eBay (официјална тема)

Член од
4 октомври 2013
Мислења
6
Поени од реакции
1
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Член од
4 октомври 2013
Мислења
6
Поени од реакции
1
Фала за одговорот дечки, ама сега овоа го има како најново

Skopje2-[alter1 1000 Isporaka 08-MAR-19 Za Dost./ Ispor

Дали значи овоа дека ќе ми го донесат до дома?
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Фала за одговорот дечки, ама сега овоа го има како најново

Skopje2-[alter1 1000 Isporaka 08-MAR-19 Za Dost./ Ispor

Дали значи овоа дека ќе ми го донесат до дома?
па требало вчера да ти го донесат
најдобро ти да одиш во пошта да си прашаш
 
Член од
25 октомври 2015
Мислења
15
Поени од реакции
5
Здраво друштво сакам да нарачам од Ebay , се работи за LED сијалици за автомобили сакам да порачам 10сета од ист продавач на Ebay , па ме интересира дали можат да ми додадат и царина на овие Led сијалици оти нарачувам 10 сета наеднаш ?
-Слика подолу од производот... h7.jpg h7.jpg
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Здраво друштво сакам да нарачам од Ebay , се работи за LED сијалици за автомобили сакам да порачам 10сета од ист продавач на Ebay , па ме интересира дали можат да ми додадат и царина на овие Led сијалици оти нарачувам 10 сета наеднаш ?
-Слика подолу од производот...Прегледај го приврзокот 206839 Прегледај го приврзокот 206839
разѐдели ги на повеќе пакети штом е бесплатна испорака
тука ако го отворат што виде повеќе парчиња одма ќе помислат за продавање дека ти се и одма ќе ти опнат царина, само да не те биде
да си земат процент они
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
поодамна не нарачував од ебау, имав пауѕа 7-8 месеци, едно беа одмори а и нешто бев во дубиоѕа околу новите правила на паупал ; ми преведоа дека пау пал ќе наплаќа ама само за продавање, но пак остана дилематашто ако се изгуби пратката па треба да рефундираат?, дали тоа е исто прилив на пари ??
Е сега имав3 нарачки, првата пред месец и пол беше ОК, само што кај нас во наша пошта стоеше пакетот бидејќи поштарот бил на одмор а замена нема...но стигна
Втората нарачка од пред 20 дена исто од УК сега ме збуни, нема тракинг намбер и не знам каде заглави, а наводно од УК е ?

Третата нарачка од пред 2 дена ми напраи проблем, имано кога стисна БУИ во страната за плаќање имаше некој нејасни коментари околу трошкови за поштарината,, а и некој напомени околу можна царина... патем иако пишуваше дека продавачот е од УК, цените ги изразуваше во австралиски долари... се посомневав дека тој ова роба тој ја праќа од околу , од Австралија и дека поштарината е нејсна, па со БАК се вратив и нарачав од друг понудувач каде се беше егзактно јасно и пратено ми е пратката, чекам.....
сега вечер ми пишува тој првиот продавач, да му платам, да се затворела нарачката,ќе сум имал консеквенци ако не платам??
Што може да ми направи, да ме банираат од ебау ??
Инаку многу одамна, пред 15-на години и ме банираа, ама на лицитација , ми се случи од технички проблем да се искуца една нула повеќе, па јас испаднав победник на лицитацијата... нормално не платив, па ме банираа тогаш, веројатно на барање на тој што продаваше на лицитацијата ама покасно се тргна банот...
Но ова е друго, фиксна нарачќка, додека не поминат броевите на картицата не е платено.
Проблем е што кај некој понуди не е јасно колку е вкупно додека не кликнеш на полето кај буи...
 

zabiste

Ако не ааа ако не...
Член од
8 октомври 2013
Мислења
239
Поени од реакции
698
Дечки сакам да порачам SLES (sodium lauryl ether sulfate) од Ebay. Значи се работи за течност, и уствари тоа се користи за правење сапуни, шампони и сл. Односно тоа е делот кој што ја прави пената во шампони/детергенти. Мене ми треба за IPA wipe down. Па ме интересира дали би ми правеле проблем на царина, дали пратката би поминала без проблем? Цената е под 22 евра, но не знам дали такви хемикалии би ги задржале поради некоја Х причина. Доколку некој има искуство со нарачување на хемикалии слободно нека сподели.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
753
Поени од реакции
356
Порачав нешто од ebay ама пратката не ми стигна и ми ги вратија парите. Платив со картичка а парите ми ги вратија на paypal (не знам зошто).
Е сега, чудно ми е што износите баш не се поклопуваат.
Ова го добив како порака на e-mail od Paypal:


广州满翼贸易有限公司 just sent you a full refund of £8.18 GBP for your purchase.

If you have any questions about this refund, please contact 广州满翼贸易有限公司.

This refund will appear on your credit card statement as credit from PAYPAL *GUANGZHOUMA. If you have any questions, please contact 广州满翼贸易有限公司.

upload_2019-5-3_20-0-19.png


а ова е извод од банката:

upload_2019-5-3_20-2-47.png

разликава не е голема во износ (67 ден) ама во проценти е некаде 10 %.
Според ова ако некој порача нешто што кошта 100 евра и не му стигне, тогаш назад ќе добие 90 евра.
Јас претпоставувам дека е поради конверзија на валути денари-фунти-денари.
 

Attachments

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
На курс си изгубил.
Јас имам нарачка негде средина на април од италијански продавач, со некоја си postnl, холандска, уште абер нема од стигнување, а платена испорака 10 евра. Од време на време ми стигнуваат некои глупи апдејти за тракинг и никако да стигне пратката.
Не ми се случило вака до сега. Книги од Британија ми стигале за 4-5 дена.
За ваква аљиекспрес услуга со платена испорака има да им се наебам на жабарите на профилот....ама прво да ми стигнат стварите (ако стигнат).
 
Член од
19 мај 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Може ли да им се верува на ebay продавачите за оригиналност на производите? На пример рачен часовник Casio што во наши продавници е 300 евра, на ebay е двојно поевтин, но дали е оригинал.. Сум чул дека има такви солидни чкартови што едвај можеш да ги разликуваш од оригиналот.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
312
Поени од реакции
221
Може ли да им се верува на ebay продавачите за оригиналност на производите? На пример рачен часовник Casio што во наши продавници е 300 евра, на ebay е двојно поевтин, но дали е оригинал.. Сум чул дека има такви солидни чкартови што едвај можеш да ги разликуваш од оригиналот.
Сигурен сум дека не е оригинал.
Прочитај негде во описот/насловот/shipping информациите, сигурно некаде со мали букви пишува дека не е оригинал.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Здраво. Сакам да порачам нешто од ebay. Моментално сум во Германија така да не би имало проблем со пристигнување ова она. Само ме интересира кога купувате на ebay, на што обрнувате внимание кај продавачот ? Јас сакам да купам машинка за бричење, ама истата ја нудат неколку продавачи на ebay. Цените се слични. 1-2 долари е разликата. Некој совет ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom