Не си озбилен ваљда за Перо?
Добар бил во последно време...што добро виде?
Цело време еден ист дриблинг, цело време еден ист центаршут и кога сака нешто ново да направи, се посерува до даске. Секој натпревар има најмалку 4-5 обиди од кои дали еден завршува близу голот. Единствена позитива е што трча како луд, па ваљда и е стартер цело време.
Дал неколку голови...ХА ХА ХА. Или е одбиена, или е мешаница невидена, ете како Перо дава голови.
Највеќе голови има постигнато против Киево, екипата која никогаш не била погоре од 10то место, а оваа година се грблиња невидени.
Многу бев против тоа да го продадат летово што измина, ама за жал моментално му е конкуренција на Кандрева и мора по секоја цена да се ослободиме од играчи како нив.
Нам ни требаат играчи како Политано. Пробивен, непредвидлив што може и да центрира, и да шутира. Малце повеќе избор во напад ако на единствениот напаѓач не му е денот. За жал Перо со неговата лева е далеку од Политано.
За Гаљардини се сложувам апсолутно.
Јас бев негов најголем хејтер (а и на Дамброзио). Ама кога ќе го видам Валеро, сфаќам дека Шумуликоски бил играчиште за ова кељавицава шпанска џуџеста.
Па уште земал трча во петерец на корнер демек ќе давал гол со глава.
Како и да е, ако нема ремонт, ќе има уште една сезона губење нерви, ако не купиме квалитет во средина и уште еден напаѓач (за тренер не муабетам, тоа е нешто што МОРА да се промени) ќе се бориме пак за ЛШ со Милан, Рома, Аталанта и Лацио.
На страна од индивидуалните анализи, кои се вашите очекувања за следна сезона?
Што според вас би била успешна сезона?
Јас сум реален, никогаш преоптимистичен и доколку не купиме ѕвезди очекувам барем малце да сме подобри од оваа сезона со тоа што ќе поминеме групи ЛШ и во Серија А барем ќе се бориме за титула. Куп мора да се земе, колку да кренеме некој пехар да почнат да се осеќаат шампионски. За мене се останато е неуспех како и оваа сезона.