A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Тоа во превод значи да го поврзиш телевизорот со рутерот преку мрежен кабел - се разбира, доколку телевизорот воопшто има мрежна порта, бидејќи во спротивно таквото жично поврзување е неизводливо на таков телевизор.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Овие лудиве изгледа имаат уште нерешен проблем со ИП адресите...
Пола и више сајтови не ми ги отвора, ми бара чептча дека не сум бот...
Пробав на лаптоп, пробав на телефон со ви-фи, неќе и неќе....
Пробав на 4г на телефон, пробав со 4г хот спотот на лаптопот, си отвора сајтовите без проблем...

Дали ваков проблем имаат и други, конкренот регион Чаир, Топанско поле?
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.390
Поени од реакции
2.709

Цел реон сте пукнати на една јавна (нат мрежа) ип адреса. Испратени се премногу requests и системите детектираат напад. Ова со Вип може да го решите само ако сте здодевни на нивниот контакт мејл и често им пријавувате за ова, и откако ќе одговорите на прашања од типот ,,А вас за што поточно ви треба интернет услугата''?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Цел реон сте пукнати на една јавна (нат мрежа) ип адреса. Испратени се премногу requests и системите детектираат напад. Ова со Вип може да го решите само ако сте здодевни на нивниот контакт мејл и често им пријавувате за ова, и откако ќе одговорите на прашања од типот ,,А вас за што поточно ви треба интернет услугата''?
Дали за вакво нешто може да се поднесе приговор со барање за раскинување на договор?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Да прашам, има некој пак проблеми со интернетот на овие непрокопсаните? :)
Пола сајтови не ги отвора, а остатокот делумно функционални... Gif и видеа ни под разно.

upload_2019-3-31_22-21-53.png upload_2019-3-31_22-21-59.png upload_2019-3-31_22-22-44.png
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Да прашам, има некој пак проблеми со интернетот на овие непрокопсаните? :)
Пола сајтови не ги отвора, а остатокот делумно функционални... Gif и видеа ни под разно.

Прегледај го приврзокот 206800 Прегледај го приврзокот 206801 Прегледај го приврзокот 206802
Види си Speed Test, може од loading timeout да ти е ова.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Види си Speed Test, може од loading timeout да ти е ова.
не ми отвора speedtest :) Пола и више сајтови не ми ги отвора... Од пред малце е тоа...
Не се здрави ама ич овие, ќе зеам да ги тужам жими све најмило, немам нерви да чекам Април 2020.
Еве од АЕК спидтестот најблиску:
upload_2019-3-31_22-42-35.png
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Најверојатно глобален проблем е, не е само кај тебе..
И кај мене во последни неколку саати има оваков проблем.
Е готови се мајке ми... Плаќам над 4 и кусур за све и сешто, сакам квалитетна услуга како кај другите оператори што е.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
577
Поени од реакции
830
Најверојатно глобален проблем е, не е само кај тебе..
И кај мене во последни неколку саати има оваков проблем.
Да пишав и во другата тема за ВИП,од синоќа Битола нема ни тв,фиксен и интернет.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Е готови се мајке ми... Плаќам над 4 и кусур за све и сешто, сакам квалитетна услуга како кај другите оператори што е.
Другар не се возбудувај толку :)
Нивни услуги имам уште од време на он.нет коа беа, до сега оваков проблем не повеќе од четири пет пати сум имал. . ништо страшно.
Само знам дека вчера неможеше ни да се надополни кредит на при пејд од кај нив.
Најверојатно е поголем проблем од што мислиме дека е.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Другар не се возбудувај толку :)
Нивни услуги имам уште од време на он.нет коа беа, до сега оваков проблем не повеќе од четири пет пати сум имал. . ништо страшно.
Само знам дека вчера неможеше ни да се надополни кредит на при пејд од кај нив.
Најверојатно е поголем проблем од што мислиме дека е.
Јас од кога знам за луѓево, само нешто ги снаоѓа... Повеќе муабет имам правено по телефони и пораки со Вип отколку со моиве дома...
Ако не е паднат интернетот, тогаш сам се рестартира... Ако не се рестартира сам, тогаш ИП адресата ме зеза... Еве сега ништо скоро не ми отвора, а ми треба у моментов и те како.
Тоа со брзините што не ги испорачуваат целосно или пак не дај Боже па да ја зголемат за прикачување исто се помирив, ама со вакви дефекти нема.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Има некое глобално срање. Доста сајтови не ни отвора.
Викаат екипи биле на терен.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.390
Поени од реакции
2.709
Според еророт, проблемот е до нивната серверска конфигурација, најверојатно до ДНСот но и не мора да значи. Пробајте сменете некој јавен 8.8.8.8, 1.1.1.1, 9.9.9.9. Чкарт им е цел нивен систем со интернетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom