Мое мислење е дека на Ливерпул очајно им фали титула, посебно за да си го задржат духот од сезонава и да продолжат во ист правец и од наредна.
Е сега, од една страна ако не земат ПЛ, бар како што стојат во моментов работиве, повеќе ќе биде греота него ли срамота со оглед на тоа што ќе одат +90 поени. Ама пак факт е дека поголем дел од сезоната беа први, имаа можности и за да се оддалечат некои се 7-8 поени, плус жртвуваа ФА Куп уште во прво коло.. што значи ќе има за што да жалат. Имаат можност да земат 97 поени, што е неверојатно достигнување, а да не освојат титула... Болно е у секој случај.
Во ЛШ мислам дека немаат оправдувања. Лани играа финале, еве ги во 1/2 финале моментално што е финале пред финале уствари, плус фактот што не земале титула од 2012.