Game of Thrones

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
филер епизода хххх @Peja989

реално, за хејтање е и све е ради немањето време, гот со сезона и сезона се докажа дека ако сака може и дијалозишта и тензија и врска да развијат меѓу еве санса и данерис, ама кој кур фактор се они па да губат време сеа у енд гејм на нив ко за олена и тајвин рецимо коа им се можеше, и нормално затоа изгледа плитко и аматерско, и кога немаат солидни напишани дијалози се потпираат на оне лајнерс ко тие на тирион шо е сигурен бет пошо одувек функционира, ама тоа немање време ич не е оправдување, јас еве за милион долари прашање зашо мислам е оваа последна сезона - не знам, комотно можеа уште да развиваат политика зашеќерена со повремената акција како фикс и пак ќе ја сркавме минимум 2 3 сезони комотно, не е ова да завршиме на време и квалитетно, се осеќа коа е време за тоа, ко шо беше брејкинг бед рецимо, ми се мати ум демек скапи станале епизодите за снимање, али секад може да се најде компромиси. Иначе ова беше преп епизода со све скратено на максимум пошо мора од некаде да почнат, и вака ако ја судиме сама по себе е лоша ама ќе видиме после цела сезона како ќе изгледа сето тоа и дали ќе ја оправдат причините, мене оти ме фана малку кринџ кога змејчето ги гледаше дури се шкљафтаа они а џони под око го гледаше за сваки случај, и секое појавување на арја, али субјективно оти она уше од прва сезона ми е кринџ, не знам зашо упм... па коа ќе видам омилен лик на луѓево ми иде да им препорачам вампирските дневници да ги гледаат

вака шо ми се допадна:

конфликтот шо го хинтнаа, т.е одувек постојал али мене не ми текна хахах, тоа шо дани се фура ептен ко рајтфул кралица и замара а џон го прифана тоа без да зуцне да си спаси народот и северот, е сега кога он испадна да е вистинскиот наследник како ќе се понаша дани кон тоа, не знам кај ќе тераат сеа со тоа у фаца на големата битка, пошо варис форшадоуна дека... натинг ластс

кул ми е друго шо серси уште постои и праи сплетки и бек ту бек со тој неурон или како и да е се баш забавни, али кучката стаи хит на главите на браќата и ебате лудачата, можно е да не се сите сплотени и да изгубат баш ради неа, освен џејми ако не ја преобрати на стварно конечно, лик кој најјако си го изградија, коа се сретна со бран какви флешбакови на сите не спукаа, најјако е кинг слеерот ако стане куиин слееер пошо оваа моше исто да полуде ко таргаријанецот ко шо е тргната и баш ќе ја снајде поетик џастис ко шо сака сеа да спроведе, убедливо најјакиот лик во серијава од старт, а и уште нај ебабилен - серси љубави издржавме <3

углавно тоа хахах, 600 дена чекање да им ебам све бе, за 600 дена луѓето се заљубуваат и раскинуваат и се забораваат, ама гот после 600 дена има најголем хајп од све до сеа шо постоело. Иначе никад веќе хбо го, мочка квалитет а цела година си гледам сериички таму никад не фејлнало, изгледа се преоптерети, затоа од сабајле со торентче, традиција бе бра!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
кул ми е друго шо серси уште постои и праи сплетки и бек ту бек со тој неурон или како и да е се баш забавни, али кучката стаи хит на главите на браќата и ебате лудачата, можно е да не се сите сплотени и да изгубат баш ради неа, освен џејми ако не ја преобрати на стварно конечно, лик кој најјако си го изградија, коа се сретна со бран какви флешбакови на сите не спукаа, најјако е кинг слеерот ако стане куиин слееер пошо оваа моше исто да полуде ко таргаријанецот ко шо е тргната и баш ќе ја снајде поетик џастис ко шо сака сеа да спроведе, убедливо најјакиот лик во серијава од старт, а и уште нај ебабилен - серси љубави издржавме <3
Не верувам дека Џејми ќе ја преобратува, долго време ги буткаат двајцата у правец на меѓусобен антагонизам. Можда чак сега Џејми да биде валонкарот од пророштвото. Као надркан оти Серси му забива нож в грб на човештвото и слично. А и нема уопште да му се свиѓа аферата со Неурон. Тоа интеркорсот беше, чинам, задња шајка у ковчегот на нивната меѓусобна афекција и инцестна блискост што ја имале пред тоа. Башка и ги споија географски сеа, Џејми и Бриена.
Тоа дека ќе станела полека лудача од калибарот на Лудиот Крал, не е ич чудно, заради добрите (да не речам огромните) шанси он у ствари да им е татко на двајцата.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.266
Ариа може да ја убие Серси, да се маскира ко неа и БАМ! Вестерос е политички обединет, Бран не мора да ги убие браќата, 20.000 платеници плус Ланистер војската се борат против мртовците, ако го победат Страшо, Серси/Ариа ќе го остапи тронот на Џон или ќе го подржи Џон против Дајнерис.

Тхе енд.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
Ариа може да ја убие Серси, да се маскира ко неа и БАМ! Вестерос е политички обединет, Бран не мора да ги убие браќата, 20.000 платеници плус Ланистер војската се борат против мртовците, ако го победат Страшо, Серси/Ариа ќе го остапи тронот на Џон или ќе го подржи Џон против Дајнерис.

Тхе енд.
На Брон ваљда мислиш.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
филер епизода хххх @Peja989
кул ми е друго шо серси уште постои и праи сплетки и бек ту бек со тој неурон или како и да е се баш забавни, али кучката стаи хит на главите на браќата и ебате лудачата, можно е да не се сите сплотени и да изгубат баш ради неа, освен џејми ако не ја преобрати на стварно конечно, лик кој најјако си го изградија, коа се сретна со бран какви флешбакови на сите не спукаа, најјако е кинг слеерот ако стане куиин слееер пошо оваа моше исто да полуде ко таргаријанецот ко шо е тргната и баш ќе ја снајде поетик џастис ко шо сака сеа да спроведе, убедливо најјакиот лик во серијава од старт, а и уште нај ебабилен - серси љубави издржавме <3
Брон излезе многу паметен лик, неколку пати во разговорите со Џејми повтори дека не му треба злато ако е мртов човек, а ова што му го понуди Серси е баш тоа. Така што очекувам дека планот за елиминација на браќата преку него нема да и успее.

п.с.
56962102_1799321986836371_2057650949555486720_n.jpg
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Бран типов лабаво им вели ви го поебаа змејот че ни расплачат маме сега, овие не трепнаа...добро дечко од кај знаеш ти такви ствари, дај да му ја мислиме некако леден змеј не е шала...никаква реакција. Ама змејот каква фаца напраи пред да се ебат ехехехехе.
Целото третирање на ликот на Бран во серијава е тотален нонсенс уште од почетокот. Ликот игра најважна улога во универзумот, а никогаш не го претставија како нешто повеќе од еднодимензионален лик, од обичен набљудувач. Не може единствениот лик што испомеша тајмлајни, влезе во перцепцијата на Најт Кинг и направи триста други срања, да не биде центар на внимание кога сите останати ликови се собираат околу него. Како што велиш, тој кажува абе има таму некој змеј преобратен е, а Џон Сноу е оглупавен до немајкаде, умот му е во клецање.

Друго што ме изнервира е следново - Сем дознава дека татко му и брат му се отепани (како кога жена те вара, сите знаат освен ти, ама ајде), излегува од библиотеката или што и да беше, и налетува на Бран, значи буквално налетува на него. Овој му вели - абе оди кажи му ја вистината на Џон Сноу, и овој абе да уствари јас цело време сум присутен во сижето што го следат гледачите, ама ич не ми текна дека поминав седум сезони во ебање на Гили и читање книги, па заборавив за што сум дојден и уште си читам и пишувам под газиена ламба.
После Сем оди и му вели на Џон Сноу абе вака да знаеш, ти си ова и ова и точка, Сноу мисли само абе таман се исклецав ми го кажуваш ова, малку зачинетост за гледачите дека си ја ебав потенцијалната сестра.
Заклучокот ми е, ако Сем не го сретнеше Бран случајно, тогаш немаше ни да оди кај Сноу, туку ќе читаше книги. Тоа е таа неспретност во сценариото, мрзеливост на нешто да му се даде логика. Абе го решаваш во три кадри - на почетокот го покажуваш Сем како го бара Сноу, не го наоѓа, после го бара пак, па третиот пат се среќава со Бран затоа што очигледно детето си седи во количката и пуштило корења, па потоа оди кај Сноу. Толку треба за да не изгледа нешто нелогично, избрзано или патетично.

ама тоа немање време ич не е оправдување, јас еве за милион долари прашање зашо мислам е оваа последна сезона - не знам, комотно можеа уште да развиваат политика зашеќерена со повремената акција како фикс и пак ќе ја сркавме минимум 2 3 сезони комотно, не е ова да завршиме на време и квалитетно, се осеќа коа е време за тоа, ко шо беше брејкинг бед рецимо, ми се мати ум демек скапи станале епизодите за снимање, али секад може да се најде компромиси.
Ниту едното ниту другото нема оправдување. Немање време - за каде се брзаат? Зошто им требаше цела една сезона за да ја претстават религијата во Кингс Лендинг како нешто непотребно? Зошто дебелиот Сем ја изнаеба Гили кога можеше по шорткат да оди да чита книги? Зошто имаше misleading subplots како Лејди Стоунхард и сл? Поголемо губење време од тоа амин.
ГоТ е најгледана серија во светот и би го држела приматот до кога што сака. Епската форма на раскажување дава милион можности, ете Брејкинг Бед следеше една приказна со неколку subplots, а во ГоТ можеш да црпиш материјал до утре и да развиваш ликови и никој да не се буни.
Другото, дека епизодите биле скапи за снимање. Па не ставај сиџиај монтажна секвенца од двајца кај што пет минути летаат змејови за да се исклецаат во природа. Ама не може така затоа што новата публика на ГоТ сака да гледа летање змејови и ќе летаат, немаат избор кутрите. Нема оправдување и тоа е.
Се сеќавам дека ја гледам серијава од првата епизода кога излезе. Ако ја пуштам првата епизода и ја споредам со оваа, ќе паднам во депресија. А целиот сетинг им е ист освен змејовите.

п.с. она за што ми е премака е дека и џуџето го оглупавија на ниво на Џои од Френдс.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Може ли Бран да влегува во змејовите?

Во некои коментари на ФБ се сугерираше дека можеби онаа смешната сцена кога змејот демек реагира на односот на Џон и Калиси всушност е Бран кој што преку змејот ја следи ситуацијата па поради тоа инсистираше брзо да му се каже вистината на Џон
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Не верувам дека е тоа, не му беа бели очите на змејот.

Туку, најголема мистерија во епизодава ми е тој симболот со рацете што го оставија White Walker-ите кај Амбер детето. Мора да има некое скриено значење, само не сфаќам кое. Запалени, рацете многу личеа на симболот на Таргарјен. Може ли да има некој линк меѓу едните и другите, наместо меѓу вокерите и Старк, како што цело време сугерираа некои? Или пак е само чиста случајна сличност?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
You should consider yourself lucky, at least your balls won't freeze off. - Tirion

595 денови чекање за да почнат со ваква уводна линија, царови. :pos::pos::pos:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Не верувам дека е тоа, не му беа бели очите на змејот.

Туку, најголема мистерија во епизодава ми е тој симболот со рацете што го оставија White Walker-ите кај Амбер детето. Мора да има некое скриено значење, само не сфаќам кое. Запалени, рацете многу личеа на симболот на Таргарјен. Може ли да има некој линк меѓу едните и другите, наместо меѓу вокерите и Старк, како што цело време сугерираа некои? Или пак е само чиста случајна сличност?
Тоа го има веќе неколку пати низ серијата. Во втора сезона кај Fist of the first men, после кај цртежите во пештерата кај Dragonstone минатата сезона, и мислам заборавам уште некое. Како да имаше објаснување што значи (не во серијата), ама ич не ми текнува.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
не не разочараа со нивниот генерички марвел хумор со cock and balls од време на време bend the knee и fok.
лудило дијалози. реално глумата одтана на теон сем, јара и серси и џејми, другово ко реклама да снима за пепси. ајде уште 5 епизоди и у курац и серијс и книги и се
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Тоа го има веќе неколку пати низ серијата. Во втора сезона кај Fist of the first men, после кај цртежите во пештерата кај Dragonstone минатата сезона, и мислам заборавам уште некое. Како да имаше објаснување што значи (не во серијата), ама ич не ми текнува.
Искрено, прочитав и јас дека не се појавувал симболот прв пат, ама мене ич не ми текнува на него. Сега, дали дека ептен ми заличе на огнениот змеј, па затоа го забележав, не знам. Ама мислам дека мора да има некоја позадина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom