Член 7
Средствата од промотивниот бонус ваучер се сметаат за целосно искористени откако учесникот во игрите на среќа ќе направи влогови во игрите на среќа во износ 6 (шест) пати поголеми од вредноста на доделениот бонус ваучер. Добивките остварени од влоговите во игрите на среќа со средствата од промотивниот бонус ваучер можат да се користат за нови влогови во игри на среќа.
Во пресметката на искористените средства влегуваат само оние влогови во игри на среќа кои се започнати и завршени во рокот за користење на бонус ваучерот, односно за вкупно искористени средства се смета шестина од вкупниот износ на влоговите во започнатите и завршени игри на среќа во рокот за користење на промотивниот бонус ваучерот, најмногу до износ на вредноста на бонус ваучерот. Влог во започната и завршена игра кај спортско обложување се смета влог на тикет кој е конечно обработен како добитен/недобитен согласно правилата за обложување.