Ги земав и почнав да ги пијам Креонов ама морав да ги прекинам после само 3-4 дена
„panreatin“ (lipaza+amilaza+proteaza во различен сооднос) се препишува при пореметување на егзокрина функција на панкреасот и тоа при хроничен панкраетитис, опструкција на на главниот панкреасов канал или жолчниот канал, Schwachman-Diamond синдром и при истична фиброза истиот го прешува ДОКТОР ОД ТЕРЦИЈАЛНА здраствена заштитна и тоа педијатар, пулмолог и гастроентеролог НЕ матичен лекар, НЕ преопрака од социјални мрежи!
... тие доктори од терцијална здравствена заштита дури не го препишуваат од искуство туку со ДОКАЖАН СООДВЕТЕН ДИЈАГНОСТИЧКИ ТЕСТ, квалитативен или квантитативен или соодветни методи на морфолошка визуелизација!
прашање? дали кај тебе е докажано недостаток на ензимот панкреатин, па ти да го внесуваш по „вештачки“ пат како Креон гастрорезистентна капсула што во цревата ги ослободува липоидниот ензим за мастите, амилотичниот ензим за јагленохидрати и протеолитичниот ензим за „обработка“ на протеините ?
... ај вака, што ако имаш нормално лачење на ензимот панкреатин и ти додаваш дополнително капсули свински ензим панкреатин - Креон, и ТИЕ ВИСОКИ ДОЗИ НА ПАНКРЕАТИН во организмот доведува до хиперурикозурија (покачена мокрачна киселина во урина) и хиперурикемија (покачена мокрачна киселина во крвта) и тогаш треба да се внесе големи количини на вода да се спречи тоа т.е. треба силна рехидратација?
...дали знаеш дека има несакано дејство кај пациенти што имаат докажано дефицит на ензимот панкреатин на кои им треба панкреатин за „обработка“ на храна, што ако кај тебе се лачи нормално ензимот и ти дополнително додаваш вештачки ензим панкреатин тогаш несаканите дејства нема да бидат два пати посилни изразени? и уште нешто, дали знаеш дека треба да бидеш постојано под мониторинг од тој доктор од терцијално здравство што ти го препорачал ензимот т.е. лекот?
...дали знаеш дека постојат различни комбинации на панкреатинот соодносот на липаза,амилаза и протеаза што зависи од телесната тежина и од возраста на пациентот ако веќе се препорачува лекот кои во цревата ги ослободува липоидниот ензим за мастите, амилотичниот ензим за јагленохидрати и протеолитичниот ензим за протеините!
Егзокринската панкреатична инсуфициенција е многу честа кај дијабетес мелитус, но не само од органска природа туку и од функционална пример ентеропатија осетлива на глутен, Кронова болест со изразена илеална зафатеност како основна причина, а последица панкреатична исуфициенција?
(мој совет)
... внимателно и со резерва мешање на сите лекови под препоставка, ако немаш точно доказ и ако веќе се реши да пробаш ензимите може да се дадат во текот на околу 14 дена, ако не се забележи одржливо подобрување на симптомите, многу е веројатно дека проблемот не е егзокрина инсуфициенција и ензимите на панкреасот не треба да се препишуваат понатаму![DOUBLEPOST=1557865272][/DOUBLEPOST]
Колоспа Р и тие морав да ги прекинам исто после 3-4 дена зошто а се напијам вода се повеќе и повеќе со секој ден грчевите се појаки беа.
„mebeverine“ преставува спазмолитик кој се дава како симптоматска терапија при синдром на иритабилни црева и исто како „pancreatin“ ензим при земање треба да се внесе најмалку една чаша вода, а двата лека се земаат со јадење, е сега замисли внесуваш храна земаш лек и се полниш со најмалку чаша вода што мислиш добро е да се пие толку вода додека се јаде? што правиме со таа желудачна киселина што се ослободува првично во желудникот да ја „сомеле“ храната а ние ја разблажуваме со вода што ја испиваме во голема количина? и ете беља храната не се вари како треба, јетрата ќе реагира што не се вари ова бре како треба лачи повеќе жолчни киселини и дополнително дава сигнали на жолчка ајдеее ти пушти од тоа резервоарот жолчни киселини треба ова добро да се свари несфареното од желудник, и така веќе ние го надразнивме почетниот дел од дигестивниот тракт и храната кога се префрлува во цревата ете ти бран од ензими од панкреасот ...и ете ти хаос ин Лаос во твојот гастроинтестинален тракт, гасови, надуеност, раздразливост, нервозни црева... едно поправаш десет расипуваш ...прекинуваш со лековите и не пиеш толку вода со нив за време на јадење желудачната киселина си седи концентрирана како што треба да си биде и си ја врши својата улога на првично „обработка“ на храната
... а тоа дополнителното „pantoprazol“ тоа уште дополнително на инхибира желудачната киселина ...па сега размисли, многу вода, pantoprazol, во моментот храна малку желудачна киселина и све се поремети!
...телото не сака повеќе, но тоа не сака ни помалку...тоа е здраво само во „ златна средина“ кога ќе ја достигнеш средината тогаш немаш проблеми, сето што иде во активирање повеќе или инхибирање помалку ќе ги имаш тие дигестивни проблеми,сам треба да се средиш секој за себе е посебна индивидуа!... пребиотици и пробиотици имаат поголема улога во цревната флора зашто не идеш во тој правец?