На денешен ден!

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1422. Умре францускиот крал Шарл ВИ, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но од 1432 година поради неколкуте напади на лудило го добил прекарот „Лудиот Шарл“. Ја предизвикал граѓанската војна во француските покраини Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри И, во 1415 година им нанеле голем пораз на француските трупи во битката кај Азенкур.
1556 Во Венеција умре Пиетро Аретино, италијански комедиограф, поет, сатиричар и мамфлетист. Познати се неговите комедии „Дворски работи“ и „Дворски маршал“. Роден е во Арецо, во 1492 година.
1760 Роден е јапонскиот сликар Кацушика Хокусај, главен претставник на релаизмот во јапонското сликарство. Сликал сцени од секојдневниот живот и предели, вклучувајќи го и познатиот циклус „Триесет погледи на Фуџијама“.
1772 Роден е англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски книжевни критичари и роматничарски писатели. Под влијание на германската идеалистичка филозофија, застапувал спиритуално и религиозно толкување на животот, наспроти англиската емпиристичка филозофија. Дела: „Кристобела“, „Лирски балади“, „Предавања“.
1790 Роден е францускиот писател и политичар Алфонс де Ламартин, чија поезија е обоена со песимистичко и религиозно расположение. Во политиката, застапувајќи слободарски идеи, бил активен од 1834 година до државниот удар на Наполеон ИИИ во 1851 година. Бил член на привремената влада и министер за надворешни работи на Франција. Притиснат од политичкиот живот по државниот удар, се повлекол од јавниот живот и се посветил на пишувањето песни. Со голема слава се стекна со неговата прва збирка на песни „Песнички медитации“. Останати дела: „Песничка и религиозна хармонија“, „Жослен“, „Падот на еден ангел“, „Патот кон исток“.
1805 Британската флота на адмиралот Хорејс Нелсон на излезот од шпанското пристаниште Кадис кај Трафалгар, во битката на тогаш најсилната поморска армада, ја победи француско-шпанската флота со која командуваше францускиот адмирал Пјер Силвестер де Вилнев. Во битката Французите изгубија 20 бродови, а Англичаните ниту еден. Победата на Анлија и овозможи превласт врз морињата за целиот нареден век, но Нелсон беше смртно ранет и истиот ден умре.
1833 Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година.
1912 Во Унгарија е роден Џорџ Шолти, американски диригент, од унгарско потекло. Се смета за еден од најголемите диригенти во светот во 20. век. Умре на 5 септември 1997 година.
1917 Роден е американскиот трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот на Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи , еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на таканречената би-бап музика.
1938 Јапонските окупациони трупи по неколку месеци бомбардирање го зазедоа кинескиот град Кантон.
1941 Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1943 Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година е отркиена спомен-плоча.
1944 Американските трупи го зазедоа Ахен, прв поголем германски град кој во Втората светска војна падна во рацете на сојузниците.
1949 Роден е израелскиот политичар Бењамин Нетањаху, прв премиер на Израел избран на општи избори. На изборите во 1996 година како кандидат на десничарксата Ликуда го победи дотогашниот шеф на владата, лабуристот Шимон Перез. Три години подоцна беше поразен од Перезовиот наследник Ехуд Барак.
1990 Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“.
1990 Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“.
1996 Брдо од јаглена прашина близу рудникот во селото Аберфан во Велс се сруши врз школо при што усмрти 116 ученици и 28 возрасни лица.
1969 Умре американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак, најпознат романсиер во британското движење на американските книжевници во педесеттите години од 20. век. Најчести теми во неговите романи се сексот, дрогата, мистицизмот, брзината... Дела: „На патот“, „Доктор Сакс“, „Маги Касиди“, „Ангелите пустошат“, „Сатира во Париз“, „Мексико Сити блуз“, „Химна - Господе моли се за мене“, „Расфрлени песни“, „Осамениот песник“, „Светите книги на златната вечност“.
1969 Вили Брант ја формираше коалиционата влада на социјалдемократите и либералите и стана прв социјалдемократски канцелар на Западна Германија. Водеше политика на попустливост во светот, посебно во односите со источноевропските држави, а неговата „источна политика“ придонесе за стабилизација во Европа.
1984 Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист.
1984 Во Париз умре Пјер Каст, еден од основачите на францускиот нов бран во филмот, режисер и писател. Роден е во Париз, на 22 декември 1920 година.
1990 Водачот на либанската Национална либерална партија Дени Шамун, еден од лидерите на христијанската заедница во Либан, во Бејрут заедно со повеќе членови од неговата фамилија, убија ислмаски терористи.
1994 САД и Северна Кореја потпишаа договор според кој Пјонгјанг ќе ја замрзне а потоа напушти нуклерната програма.
1995 По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1995 Во Дејтон, САД, е потпишан мировен договор за Босна и Херцеговина.
1997 Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
1999 Повеќе од 110 луѓе загинаа во ракетниот напад на чеченските исламски терористи на пазар во Грозни, главниот град на руската република Чеченија.
2000 Умре Александар Ацо Ивановски - Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година.
2002 Најмалку 14 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Израел која ја активираа палестински исламски терористи.
2002 Врховниот суд на САД го отфрли барањето за испитување на уставноста за погубување на луѓето кои имаат помалку од 18 години во моментот на извршувањето на кривичните дела за што им е изречена смртна казна.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1721 По две децении војување со Шведска, по што Русија излезе како нова сила на Балканот, Петар Велики се круниса за цар. Тој изврши многу важни реформи со кои Русија ја изведе од средновековната заостанатост.
1752 Умре Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфати и ги продлабочи придобивките на италијанскиот барок. Компонираше и ораториумим концети за чембело и црковна музика. Роден е на 2 мај 1659 година.
1797 Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употреби падобранот, скокајќи од балон над Париз со висина од 680 метри.
1811 Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе остави нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умре во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година.
1882 Умре унгарскиот писател Јанос Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, беше најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминираше во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен.
1844 Родена е француската глумица Анријета Розина Бернар, позната како Сара Бернар, која ја одбележа театарската епоха како најголема трагичарка во своето време. Уживаше исклучителна популарност и современиците ја нарекоа „божана Сара“. Нејзината слава не беше прекината дури ни кога во 1915 година и беше извршена ампутација на ногата, осум години пред нејзината смрт. Беше професор на Конзерваториумот во Париз. Ја напиша „Мемоари“.
1883 Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно беше отворено зданието „Метрополитен опера“.
1887 Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхронен мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупи фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажа на светската изложба во Чикаго во 1893 година.
1887 Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција.
1906 Умре Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работеше во духот на импресионизмот, а подоцна се откажа од аналитичкиот метод и правеше синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Изврши големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се : "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен-Виктоар", и други. Роден е на 19 јануари 1839 година.
1913 Роден е виетнамскиот цар Бао Дај, поселедниот монарх на Виетнам, кој како марионета „владееше“ со земјата под француска колонијална управа. По четири децении во бегство, умре во 1997 година во воената болница во Париз.
1917 Во Прилеп е роден Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, во Кичево, во Велес и во Сиудат Мексико. Автор е и на повеќе мозаици. Умре во Скопје, на 16 јуни 1993 година.
1927 Во Белград умре Борисав - Бора Станковиќ, српски писател, еден од најзначајните српски прозаисти од почетокот на 20. век. Најпознат е по делата „Нечиста крв“ (роман), по драмите „Ташана“ и „Коштана“, како и по расказите „Стари денови“. Роден е во Врање, на 31 март 1875 година.
1943 Родена е француската глумица Катрин Дорлек, позната како Катрин Денев. Во 1994 година беше именувана за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.
1953 Благодарејќи на борбата на ослободителната армија на Патет Лао, Лаос се стекна со независност од Франција под чија управа беше од 1893 година.
1962 Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер-сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.
1964 Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр ја одби Нобеловата награда за книжевност.
1973 Умре шпанскиот виолончелист од каталонско потекло Пабло Казалс, професор во Конзерваториумот во Барселона и Париз, кој од 1938 година како противник на диктаторскиот режим на Франциско Франко, живееше надвор од Шпанија. Настапуваше ширум светот пленејќи ја публиката со совршенство и топлина во интерпретацијата на композициите.
1973 Во Скопје умре Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7 октомври 1913 година.
1991 На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.
1995 Во Харлем, црнечко предградие на Њујорк, топло е поздравен кубанскиот водач Фидел Кастро, долгогодишен непријател на американската администрација, кој дојде во Њујорк по повод 50-годишнината од основањето на Обединетите нации.
1996 Во пожарот предизвикан од солзавец фрлен од полицијата во еден затвор во Венецуела загинаа повеќе од 25 затвореници.
1997 Најстарата македонска православна црква во Австралија, "Свети Ѓорѓи", во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на градежна фирма.
1999 Поранешниот герилски водач Ксанана Гусмао од затвор во Индонезија тримфално се врати во Источен Тимор, некогашна португалска колонија.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
1473. Роден е Никола Коперник, полски астроном, еден од најголемите астрономи на сите времиња во светот. Поаѓајќи од теоријата на грчките астрономи, кои сметаа дека Сонцето е центар на светот, а Земјата и другите планети кружат околу него, Коперник ја формулира теоријата на хелиоцентричниот систем и со тоа ги постави основите на модерната астрономија. Умре на 24 мај 1543 година.
1743 Роден е Луиџи Бочерини, италијански композитор и виолончелист. Особено е заслужен за развојот на камерната музика за која напиша голем број композиции. Умре во Мадрид, на 28 мај 1805 година.
1797 Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го потпиша Толентискиот договор со кој Болоња, Ромања и Ферара и припаднаа на Франција.
1800 Наполеон Бонапарта се прогласи за прв конзул на Франција.
1878 Со Санстефанскиот договор заврши Српско-турската војна. Договорот со кој Русија се обиде да ја создаде голема Бугарија на сметка на Србија е поништен на барање на останатите европски сили на Берлинскиот конгрес во јули 1878 година.
1895 Во Кукуш е родена Лика Чопова - Јуркова, истакнат македонски педагошки работник и публицист. Потекнува од револуционерните македонски семејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев, и татко Андон Чопов. Умре во Скопје, на 5 септември 1983 година.
1905 Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонија“. Излегуваше до јули 1906 година (објавени се 40 броеви). Целта на весникот беше да се запознае француската и воопшто европската јавност со положбата, настаните и судбината на Македонија. Главен и одговорен уредник беше францускиот новинар и публицист Жорж Голи.
1911 Роден е Никола Херцигоња, југословенски композитор и музиколог. Студираше композиција на Музичката академија во Загреб. Беше професор по историја на музиката и музикологијата на Музичката академија во Белград од 1950 до 1975 година. Автор е на повеќе од 300 музички дела со различен жанр - монументални музичко-сценски дела, сценски ораториум „Горски венец“, опера-балет „Ставете го умот на комедијата“, ораториумот „Јама“, „Слугата Јернеј и неговото право“ и многу песни. Публикуваше повеќе од 200 музиколошки публицистички трудови во дневни и периодични списанија и на радио.
1918 Во Русија со декрет на болшевиците е забранета приватна сопственост врз земјата, водата и природните богатства.
1921 Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1923 Во Љубљана умре Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најдобрите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Главни негови дела се „Мртви срца“, „Меѓу горите“, „Висошка хроника“, „Цвеќе на есен“ и други. Роден е во Пољане, кај Шкофја Лока, на 28 август 1851 година.
1924 Роден е американскиот филмски глумец Ли Марвин. Филмови: „Големата трка“, „Дванаесетмината жигосани“, „Човекот кој го уби Либерти Валанс“, „Кет Балу“ (Оскар), „Монти Валш“, „Убијци“.
1942 Јапонски авиони во првиот напад врз Австралија во Втората светска војна ги бомбардираа градот Дарвин и блиската воена база. Во нападот загинаа 243 Австралијанци, беа потопени осум бродови и уништени 23 авиони.
1945 Американсите сили во Втората светска војна се исфрлија на пацифистичкиот остров Иво Џим, а по крвавите борби од 22.000 Јапонци само 212 најтешко повредени се предадоа на 26 март истата година, додека Американциите имаа повеќе од 6.800 загинати војници.
1951 Во Париз умре Андре Жид, француски писател, романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтроверзна личност во 20. век. Меѓу познатите негови дела спаѓаат „Ковачи на лажни пари“, „Визбите на Ватикан“, „Пасторална симфонија“, „Пат во Конго“ и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Роден е во Париз, на 22 ноември 1869 година.
1952 Во Нерхолме умре Кнут Хамсун, норвешки писател, по Избен најпознат во светот. Негови најпознати дела се романите „Глад“, „Викторија“, „Мистерија“, „Пан“, и други. Во 1920 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во една фарма во централна Норвешка, на 4 август 1859 година.
1957 Во Виена е роден Јохан Холзек - Фалко, австриски поп и рап-изведувач. Загина во сообраќајна несреќа во Доминиканската Република, на 6 февруари 1998 година.
1959 Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1976 Исланд ги прекина дипломатските односи со Велика Британија по неуспешните преговори меѓу двете земји за правото на рибарење во спорните води.
1991 Борис Елцин побара оставка од претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов, тврдејки дека ги жртвува реформите за да ја зајакне личната власт.
1992 Во Јужна и Северна Кореја стапија на сила договорите за забрана на нуклеарното оружје на корејскиот полуостров.
1993 Покрај брегот на Хаити во луња потона ферибот при што од околу 1.500 патници и членови на екипажот се спасија само 285 луѓе.
1994 Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996 Во Њујорк официјално започна со работа Генералниот конзулат на Република Македонија.
1996 Советот на Театарските игри "Војдан Чернодрински" донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името "Македонски театарски фестивал".
1997 Умре кинескиот државник Денг Сјаопинг, главен архитект на стопанските реформи и силниот економски развој на Кина на крајот на 20. век. Најнаселената земја во светот ја раководеше од 1978 година, а од последните официјални раководни функции се повлече во 1990 година, но неговото пресудно влијание остана неспорно се до смртта. Автор е на легендарната изјава: „Не е битно дали мачката е црна или бела се додека лови глувци“ (1961).
1999 Убиен е верскиот водач на ирачките шеити и големиот ајатолах Мохамед Садек ел Садр. Во таа прилика настрадаа и неговите два сина.
2003 Во дотогаш најголема авионска несреќа во Иран, на југоисток од земјата се урна воен транспортен авион од типот „Иљушин 76“ со припадници на иранската Револуционерна гарда и 18 членови на екипажот при што загинаа сите 276 луѓе во авионот.
2007 Во подметнат пожар кој зафати два вагона на експресен воз на север во Индија, животот го изгубија 64 патници. До несреќата дојде кај градот Панипат, во индиската држава Харијан. Возот сообраќаше на релација Њу Делхи - Лахорне - кон границата со Пакистан.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
На денешен ден пред 141 година, роден е Алистер Кроули, пророкот на новиот еон на Хорус, писател, планинар, окултист, масон. Основоположник на окултниот правец - Телема.
 
Член од
1 ноември 2016
Мислења
9
Поени од реакции
3
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Со мало задоцнување...

На 3. Јули, во Прага роден е еден од најпознатите и највлијателните европски писатели на 20. век - Франц Кафка.

"Младоста е среќна бидејќи ја поседува можноста да ја види убавината. Тој што ја задржал способноста да ја види убавината - никогаш нема да остари".

Во негова чест, уметникот Давид Черни дизајнира гигантска 11 метарска статуа, тешка 45 тони која ја симболизира Метармофозата на Кафка.


Кафка е вечен.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Цел свет го слави и знае тој ден на величенствената Америка

ПС
Русија има таков празник? едно време славеа дента кога си го заклаа царот со се женатаму и дечињата, правеа прослави за тој настан. Уште им е истиот или сменаа?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.596
Цел свет го слави и знае тој ден на величенствената Америка

ПС
Русија има таков празник? едно време славеа дента кога си го заклаа царот со се женатаму и дечињата, правеа прослави за тој настан. Уште им е истиот или сменаа?
За тоа може у друга тема да правиме муабет.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
На 28.октомври 1939 година, на денот кога се празнувале 21 година од создавањето на самостојна Чехословачка, во Прага се одржале демонстрации против нацистичката окупација на која зел учество и 24 годишниот студент по медицина Јан Оплетал.
За време на демонстрациите тешко биле повредени 9 учесници, при што двајца од нив, односно Вацлав Седлачек и студентот Јан Оплетал подоцна му подлегнале на повредите.
Погребот на студентот Јан Оплетал, на 15. ноември 1939 година, бил повод за повторни демонстрации против окупаторите.
Како одговор на овие демонстрации, нацистите на 17. ноември 1939 година ги затвориле сите чешки факултети, биле погубени 9 студенти а над 1000 биле депортирани во концентрациони логори од каде што никогаш не се вратиле.
Поради ова 17. ноември е прогласен за меѓународен ден на студентите!
 
Член од
13 март 2018
Мислења
53
Поени од реакции
49
1995 - Силите на Босанските Срби навлегуваат во муслиманската енклава Сребреница, при што е извршен масакр над повеќе oд 8000 Муслимани Босанци, мажи, жени и деца.

Настанот е битен за паметење и треба да служи за лекција поготово кај нас на Балканот, А на светско ниво се смета за еден од најголемите геноциди извршени врз некоја нација после Втората светска војна.

Интересно е што често се збора за Евреите и холокаустот но вакви „помали“ настани се „небитни“ кај нас нормално освен ако не се работи за геноцид врз Американци,Французи,Шпанци.. Тогаш целиот свет се крева на нозе, нели? ;)

Нејсе, напишав за да се оддаде почит на мртвите. Вкупниот број на загинати е некаде 8372 но се смета дека не е конечен..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
39 од смртта на Тито
Слава му!

Некој некад да ми кажеше дека ова ќе го викам, ќе му се изнасмеев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom