Неколку зборови за The Farseer Trilogy. Всушност ја прочитав летово, но оставив да помине време да ми ги „созрее“ впечатоците...
...пошто крајот е таков антиклимакс да немаше ништо добро да напишам.
Накратко, стилот на пишување е добар. Проблемите се во создавањето на главните оски и замислата на дејствието во книгата. Светот е добро смислен, ликовите не се лоши, но дејствието... Изгледа како да главните правци на дејствието да биле спонтано смислувани во од, и тоа допринело за куп незавршени развои. На пример имаме почетоци на развој на одреден аспект во еден правец, со тоа доаѓа градење на исчекување кај читателот, но сето тоа наеднаш целосно се игнорира.
Пример е „војничкиот период“ на главниот јунак, и неговите почетни фајтерски успеси. Дел што трае прилично, ветува од аспект на интересност, и потоа наеднаш е целосно игнориран во следниот дел од книгите.
Се на се слаба оценка, но сепак препорака за читање - барем за тие кои го имаат исцрпено жанрот.

Секако постои извесно разграничување во однос на квалитетот на напишаното во жанрот, и горе-долу, сите на темава би се сложиле дека два-три автори доминираат. Потоа на ред е нешто поголем број писатели чии писанија се прифатливи, задоволителни, добри или не толку добри итн. Оние на дното се најбројни, но за среќа некако сум ги одминал.
Нашиот проблем е што сакаме уште, па мораме (или не мораме ) да се задоволиме со помалку.
И јас не бев воодушевен од крајот, веројатно и од по нешто друго, но списокот на она што е стварно добро четиво, ако се има предвид бројот на авторите е неочекувано кус.
Некако се случи да заборавам да пишам впечатоци за Јунаците (Хероите) на Аберкромби. Вообичаено кога се работи за овој автор, тие се сосем поволни.
Само како забелешка: ова е осма по ред книга која сум ја прочитал од него. Иако сите се добри, посебно трилогијата Првиот закон и она што е поврзано со неа, невозможно е да не се забележи дека Џо е склон (како и толку многу други) кон преповторување, прераскажување на слични заплети и расплети во се' што сум прочитал од него.
На пример, секогаш постојат предавник или предавници, главно неочекувани. Чести се на почетокот, секогаш ги има на крајот. Секогаш финишот е слатко-горчлив, речиси пиров, а нејчесто зад протагонистот, како и зад антагонистите (ако дозволуваме вакви поделби ) стои некоја повеќе или помалку таинствена сила која помага/одмага и која најчесто го собира шлагот и го утврдува натамошниот тек. Секој клечи пред некого.
Сепак, Аберкромби никогаш, барем досега, не се спуштил на ниво каде би бил неквалитетен, предвидлив или досаден. Ќе видиме што ќе пише понатаму.
Некои од главните ликови во книгите на Аберкромби ми се едни од омилените воопшто - посебно Глокта на прво место, а и Логан (заедно со алтер егото Крвавава Деветка).
Туку летово прочитав нешто интересно, првите 3 книги од The Gentleman Bastard серијата од Scott Lynch. Прилично добро и покрај некои замерки, дефинитивно препорачувам за читање (а подетални импресии и спојлери можеби во некоја друга прилика).
Патем, ако некој ги најде другите книги после првите 3 ќе бидам благодарен за еден линк во ПП.

Пред некој месец налетав на линков и се попалив како млад тинејџер пред секс. Станува збор за читање на легендариумот на Толкин по хронолошки редослед. Потребни се секако книгите на англиски јазик, има повеќе едиции кои може да се употребат. Јас користев expanded верзија на истиот во која се опфатени и 5 книги од History of Middle-earth, инаку има и калкулатор кој го пресметува редоследот без овие пет дела, а ги користи трилогијата Lord of the Rings, The Hobbit, The Silmarillion, Children of Húrin и Unfinished Tales. Потребно е книгите да се обележат на точно одредени пасуси, при што секоја ознака кажува на која страна и книга да се продолжи да се чита се додека не стигнеш до крајот.
Книгиве си ги нарачав онлајн, пристигнаа пред некој ден. Дел се used books, дел нови. Сите се изданија на Harper Collins.
Деновиве чекам да ми пристигне The Atlas of Middle-earth, издание кое ги опфаќа сите 4 ери со картографски мапи, патувања на карактери, битки со движење на трупи како и скици на поголемите градови, првпат издадена во 1981г., напишана (нацртана) од сега веќе почината професорка магистер по географија - специјализација картографија.
Забавата може да започне.
Размисли, дали ти сметаше Монса? Фероу? Џевра? Не, така? Ама сеа ти сметаат главни женски ликови.
Знаеш зошто? Пошо сеа си влезен у тој филм и све ти изглеа така.
Да ја читаше стејколм, ќе речеше дека сцената кога Севин јаде ќотек од Горст и Глокта и' кажуе дека „џабе глуми јака жена, ако маж тргне да ја убие, боље да бега" е одраз на се' уште превалентно патријахално размишљање.
Ама ми се чини дека Аберкромби го глеа сето тоа и знае дека ќе се расправате пошто му ја промашувате поентата, исто ко што
Бајас, Сулфур и Калул знаат дека мажи/жени на власт и социјална еднаквост се наративи за лажење наивни луѓе у новото време, кога у пракса се знае дека моќта која впрочем они ја поседуваат е тоа што диктира све.
Дај не влагај и ти у тоа оро на СЏВ вс. Џордан Питерсон фанбојс. Ќе почне цел свет да ти се чини дека е сџв пропаганда.
Размисли, дали ти сметаше Монса? Фероу? Џевра? Не, така? Ама сеа ти сметаат главни женски ликови.
Знаеш зошто? Пошо сеа си влезен у тој филм и све ти изглеа така.
Не бе. Не ми сметаа. Феро беше суштество убиено у поим, не може ни да се квалификува за ваков муабет. Монса беше површна, приглупа, инаетлива, без амбиција и цел живот влечена за ракав од брат и. Тој лик се развиваше кога беше фрлен во ситуација у која сите нејзини слабости дојдоа до израз. Џевра/Џавра беше таа Глокта шо ја самареше на секој чекор, така?
Оваа книга не е таква. Ликовите не се тие. Проблемов се влече од The Heroes и таа типката шо името не и го памтам во Angland. И со Бајаз се носеше таа, сите ги поеба и тоа пази, во провинција на северот, кај шо имаш дивјаци, орки и џинови. Нејзе и дава да раководи со едната страна, а на слабодушно маже и кукавица со другата. Нешто непомирливо со се дотогаш поставено како закон во тој дел од „светот“.
Не е филм, значи. Во First Law имаш типови како Бајаз, Глокта, Јару, Коска...па го имаш Вест, шо е чесен и пристоен млад дечко и го јаде не по негова вина. Па имаш лик како Џезал, наивен глуп морон. Тука сите мажи се глупи. Глуп е синот на таа во Англанд. Глуп е тој синот на тоа слабодушното на северот. Глуп е синот на Џезал. Сите шо си фаќаат работа со Савин излегуат глупи. Башка, жените имаат plot armor. Додека читав, ни на момент не помислив дека нешто ќе и се случи на Савин. Дека ќе ја силуваат, претепаат. Дека тие двете ужасно досадни кокошки на северот ќе ги фатат, па на една око ќе и ископаат.
Jа немаше таа тензија. Едната ја спасуваат у тоа градот, двеве ги спасува Shivers таман пред да ги фатат. Том и Џери.
Ама ми се чини дека Аберкромби го глеа сето тоа и знае дека ќе се расправате пошто му ја промашувате поентата, исто ко што
Бајас, Сулфур и Калул знаат дека мажи/жени на власт и социјална еднаквост се наративи за лажење наивни луѓе у новото време, кога у пракса се знае дека моќта која впрочем они ја поседуваат е тоа што диктира све.
Дај не влагај и ти у тоа оро на СЏВ вс. Џордан Питерсон фанбојс. Ќе почне цел свет да ти се чини дека е сџв пропаганда.
Кур гледа Аберкромби. Ја ти викам ликовите да ги гледаш. Кои се карактерните слабости на Савин? Или на таа во Англанд? На Монса ти ги пишав, еве. И ако ми одговараш, изостави реченици од типот на „многу е амбициозна“.
Аберкромби е исплашен да не биде покажан со прст. Типот е страшно мекотел и, дури и кога му ги читав книгите од првиот серијал и му гледав интервјуа, приметив дека многу, ама многу се труди да докаже колкав тоа феминист е он. Тука има правено ревизии и на крај женските ликови му испаднаа досадни Mary Sue кокошки шо, ете, за жал, живеат у свет у кој глупи мажи натежнуваат на нивната генијалност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.