамно. Ако не ги сечеш во корен ваквите работи нема назад.
После тоа може да се прави муабет за соживот со луѓе кои немаат врска со учк и слични структури.
Баш напротив, тука извршителот не е битен, туку нарачателот и оној кој давал логистика, зашто тие се оние кои имаат друга крајна цел. Во случајов знаеме кој дава логистика и со која цел, а резултатите ги гледаме денес. Зборуваш за кревање на нозе, а денес и дома да ти дојдат да ти се населат нема да гукнеш пошто такви се Македонците, без карактерни особини, односно едноклеточни организми на кои битно им е да отидат на одмор у грчка, да купат ајфон, да возат бесна кола, и да имаат вечер за у град. Нација без идентитет, аморфна маса на збир луѓе кои своето постоење го гледаат за моментот, а не за она што ќе им донесе иднината.
 
Последно уредено:

Тие исти извршители имаат кариери во криминал и паравоени дејствија, што мислиш со што ќе се бават откако ќе бидат по кој знае кој пат ослободени?

Организаторот е сосема друга приказна.Тек пак околностите.

Инаку не со согласувам со тоа шо си пишал затоа што ни за тоа не не бива. Таљат ти е најсоодветен пример, кога го поставија министер за одбрана вмраната го бранеше од петни жили неговиот избор со какви не изговори(странците притискаат, клингонците ќе не окупираат итн), за на крај по некоја година тие graxani heroi шо најжестоко го напаѓаа неговиот избор за министер за одбрана, не само да го бранат туку и активно да го поддржуваат неговиот избор за претседател на собрањето, збирштината да речам.

ДУИ т.е ballistet per integrim ти се чисто милитанто-криминална структура, не се и никогаш нема да бидат политичка партија. Откако постојат и се дел од власта, а тоа е горе долу исто, едно единствено позитивно нешто немаат направено за Македонија, кој било ресор, агенција, претпријатије го зеле под нивна капа е направено р`шум буквално. За посериозни позитивни чекори не може ниту да стане збор.

Од друга страна сеа со хајката против Пајо бојаџијата имаш типично чистење на се она шо на некој начин го нарушува удбашкиот еквилибриум на Курто и Мурто. Татиниот асистент кој со даскалска плата станал газда на хидроцентрали, исто како шо стана асистент му дадоа и партија и си одработи начисто, прв круг наштимани резултати да не се демотивираат симпатизерите и членовите па да бојкотираат во втор круг, пошто само натпросечно глуп или рационално слеп би отишол да гласа после кланица, и еве еден цензус. На второ манџурискиот кандидат. Оп нема повеќе прашања за Хидрожмицко и компанија од каде, шо како...
Згора на тоа изговор имаат дека имале реални шанси па затоа повикале на гласање, и нормално тие шо бојкотирале се криви.Не го ситни отпорот велеа тие од другата страна на паричката во едни слични, не така дамнешни околности.

Сума сумарум, мапет шоуто - Северна Маќедоња издание продолжува...и тоа во сценарио и режија на ист центар.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сниман е од таксист....а дали е кокаин или лесно е за проверка. Како што кажува и Тортески нека си се пријави за тест...па да видиме после

На мој другар што му фатија еден џоинт....па го јадеше стапот. И да е масло од канабис, се знае каде се купува-апотека. Овде е недозволено тргување и тоа е кривично дело
И за ова гојдово....незнам кој не му се сити оти се лизна ваква финта. од ароганцијата си пати абдалот
Настрана од случајов, сум слушал како зборуваат дека легалните масла од канабис в аптека биле со многу мала концентрација, па затоа многу луѓе (со мака) набавуваат на „црно“.[DOUBLEPOST=1558004928][/DOUBLEPOST]

:pos::pos::pos:

Леле леле и другите коментари, некако ги снема убавите луѓенца, а се накотија штабски ретарди. Па уште им лајкнува гревчето.
Саше Ивановски е најнеписменото суштество што се појавува во јавноста. Човечето е на толку ниско интелектуално, образовно, воспитно, еволуциско... ниво, што кога читаш нешто негово се доведуваш во ситуација „да се срамиш место него“. Толку незнаење, толку неукост... ретко се сретнува. Башка другото.[DOUBLEPOST=1558005086][/DOUBLEPOST]
А не видов пријава за снимањето на „бумбите“. Односно, имаше за Верушески, ама Катица Шестица се откажа од гонење, а нелегално го презеде, ненадлежна.[DOUBLEPOST=1558005616][/DOUBLEPOST]
Сите говорат за "метлата" во СДСМ, тоа е сега најактуелно, а зошто никој не говори до каде се реформите и демократизацијата на најголемата опозициска партија ДПМНЕ ... после падот на Груевски од власт како и после повлекувањето на Груевски од лидерската позиција во оваа партија новиот лидер Мицкоски и новото раководство Јанушев, Николоски и др. ај што веќе две години воопшто не ја реформираа и не ја демократизираа партијата туку напротив уште повеќе ја зајакнаа внатрепартиската недемократија, диктатура и деспотизам уште повеќе и од времето на самиот Грујо ... ги изгонија и набркаа фракционерите, реформистите и сите оние кои мислат спротивно од Жмицко под изговор дека биле слуги на Заев, Сорос и Бејли, ги избркаа/исклучија од партијата и оние пратеници кои гласаа за Преспанскиот договор во собранието, а најново е тоа што ДПМНЕ за изборниот пораз на претседателските избори пролетва ги обвинува бојкотирачите, реформистите и фракционерите кои наместо да ја поддржале баба Гога тие си седеле дома и бојкотирале што јасно кажува за внатрепартискиот крах, раслојување и несогласувања !
На ДПМНЕ им се удри во глава како бумеранг она масовно бојкотирање што го видовме на 30ти септември минатата година, па така добар дел од тие што бојкотираа на 30ти септември лани референдум сега ги бојкотираа и избориве, инаку реално оваа партија би требало да има многу повеќе добиени гласови, но кој им е крив кога они први си ја произведоа и употребија таа нивна смешна и безполезна бојкотирачка доктрина !
ВМРО ДПМНЕ е партија и организацијата и политиката на партијата не е работа на институциите, секако, сем ако не прават нешто незаконско. Власта (институциите и функционерите) се оние кои се на „тапет“. Можеби за тебе работите се онакви какви што си ги напишал за партијата, ама други може имаат друго мислење, но пак, тоа се внатрепартиски „рабоќе“.
Не се битни тие, битни се оние кои влијаат на државата, т.е. власта. Дали баба Гога или дедо Стево некој го (не)поддржува, тоа се лични работи. И да дојде до крах, пак е тоа нивна работа, партиска. Претседателот и раководството ја водат партијата по своја замисла, ако не е успешен, ќе дојде друг, ама тоа е пак.. нивна работа.[DOUBLEPOST=1558005716][/DOUBLEPOST]
Одлично кажано. Овој конкретниов има потекло од виенскиот дворец, од благородничка лоза. Ех, со кого си имаме работа. Со луѓе од 15 век.[DOUBLEPOST=1558005845][/DOUBLEPOST]
Соберете ја Катица де. Како кадровско засилување. Што е поразлична од Гордана?
:tapp:[DOUBLEPOST=1558005995][/DOUBLEPOST]
Нели разбраа дека поради вакви работи му падна режимот на вмро. Нели сфаќаат дека со секој ваков потег омразата кај народот експоненцијално се зголемува и дека наредните две години ќе му бидат последни. ЦЦЦ
Режимот падна заради промена на името. Какви активисти, какви шарени, какви „бакрачи“. Режимот освои најмногу поддршка на изборите, но на ДУИ им се забрани коалицирање со Грујо, иако пред тоа Али бараше победник со победник.. и така се направи нова власт. Значи... некој го менаџираше тоа од (по)надвор, некој 1000000000 пати помоќен од нас.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.405
Шо не се пофалите за циркусот у суд денеска бе, за мочањето шо им се прае на смешкава од држава шо ја иаме а не треба да постои.
Не го признавале судот. :D
Многу време изглеа поминале гледајќи го Чаушеску.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Режимот падна заради промена на името. Какви активисти, какви шарени, какви „бакрачи“. Режимот освои најмногу поддршка на изборите, но на ДУИ им се забрани коалицирање со Грујо, иако пред тоа Али бараше победник со победник.. и така се направи нова власт. Значи... некој го менаџираше тоа од (по)надвор, некој 1000000000 пати помоќен од нас.
па нормално режимот ќе освои најмногу гласови кога е режим. во северна кореја 100% гласови добива режимот.
претходните беа режим нема што тука дискусија, но овие сега се разуздана банда. не знаат кај тераат. кога ќе им дојде наредба од страна извршуваат, а остатокот од времетот се е на алкохол и дрога.
две години се на власт, а ништо ама баш ништо не направија. ни знаат ни пак сакаат.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не го признавале судот. :D
Многу време изглеа поминале гледајќи го Чаушеску.
И Зоки Заев не го признаваше судот. 100 пати одложуваше рочишта, со смешни изговори. Кога стана власт отиде 2-3 пати и експресно го ослободија.
Ако Грујо изјавеше дека не го признава, со специјалци ќе го апсеа...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.666
Тие исти извршители имаат кариери во криминал и паравоени дејствија, што мислиш со што ќе се бават откако ќе бидат по кој знае кој пат ослободени?

Организаторот е сосема друга приказна.Тек пак околностите.

Инаку не со согласувам со тоа шо си пишал затоа што ни за тоа не не бива. Таљат ти е најсоодветен пример, кога го поставија министер за одбрана вмраната го бранеше од петни жили неговиот избор со какви не изговори(странците притискаат, клингонците ќе не окупираат итн), за на крај по некоја година тие graxani heroi шо најжестоко го напаѓаа неговиот избор за министер за одбрана, не само да го бранат туку и активно да го поддржуваат неговиот избор за претседател на собрањето, збирштината да речам.

ДУИ т.е ballistet per integrim ти се чисто милитанто-криминална структура, не се и никогаш нема да бидат политичка партија. Откако постојат и се дел од власта, а тоа е горе долу исто, едно единствено позитивно нешто немаат направено за Македонија, кој било ресор, агенција, претпријатије го зеле под нивна капа е направено р`шум буквално. За посериозни позитивни чекори не може ниту да стане збор.

Од друга страна сеа со хајката против Пајо бојаџијата имаш типично чистење на се она шо на некој начин го нарушува удбашкиот еквилибриум на Курто и Мурто. Татиниот асистент кој со даскалска плата станал газда на хидроцентрали, исто како шо стана асистент му дадоа и партија и си одработи начисто, прв круг наштимани резултати да не се демотивираат симпатизерите и членовите па да бојкотираат во втор круг, пошто само натпросечно глуп или рационално слеп би отишол да гласа после кланица, и еве еден цензус. На второ манџурискиот кандидат. Оп нема повеќе прашања за Хидрожмицко и компанија од каде, шо како...
Згора на тоа изговор имаат дека имале реални шанси па затоа повикале на гласање, и нормално тие шо бојкотирале се криви.Не го ситни отпорот велеа тие од другата страна на паричката во едни слични, не така дамнешни околности.

Сума сумарум, мапет шоуто - Северна Маќедоња издание продолжува...и тоа во сценарио и режија на ист центар.
Курто и Мурто се нашиот зачаран круг од кој еве 30 години неможеме да го пронајдеме излезот. Ги пробавме по неколку пати и Курто и Мурто и нема фајде. Каде го гледаш излезот од тој круг? Само немој да речеш ,,трета опција,, оти таква нема ниту пак некогаш ке има. И да се јави некоја друга партија таа само ке го смени едниот од Курто или Мутро. Еве јас излезот го гледам во отпочнување на преговори со ЕУ а со тоа и европски камшикар кој ке ја раководи државата независно од курто или мурто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom