Немам ништо против таков играч да се донесе, но висината ми е стварно проблематична, на секој корнер да имаш стрес. Иначе не знам дали читавте и за Ливерпул, Дејвид изјави дека имаат минимален буџет за трошење, а финалисти ЛШ и скоро шампиони во Англија. Разликата меѓу нив и нас е што тие знаат да извадат над-нормална сума на играчите што ги продаваат, а ние по бит-пазар цени ги даваме.
Ќе ви се убацам у муабет.
Наводно, ќе се купува само лев бек и офанзивен што може да покрие за сите тројца напред, нешто налик Ориги, односно замена за Морено и Стариџ, играчи на кои што им истекува договор (значи и нас ни одат играчи за ич пари, не дека не се случува тоа). Е сеа, лани не се збореше ни за ДМФ ни за голман па пак лупнавме луда сума за Фабињо и Алисон поготово. Мајкл Едвардс, ликот кој ја врши таа работа во клубот работи перфектно а и се чува во строгост секој потег на клубот, кога станува збор за играчи кои ги бараат, нешто што не е пример со многу други клубови а е екстремно битно.
Е сега, исто битна работа, Ливерпул и да не троши, има веќе изграден тим, Арсенал тек треба да се гради.