Дежурна Ординација! #2

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
...без потврда од лабораторија мало сутра ќе знаеш дали е сигурно воспален appendix и треба под хитно да се оперира и колку да е искусен хирургот „љубовницата“ има главна улога да одреди дали е за операција или е лажна узбуна ;)
п.с.
...види ги лабораториските упати за една болест, специјалистот „бара“ комплет анализи и што треба, а богами и што не треба, де јуре е може ти како кажуваш, ама де факто не е баш така!
п.с.на п.с.
...од каде знаеш дека е „детето“ ? логика...регистриран на Кајга во 2009 година да речеме 16 години кога бил дете, поминати од тогаш цели 10 години, значи најмалку има 26 години, а според мое око 30 год сигурно има :D
Значи безсмислено е вака лаички да тропаш глупост и да спориш со мене, за информација кај воспален апендикс лабораторијата може да биде комплетно нормална и речиси СЕКОГАШ !!!
Клиничката слика е одлучувачки фактор дали пациентот да се оперира или не. Кога ќе пукне апендиксот дури тогаш имаш покачени фактори на воспаление, а тогаш и процентот на смртност расте значително.

Неодговорно е вака да гуглаш на интернет и да тресеш зелени.

Ако детето имаше тромбоцитопатија до сега таа ќе се знаеше и ќе имаше симптоми уште во детска возраст. Тие параметри во отсуство на клиничка слика знаат да се добијат при подолго компримирање на вената за време на земањето на крв, транспортот на епруветата до лабораторија итн.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.706
Значи безсмислено е вака лаички да тропаш глупост и да спориш со мене, за информација кај воспален апендикс лабораторијата може да биде комплетно нормална и речиси СЕКОГАШ !!!
.
...тогаш од каде ја знаеш ова информација, ако за истата не си дал упат да се провери и тоа упорно секогаш исто те исто упат за лабораториска крвна слика, а ваму СЕКОГАШ е нормална, нели? ;)

Значи безсмислено е вака лаички да тропаш глупост и да спориш со мене, за информација кај воспален апендикс лабораторијата може да биде комплетно нормална и речиси СЕКОГАШ !!!
Клиничката слика е одлучувачки фактор дали пациентот да се оперира или не. Кога ќе пукне апендиксот дури тогаш имаш покачени фактори на воспаление, а тогаш и процентот на смртност расте значително.Неодговорно е вака да гуглаш на интернет и да тресеш зелени. Ако детето имаше тромбоцитопатија до сега таа ќе се знаеше и ќе имаше симптоми уште во детска возраст. Тие параметри во отсуство на клиничка слика знаат да се добијат при подолго компримирање на вената за време на земањето на крв, транспортот на епруветата до лабораторија итн.
....само ќе ти кажам дека не ти личи речникот, ем што сум женско, ем ти коментирав најнормално без навреди кажувајќи мое мислење велиме како на форум, ама ако во реалноста си навистина лекар, а можеби живееш и вон МКД, а имаш ваков „мајсторски речник“, алал да ти е! инаку пак ќе кажам можеш да имаш не само нормални вредности на тромбоцитите, туку истите да бидат над нормалните вредности, а пациентот да пати од спонтано крварење што нели не би имало логика, ама така е!
... тоа исто како да ми кажуваш дека спермограмот ти е одличен според бројот на сперматозоидите нели? а тоа што морфолошки се абнормални, без опаш, неподвижни вакви такви ...нема врска нели? важно бројот е задоволителен на сперматозоидите да кажеме дека спермата е квалитетна и ќе си ја изврши својата улога? така нели? :toe:
..и ако сакаш ДА РАЗГОВАРАШ НОРМАЛНО, без да ми се обратиш со тие твои изрази „тресење зелени“ ОК е ти побиј ме со нешто повеќе, а не само дека така мислиш ТИ пуштајќи при тоа онака културен поздрав од „тресење зелени“
...тоа е селски израз кога ги тресат дрвјата со уште несозреани плодови ли? од каде иде изразот! или академски ти е некој?:facepalm:
Ми рекоа дека ништо не ми е и да продолжам со вит Ц дневно грам. Доколку повторно се појават слични точки да одам да се консултирам со дерматолог. Сега пред малку се соблеков и ги забележав дека пак ми се појавија доле околу зглобот, ниту ги осетив кога излегоа преку к ми се веќе. Ваше искуство или совет?
Прегледај го приврзокот 206025
Прегледај го приврзокот 206026
..еве ти убав пример кај овој член кој има нормален број на тромбоцити, а истите не ја вршат својата функција како треба и му се јавува поткожни крварења „пурпура“ има слаба агрегација на тромбоцити што велиш ти :
Бројот на тромбоцитите ти е нормален, па затоа тие другите параметри се небитни.
....е па не е баш така ... кај него има проблем ама уште го разработувам пред да одговорам, а во прашање е вилебрант фактор (Von Willebrand disease) намален....еве ајде помогни да му одговориме како треба... така се надоградуваме, а не ваму да не сум те побиела ...вака на сстаноци вршите стручни консултации, индивидуално мислење и никое друго?
Клиничката слика е одлучувачки фактор дали пациентот да се оперира или не. Кога ќе пукне апендиксот дури тогаш имаш покачени фактори на воспаление, а тогаш и процентот на смртност расте значително.

... само клиничка слика одлучувачки фактор ? секој протокол на клиничко испитување при воспалено слепо црево бара и лабораториско испитување и взаемно се дополнуваат, и клиничката слика која се очекува не е секогаш таква, како што не се секогаш очекувачки и лабораториски анализи,

Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.258
Се
...тогаш од каде ја знаеш ова информација, ако за истата не си дал упат да се провери и тоа упорно секогаш исто те исто упат за лабораториска крвна слика, а ваму СЕКОГАШ е нормална, нели? ;)

....само ќе ти кажам дека не ти личи речникот, ем што сум женско, ем ти коментирав најнормално без навреди кажувајќи мое мислење велиме како на форум, ама ако во реалноста си навистина лекар, а можеби живееш и вон МКД, а имаш ваков „мајсторски речник“, алал да ти е! инаку пак ќе кажам можеш да имаш не само нормални вредности на тромбоцитите, туку истите да бидат над нормалните вредности, а пациентот да пати од спонтано крварење што нели не би имало логика, ама така е!
... тоа исто како да ми кажуваш дека спермограмот ти е одличен според бројот на сперматозоидите нели? а тоа што морфолошки се абнормални, без опаш, неподвижни вакви такви ...нема врска нели? важно бројот е задоволителен на сперматозоидите да кажеме дека спермата е квалитетна и ќе си ја изврши својата улога? така нели? :toe:
..и ако сакаш ДА РАЗГОВАРАШ НОРМАЛНО, без да ми се обратиш со тие твои изрази „тресење зелени“ ОК е ти побиј ме со нешто повеќе, а не само дека така мислиш ТИ пуштајќи при тоа онака културен поздрав од „тресење зелени“
...тоа е селски израз кога ги тресат дрвјата со уште несозреани плодови ли? од каде иде изразот! или академски ти е некој?:facepalm:
..еве ти убав пример кај овој член кој има нормален број на тромбоцити, а истите не ја вршат својата функција како треба и му се јавува поткожни крварења „пурпура“ има слаба агрегација на тромбоцити што велиш ти :

....е па не е баш така ... кај него има проблем ама уште го разработувам пред да одговорам, а во прашање е вилебрант фактор (Von Willebrand disease) намален....еве ајде помогни да му одговориме како треба... така се надоградуваме, а не ваму да не сум те побиела ...вака на сстаноци вршите стручни консултации, индивидуално мислење и никое друго?

... само клиничка слика одлучувачки фактор ? секој протокол на клиничко испитување при воспалено слепо црево бара и лабораториско испитување и взаемно се дополнуваат, и клиничката слика која се очекува не е секогаш таква, како што не се секогаш очекувачки и лабораториски анализи,

Се имам убаво објаснето во моите постови. Ако не си ги разбрала навистина ми е жал.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.706
Се, Се имам убаво објаснето во моите постови. Ако не си ги разбрала навистина ми е жал.
...ОК нема веза, кај тебе нема слушање и на другата страна иако поставив некои работи изгледа повеќе ти иде германскиот јазик! :)

Стави твои слики да видам што е тоа што те мачи, иначе резултатите се добри.

помогни му на овој член еве му ја фотката! и не знам тоа „ резултатите ти се добри“??
Прегледај го приврзокот 199570
Дали некој имал слично вакви црвени точки на нозете. Ми се појавија пред спиење, а дента бев во теретана, не боли, не чеша, не ми е потечена ногата. Што ми можело да биде?
 
Последно уредено:
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Онда шекерот ти е 6.1, обавезно OGTT и hbA1c да направиш.

А хормониве ти се на граница, иако се во други мерни единици рачунати, сомнително, плус пајлори, кога ќе се земе се имаш неколку сомнителни параметри. Тестирај и витамин Д.
Ми дадоа антибиотици за хелиобактер, после рековме ќе испитаме и OGTT, а незнам што е ова hbA1c?

Бројот на тромбоцитите ти е нормален, па затоа тие другите параметри се небитни.

За гликозата најверојатно не ти земале крв на гладно или си се напил сок пред земањето на крв па затоа можеш да го повториш поново тој параметар.

За тироидната жлезда секоја лабораторија си има посебни референтни граници во зависност од реагенсите кои ги користат затоа доколку напишале граници со тие параметри тогаш се во ред.

Е сеа за хеликобактерот доколку немаш до сега земано антибиотска терапија. Би требало да почнеш. Ако доколку имаш до сега земано тогаш нема потреба пошто и после терапијата тој параметар би останал позитивен. Доколу имаш тегоби на желудникот после хеликобактер пилори терапија тогаш треба да направиш гастроскопија.
Ептен на гладно беше, претходниот ден последно јадев во 17ч и едно какао се напив во 19ч, а утредента се окаснив дури во 12ч на пладне ми земаа крв, така да едно 16-17 саати бев без ништо благо, пијалоци, јадење било што, само една голтка вода вечерта и сабајлето.

Дадена ми е тројната терапија за хелиобактер, со ланзул + 2 антибиотика, па ќе видиме понатаму.

... пред да се потсетиме што значат тие вредности, треба да знаеме дека НИКОГАШ не се зема здраво за готово со прва лабораториска анализа дека вредноста е „L“ low, „намалено“ значи дека по испитување на истите ведности по 4,5 дена вредноста ќе биде во нормала, зашто? затоа што истите се обновуваат од коскената срж, доколку немаме некоја инфекција која е причина за тоа намалување!
PLT (platelets total)- значи вкупен број на тромбоцити (крвни плочки) во крвта, според лаб.анализи каде си ги направил 150- 390 вредноста твоја е 214, значи ОК во граница на нормала и нема тука да коментирам понатаму!
PCT(procalcitonin)- најчесто се испитува да се знае дали причинителот на инфекцијата е бактерија или вирус, за разлика од CRP кој како лаб.параметар во имунолошки статус покачена вредност дава и при бактериска и при вирусна инекција, овој параметар PCT дава покачени вредности само при тешки бактериски инфекции (сепса), доколку вредноста е пониска како што е случај кај тебе, а други лаб.параметри укажува дека имаш некоја инфекција, тогаш со СИГУРНОСТ ќе кажеме дека тоа е вирусна инфекција и никако не смее да се даде почетно антибиотик!
PDWs (platelet distribution width)- распределба на тромбоцити според волумен, морфолошкиот изглед на томбоцитите укажува дека не е само важно бројноста во крвта туку и дали тие си се „нормални“ по величина, важен параметар затоа што ако имаме нормален број на тромбоцити во крвта кога не си ја прават својата функција и најчесто на ова се внимава при појава на модрици по телото, течење крв од нос,
тие тромбоцити кои се поголеми се „тазе“ исфрлени од коскената срж, додека тие тромбоцити кои се малечки се стари неколку денови кои циркулираат во крвта и доколку во крвта има повеќе поголеми тромбоцити тогаш значи дека коскената срж во моментот била форсирана во нивно создавање, твојата „L“ low ситуација на овој параметар 7,4 (нормално 10-18) може да биде „работата“ на коскената срж која највероватно влијаела на неа некоја вирусна инфекција,
MPV( просечен волумен на тромбоцитите) според овие анализи твојата вредност 6,8 (норм.8-11) некаде нормално е од (6,8 - 10,4) така да не знам дали би рекле дека ова ситуација е мала тромбоцитопенија или едноставно таа вирусна инфекција која највероватно ја имаш делувала на коскената срж и ете можеби малку пониско, јас би рекла нормална вредност!
P-LCC (platelets larger than 12 fl and smaller than 30fl)
P-LCR
(platelet large cell ratio) тромбоцити одговорни за коагулација на крвта и тука имаме намалено поради.... итн што укажува на таа вирусна инфекција која ете влјаела во моментот на коскената срж...
( п.с. другото друг пат)
... не би се сложила со тебе, може бројот на тромбоцитите да се во нормала, а самата функција што треба да ја имаат во врска со коагулацијата на крвта е отсутна или намалена, велиме намалена способност за агрегација на тромбоцитите така да има случеви со нормален број на тромбоцити, а да имаат симптоми на тромбоцитопенија, со изразено крварење од нос, при повреда потешко зараснување на рана, па и појава на модрици по телото и друго крварење, како што има еден друг член погоре, и секогаш крвната слика се прави со сите диферецијални параметри токму поради многу одговори кои се кријат тука!
Фала многу за деталниот исцрпен одговор, и јас истражував малку по гугл и нешто слично донесов заклучоци.

Е сега таа инфекција може ли пример да ми е од скршен заб, коренот ми стои неколку месеци не го вадам, не ме боли, ама сега како да ми е отечена десната долна вилица околу коренот комплет, дури и грлото ми е воспалено зацрвено, а и крајникот десен и надоле како да има малку отечено, затоа посумњав на тироидната, засега само преку крв испитано хормони а не и ехосонографија, ама ќе направам за некој ден и тоа.

Друго исто уште од поодамна пред неколку години имав поенкогаш јаки болки во стомакот, јадев многу луто порано, послето баталив, ретко ми се јавуваше болка, тогаш не сум одел на лекари воопшто, па сигурно имам некое воспалени на желудник, хранопровод, дебело црево и којзнае што друго.

После секој оброк значи осеќам дека ми е многу тешко, па сигурно има нешто.
Други симптоми што почнаа да ми се јавуваат: почесто земање длабок здив, замор никаква кондиција, понекогаш и тремор на раце и глава, многу јако отчукување на срцето, го осеќам пулсот во глава, во заби, почнав и во препоните ниско да осеќам некоја тешкотија као кила, не сум сигурен.

Засега само за хелиобактер ми дадоа антибитоци и ланзул, за недела-две ќе направам и ехо на срце, тироидна за секој случај, а после може и доплер на каротиди и нозе.

Од приватни био-лабаратории ми ја препорачаа авицена, може и таму во скоро да направам крвна слика, чисто да видам дали ќе има слични резултати, да не се застарени апаратите во оваа во моево градче.
 
Последно уредено:
B

Beginner

Гостин
Некој помош како да знам дали имам sore threat-воспалено грло или strep threat прогуглав и би рекол имам симптони за sore threat е сега незнам кои антибиотици да ги земам. Бидејки денес недела нема доктор. Па планирам од аптеката што ке ми дадат тоа.. И дали tylol hot ке ми помогне некако?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Еееј кај се залета одма антибиотици за грло. Купи стрепсилс од плавите + прополис ако можеш. За ден поминува.

Тајлол хот е за симптоми на настинка, ако мислиш дека ќе се разболуваш, земи.
 
Аптекарката ми даде Трахизан и tyloo hot се надевам ке помине со овие Трахизан..

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Аптекарката ми даде Трахизан и tyloo hot се надевам ке помине со овие Трахизан..

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Може, види како ќе ти делуваат. Јас со стрепсилс + прополис проаѓам, не велам дека е топ комбинација ама тимот што победува не се менува :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сите одма антибиотици.
Оваа зима два пати бев болен и првиот пат фрлив еден куп пари за секакви глупости и пак две недели и многу потешко поминав, а сега вториот пат ме фати инаетот и не отидов на лекар и само капки за нос имав, а и тие многу не ми помогнаа.
Такви бонбони за грло исто џабе кај мене и сирупи.
Кај секој е различно ама кај мене ништо не поминува и колку и да пијам лекови и со лекар и без лекар препорачани џабе не поминува за помалку од две недели. :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
После секој оброк значи осеќам дека ми е многу тешко, па сигурно има нешто.
Други симптоми што почнаа да ми се јавуваат: почесто земање длабок здив, замор никаква кондиција, понекогаш и тремор на раце и глава, многу јако отчукување на срцето, го осеќам пулсот во глава, во заби, почнав и во препоните ниско да осеќам некоја тешкотија као кила, не сум сигурен.

Засега само за хелиобактер ми дадоа антибитоци и ланзул, за недела-две ќе направам и ехо на срце, тироидна за секој случај, а после може и доплер на каротиди и нозе.

Од приватни био-лабаратории ми ја препорачаа авицена, може и таму во скоро да направам крвна слика, чисто да видам дали ќе има слични резултати, да не се застарени апаратите во оваа во моево градче.

1. За жал во оваа ситуација симптомите се преклапаат малце, пајлори/инсулинска резистетност, проблеми со пајлори исто така можат да предизвикаат тешко дишење, аритмии, недостаток на кислород, а со самото тоа и замор, па дури и вртоглавици. За да добиеш груба идеја - најди ја храната која не ти прави ваков ефект (ако има таква) и види дали ќе ти се случи тоа истата мора да има солидна количина на шеќери, ако ти е резистентност, онда и од лесно сварлива храна (која не ти прави проблем) ќе ти се случи тоа, повтори го ова неколку пати, најлесно е да си купиш апаратче од Зегин, се вика Accu Chek. Е сега треморот на раце не е поврзан со голема сигурност со пајлори, него со резистетност, а може и со анксиозност, проблеми со дигестија неретко знаат да предизвикаат и анксиозен напад макар и умерен.

2. Обратно, прво направи доплер на каротидни артерии како и ехокардиографија, па после тестирај тироида. Авицена имаат најдобри анализи, точно е.

3. Чим на 16h постење си имал 6-ка, уште толку е сомнително, за повеќе инфо за тестовите во Авицена и мерки на претпазливост > тука.

4. Не е лошо да наведеш други физички симптоми кои ги имаш, во линкот под 3 се опишани, ако не овде слободно прати ми пп.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.706
дури во 12ч на пладне ми земаа крв
... ова сериозно? во биохемиска лабораторија за комплет анализи ти зедоа крв во 12ч онака демек нормален тајминг на испитување на толку важни параметри во крвта и урина која МОРА ДА БИДЕ ВО УТРИНСКИ часови? аууууу може да се знае каде така „професионално“ работаат?
Ми дадоа антибиотици за хелиобактер
... позитивно за ХБП како кај тебе не е некоја висока вредност па толкава паника до гастроскопија,
ХБП се третира со тројна терапија ( антибиотик + антимикробик + антиулкусен лек) три недели :
првата недела се пие антибиотикот најчесто Тбл.Амоксиклав од 1 г на 12 ч (поретко кларитромицин поради несакани ефекти токму кон желудникот) антимикробик Тбл.Флажил 400 мг 2х1 на ден и трет лек антиулкусниот Капс.Омепразол 20 мг 2х1 или Ланзул!
втора недела се прекинува амоксиклавот, а се продолжува со Тбл.Флажилот 400 мг 2 х1 и Капс.Омепразол 20 мг 2х1 или Ланзул!
трета недела се пие само Капс.Омепразол 1х1 или Ланзул
...со помали но почести оброци- правилна исхрана и избегнувајќи газирано, љуто, кисело, алкохол, кафе, цигари, нервоза и долготраен стрес и тесни алишта околу стомакот, ремен!
 
Последно уредено:
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
... ова сериозно? во биохемиска лабораторија за комплет анализи ти зедоа крв во 12ч онака демек нормален тајминг на испитување на толку важни параметри во крвта и урина која МОРА ДА БИДЕ ВО УТРИНСКИ часови? аууууу може да се знае каде така „професионално“ работаат?
Работеа и втора смена, затоа, а плус се окаснив кај матичниот док земав упат па после кај специјалист и ме фати 11 и нешто...
А на тоа ливчето за обичните параметри (CHO, TRIG, итн) има саат 12.27 биле готови резултатите :D за нецел пола саат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.706
Работеа и втора смена, затоа, а плус се окаснив кај матичниот док земав упат па после кај специјалист и ме фати 11 и нешто...
А на тоа ливчето за обичните параметри (CHO, TRIG, итн) има саат 12.27 биле готови резултатите :D за нецел пола саат.
...бегај бе, не праам муабет ич! лабораторија работа 24ч за потребите на болницата тоа не значи дека може било кое време да се прават комплет лабораториски анализи за „обични“ пациенти! ....од каде си од Кочани?
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
...бегај бе, не праам муабет ич! лабораторија работа 24ч за потребите на болницата тоа не значи дека може било кое време да се прават комплет лабораториски анализи за „обични“ пациенти! ....од каде си од Кочани?
Во право си, ќе правам и во Авицена кога ќе идам накај Скопје. Иначе сум од Крива Паланка.[DOUBLEPOST=1553469455][/DOUBLEPOST]
ХБП се третира со тројна терапија ( антибиотик + антимикробик + антиулкусен лек) три недели :
првата недела се пие антибиотикот најчесто Тбл.Амоксиклав од 1 г на 12 ч (поретко кларитромицин поради несакани ефекти токму кон желудникот) антимикробик Тбл.Флажил 400 мг 2х1 на ден и трет лек антиулкусниот Капс.Омепразол 20 мг 2х1 или Ланзул!
втора недела се прекинува амоксиклавот, а се продолжува со Тбл.Флажилот 400 мг 2 х1 и Капс.Омепразол 20 мг 2х1 или Ланзул!
трета недела се пие само Капс.Омепразол 1х1 или Ланзул
...со помали но почести оброци- правилна исхрана и избегнувајќи газирано, љуто, кисело, алкохол, кафе, цигари, нервоза и долготраен стрес и тесни алишта околу стомакот, ремен!
Фала многу, баш такви слични лекови ми дадоа, еве кои поточно.

Ланзул 30мг (2х1 на ден)
Фромилид 500мг (2х1 на ден)
Оспамокс ДТ 1000мг (2х1 на ден)

Ги пијам прво ланзулот едно пола саат унапред да го припремам желудникот, па малце нешто ќе каснам и после овие 2-та антибиотика.
На кутиите гледам фромилид и оспамокс има по 14 таблети, така да точно за 7 дена ќе имам, а ланзул има 28 комада, што ќе му дојде за 14 дена (2 недели), после може и ќе продолжам ланзулот уште недела-две да го пијам.

На храна малце намалив, порано јадев многу, сега што се вика без леб многу малку само, без пржена храна, зачинета, пресолена, кисела итн, сокови и така ретко пиев некад по една кока-кола од 0.250 стакло, благо знам да каснам по 1-2 чоколадца дневно особено навечер, кафето баталено одамна пошто ме лупа одма адреналин, почнав по едно какао навечер само колку да не е без ич, стресови и нервози нема многу :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom