ЧАЈ ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ - ГРАМИЛ МИКС
би прашала?
.... зошто да се земаат состојките оделно и да се мешаат и од каде токму овој рецепт да секоја состојка по 50 г да ја има количински дали тоа целото надземно растение? или само кора? цвет? лист? корен?
и зошто да се вари 20 минути кога треба 3- 5 минути?
и зашто да се подели во три шољи и од тоа да се пие три пати на ден кога чајот секогаш треба да биде свежо приготвен, па да се пие?
и зашто три пати на ден кога треба два пати?
и зашто пола час пред јадење кога треба после јадење?
...за исправноста на хербалните состојки оставите на тие што се лиценцирани, ваше е да земете готов производ кој ја гарантира исправноста на собрано, исушено и приготвено растение во безбеден сооднос на приготвување на лековит чај со упатство за приготвување!
зашто? има и друга страна, па тоа се само растенија и само чај?
ИМА ! покрај погрешниот рецепт, начин на приготвување и примена на линкот од Нет порталот може да делуваме спротивно и да имаме штета од приготвениот чај наместо корист и лечење!
зашто?
...затоа што при
користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија и затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, тек процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини!
...затоа што
коњско опавче има повеќе отровни видови (често тровање на домашните животни) што при вакви самолечење може да дојде до грешка!
..затоа што
надземниот дел на овчарска торбичка (Bursae pastoris herba)
треба да се бере додека билката е помлада, бидејќи тогаш е најлековита!
...затоа што
невенот не треба да го користат лица кои се алергични на камилица, ехинацеа, лутиче и другите билки од фамилијата Asteraceae, бидејќи може да постои вкрстена алергија и на невен, затоа на тие лица им се советува внимателна употреба на невенот па дури и неговите препарати!
...затоа што
плодовите на крушината ( и незрели и зрелите ) се отровни, а во наведениот рецептот кој упорно се шерује без цензура на напишаното, не е назначено дека се користи САМО КОРАТА од крушина и тоа сушена најмалку една година и излупено само од младо стебло на крушина!