Сакам да студирам Архитектура

Член од
29 ноември 2018
Мислења
15
Поени од реакции
44
Сакам да студирам архитектура, 4та година сум математичко гимназија добар сум во цртанје, геометрија креативен сум, мислам дека имам некој талент :unsure:ама ме плаши тоа дали ке успеам да се запишам затоа што успехот 3те години просек ми е 3,90 ... Колку многу ќе треба да се посветам на приемниот колку бодови треба да земам за да имам шанса за упис?
Што да земам за матура..?Многу ми е потребен одговор, па затоа ве молам, студенти на архитектура, за помош!
Да не те обесхрабрувам, ама гледај колку можеш годинава да пројдеш со посолиден успех, за да се крене просекот уште малку. За секој случај, секој поен плус е добредојден.

Не мора да значи дека шансите да влезеш се мали, тоа никој не може да знае додека не се види колкав ќе биде интересот и каква ќе биде конкуренцијата кога ќе аплицирате новите бруцоши.
Во секој случај ќе ти треба вежбање и доста труд, да извлечеш колку можеш повеќе од приемниот.
Пробај си ја среќата, имаш време до наредното пилот-тестирање во јуни.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
66
Поени од реакции
26
Здраво, многу сакам да студирам Архитектура и имам преголема желба ми оди цртањето од рака и тие работи. Но многу ми е битно ако може некој да ми одговори каков е факултетот во Скопје, дали се исплаќа да се оди затоа што првично не сум од Скопје и ми треба многу за смештај и тие работи но да се вратам на главното, прашањето ми беше дали професорите што предаваат стварно предаваат, дали може да се научи нешто на факултетов (разбирам дека многу зависи од студентот), со голема желба и воља за учење и работа нормално. Ако може некој искусен да ми објасни како функционира факултетов подетално и дали е добро да се оди..
Ви благодарам однапред. :)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
48
Поени од реакции
30

Ако некаде се предава тоа е на Архитектура. Не е систем не одиш на предавања туку мора да си редовен. Искрено ко во средно. Се учи многу ама ако си тип на човек кој ќе се истакне, иначе тури пепел. И ако имаш семеен бизнис се исплати исто. Еве ме после 3 и кусур години не сум работела архитектура и искрено на друга страна ми оди паметот па мислам дека веќе и не можам да се вратам у игра. Не е бајно како што се мисли, просек плата ти е 18 000ден.
 
Член од
13 јуни 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, прикрај сум веќе со државна матура завршувам градежно геодетска струка. Како градежен техничар и имам желба да се запишам на архитектонски факултет, просекот од 4 годишното образование сум добар (две години со 4.00 и последните 2 години со 4.60). Со цртањето немам проблем , математиката исто ми иде. Прашав професори, и многу негативни мислења добив дека е тешко дека премногу финансии итн. Сакам да прашам некој искусен/а кој веќе учи и си го знае редот во факултетот. Да ми каже ред, колку чини семестар и во државна и приватна квота, и кога започнуваат уписите. И слушнав дека има некој пред тестови кој од тие ќе се види знаењето на студентот дали ќе биде способен да учи во тој факултет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom