Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.543
Поени од реакции
3.210
Вмро многу се лажат што мислат дека ги вратиле гласачите. Ако гледаме според бројки ги имаат истите гласови како на локалните. Само што овој пат Сдсм губи многу гласови, најверојатно тие независни граѓани кои тешко да излезат во брзо време да гласаат за било која партија.
Хах бее дај не бидете наивни, што ве учат у школо, побогу?

Вмро има исто број на гласови како на локалните, ама тогаш на 60% излезност сега на 40%
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Хах бее дај не бидете наивни, што ве учат у школо, побогу?

Вмро има исто број на гласови како на локалните, ама тогаш на 60% излезност сега на 40%
Во македонските средини сега е околу 55%, обично е над 70%, значи следниот пат кога ќе излезат за кого мислите дека ќе гласат тие 15%-тина проценти, нормално дека нема за власта.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Хах бее дај не бидете наивни, што ве учат у школо, побогу?

Вмро има исто број на гласови како на локалните, ама тогаш на 60% излезност сега на 40%
Сега гласаа само членовите, ретко кој друг гласаше. Така да отсега по толку гласови ќе добиваат и двете партии. Проблемот ќе биде излезност да остварат за да бидат изборите успешни.
Народот веќе не гласа. Со тоа кажува дека доста му е од овие мафијашки партии.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.442
Неповрзано со темата избори.

Професорката од Битола која заедно со своите ученици имаше неколку акции каде што исчистија повеќе ѓубре одколку што има Општина Битола исчистено у предходни 20 години, до сега има собрано 14 000 евра од донации и и фалат уште 8000 за да ги реновираат целосно тоалетите во Средното Медицинско Училиште во Битола.
Ова не го кажувам само да кажам едно големо браво за нејзе, и да речам "ако се сака све се може", ова го кажувам со цел дека општините кои треба ова да го прават и е нивна обврска ги боли цеф дали учениците имаат каде да серат и мочаат и дали ќе фатат некоја болест. Една жена професорка со никаква политичка моќ, ќе направи повеќе од колку нивната општина...
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
5.435
Ова е страшно што се случува. Имаме нереални бројки изразени во проценти во однос на број активни гласачи. Од 91 до сега се исселени 500к, ако продолжи трендот за наредни 20 години уште толку ќе си заминат. За 50 години државчево нема повеќе да постои, ќе нема народ.
Стручњаците од големиве партии ги заболе за тој народ, факт е дека од година во година е се потешко за живеење. 700к овци повторно излегле да гласаат за некој овчар. Стадото е се помало, до кога оваа фарса од демократија или тероризирање на сопствениот народ.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ова е страшно што се случува. Имаме нереални бројки изразени во проценти во однос на број активни гласачи. Од 91 до сега се исселени 500к, ако продолжи трендот за наредни 20 години уште толку ќе си заминат. За 50 години државчево нема повеќе да постои, ќе нема народ.
Стручњаците од големиве партии ги заболе за тој народ, факт е дека од година во година е се потешко за живеење. 700к овци повторно излегле да гласаат за некој овчар. Стадото е се помало, до кога оваа фарса од демократија или тероризирање на сопствениот народ.
Па по мое нема повеќе од милион и четрстотини илјади граѓани во Македонија. Но многу пострашна е структурата на тоа население. Повеќе од половина од тие се над 50 години - тоа е страшниот факт.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Намерно е направена оваа разлика од 1.000 гласови, само колку да ги натераат да излезат тие што бојкотираат.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ги читам медиумите отасбајле и какви спинови се прават тоа не е нормално. СДС као демек се обидуваат да прикажат победа, а свесни се дека им се преполови подршката секаде од локалните избори, 320.000 и нешто гласа тоа со ДУИ, тоа е мизерија, најнов спин сега што го читам, демек намерно било тоа да се навлечат вмровците да гласаат затоа ДУИ не излегле сега коа ќе излезеле во вториот готово било, 6Д шах од Заев, интелект што да ти расправам. Го релативизраат поразот у Скопје демек со само 600 гласа, а цело време си ги бројат гласовите и на ДУИ, подршката пред 2 години што ја имаат во Г.Баба, Ѓорче, К.Вода, Аеродром никаде ја нема веќе.

Овие другиве пак јасно е дека се дигнаа од мртви, но имаат помалку гласови од загубените локални, кажуваат дека Стево освоил помалку од самиот себе 2014, а Гога има смешен резултат во однос на Иванов, цела вечер објауваа резултати од нивниот центар како победиле вкупно за на крај на ДИК да испадне дека изгубиле (тесно, но технички имаа помалку гласови). Кампањата ја водеа како противници на договорот од Преспа и промената на името, сега ќе мора да си ги омекнат ставовите и да прифатат гласови од партии кои активно го подржаа тој проект, Гога ако сака да се всели на Водно ќе мора да си ги потпише сите закони со РСМ, да си ја каже заклетвата во име на РСМ и таблата со РСМ има сама да си ја закачи во дворот на вилата.

Се на се патетика, најслаба излезност од било кои избори, треба да се исфрли цензусот тотално веќе за претседателски оти за овие избори секогаш има слаб интерес за гласање, затоа и еднаш го намалија на 40%, на државата очајно и фали некаква партија во македонскиот блок која може да заграби десетина пратеници, во цел свет се појавуваат алтернативи, крајни леви, крајни десни, вакви движења, онакви движења, партиите еволуираат, се менуваат, само кај нас се заглавило.

А Блерим Река и Зијадин Села ова утро се најбарани луѓе во државата, телефоните сигурно не престанале да им ѕвонат, шо од партии, шо од амбасадори.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Тешко дека ќе има цензус во втор круг, многу е тесно и ќе зависи од пазарот на албанските партии.

Најмала излезеност имаше кај гласачите на ДУИ, некаде околу 40% излезеност. Па пола од нив гласаа за Река и пола за Пендаровски.
Военото крило не гласаа за Пендаровски и повеќето бојкотираа.

Кај Алијансата и БЕСА имаше голема излезеност, но сега за втор круг прашање е дали ќе излезат сите тие да гласаат.

Неопределените албански гласачи повеќето бојкотираа и тешко е да се мотивираат да излезат на гласање за преседателските избори.

Голема е шансата да нема цензус и да се смени уставот за преседателот да се избере во собрание.

Но многу зависи како ќе играат албанската опозиција, ако тие го подржуваат Стево тогаш ДУИ нема да бојкотира, но ако опозицијата направат пазар со ВМРО-ДПМНЕ тогаш голема е веројатноста ДУИ да оди на тивок бојкот и политички да поентира со тоа што Талат Џафери на краток период би ја вршел функцијата преседател на државата.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Гласав за СДСМ кога беше најголемата фама околу ВМРО. Како тогашен студент, се бунев заедно со колегите околу условите за студирање итн итн. Јадев трици околу политиките и монополот на ВМРО. Ги слушав на ТВ шарлатантите од СДС како било крај за локалните шерифи. Ги гледавме шарена револуција, студентски пленум и остали платеници како не е*ат у здрав памет. Али наивни бевме.. патевме за подобро утро.

Дојдоа на власт.. Најголем проект им е враќање на 57мица под ГТЦ. Сменија име на држава во која сме родени повеќе од 1,200,000 Македонци. Ај да не набројувам, сите глеаме што се им смета на соседиве..

Не излегов да гласам прв круг. Чекав да видам каква е ситуацијата.. Втор круг излагам, или ќе поништам или за ВМРО. И едните и другите се исти к*рац, али видовме колкав капацитет имаат СДСМ како партија. Никаков.. Ни треба нова партија, нови момци.. али јбг.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Ова е страшно што се случува. Имаме нереални бројки изразени во проценти во однос на број активни гласачи. Од 91 до сега се исселени 500к, ако продолжи трендот за наредни 20 години уште толку ќе си заминат. За 50 години државчево нема повеќе да постои, ќе нема народ.
Стручњаците од големиве партии ги заболе за тој народ, факт е дека од година во година е се потешко за живеење. 700к овци повторно излегле да гласаат за некој овчар. Стадото е се помало, до кога оваа фарса од демократија или тероризирање на сопствениот народ.
Тоа дава надеж дека територијава ќе стане пристојно место за живеење, се надевам ќе доживеам да го дочекам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom