Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Нема лактоза, ама по сооднос на цена поубо е лапниш две дози whey, барем ќе го знаеш аминокиселинскиот состав...
Според составот е протеин од млеко, помалце bioavailability од whey. Ама за доза протеин ти треба шејкер и вода, ова е пали-вози.
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Здраво билдери имам неколку прашања како на темава. Цел живот сум така слабичок, малце пуштив стомак од прошлото лето ради нездрава исхрана и алкохол. Значи горе долу слаб сум освен за разлика од пред 5 години коа ми се познаваа ребрата сеа ми се познава стомачето.:D После 5 години почнувам пак теретана па ме интересира некој совет за исхрана. Сакам да го изгорам те да ослабам кај стомакот, и да покачам мускулна маса. Ако може некој накратко збор два што да исфрлам од исхраната, што да додадам . Благодарам.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Нездрава исхрана и алкохол, исфрлаш
Додаваш здрава исхрана базирана на правилен сооднос на протеини, ЈХ, масти, ...
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
@Кеплер кето на 1 месец, дали има логика според тебе како по искусен? Многу мал процент на масти треба да се исфрли...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
@Кеплер кето на 1 месец, дали има логика според тебе како по искусен? Многу мал процент на масти треба да се исфрли...
Не ми изгледа паметно само месец дена, таман ќе се прилагоди телото на новиот извор на енергија ти ќе го прекинеш. На вага ќе симниш сигурно повеќе килограми, голем дел од нив ќе бидат од водата која ти ја задржуваат јаглехидратите, али кога ќе почнеш пак со јаглехидрати пак ќе ги вратиш. Од досегашно искуство околу 3 месеци е идеален период, ако си прилично чист ќе отидеш на мал калориски дефицит и нема да ти треба многу кардио и ќе ја имаш идеалната форма. После кето јаглехидратите ќе ги дигаш постепено, немој одма со висок внес на јаглехидрати.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
@Кеплер кето на 1 месец, дали има логика според тебе како по искусен? Многу мал процент на масти треба да се исфрли...
Ако внимаваш на колку кцал внесуваш, зашто не направиш еден по агресивен cut со 30-50 % кцал од maintenance . Ке гледаш да внесуваш во периодот повеќе протеини 2.2-2.5 х bw, и примарен фокус на тренинг ке ти биде одржавање на сила, со некоја форма на лисс кардио секој ден или секој втор ден во зависност колку ќе можеш да се опоравиш и твојата физичка спремност. Значи агресивен cut, тренинг не мењаш ништо ја одржаваш силата и волуменот( можеш во финалните недели да намалиш по 1-2 сета од секоја мускулна група во случај силата да си ја задржал), форма на лисс кардио(одење 30-60мин, точак споро темпо 30-60 мин, немој трчање или нешто што ќе ти го крене плусот мн), висок внес на протеини, и помалце стрес во тој период. Ке губиш масти, а ќе задржиш мускул и сила пошто е мал период од 4 до 6 недели мах 8 оди и немаш гајле.
 
Ми се допаѓа размислувањево, сепак ќе одам најверојатно со агресивна ротација 1600 - 1800 kcal...
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Ми се допаѓа и мене размислувањето, само ова, 'немој трчање многу, ќе ти го крене пулсот многу...', многу збунувачко.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Ми се допаѓа и мене размислувањето, само ова, 'немој трчање многу, ќе ти го крене пулсот многу...', многу збунувачко.
Поентата во тој дел ми беше да одбегнува правење на некоја форма на кардио со висок интизитет, од причина што може да му пречи во опоравување од тежинскиот тренинг, а и да придонеси да јаде повеќе, а и би можело да му пречи во перформансите на наредните тренинзи ( сепак не дека неможе да се менаџира висок интизитет на кардио при дефицит, но во случајов се работи за агресивно намалување на калорите и може да биде контрапродуктивно без оптимално составен тренинг план) . Трчањето го наведов да го избегнува ( не дека мора ) поради тоа што може да биде поисцрпувачки од возењето точак при исто темпо на изведување на вежбата.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Во ред, акцентот на нејасниот дел ми беше на пулсот. Збунувачки е кога некому, кој има за цел да намали на телесна тежина или на масни наслаги, да му се каже да внимава во многу кревање на пулс, при кардио тренинг.
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
Здраво форумџии. Сакам да прашам дали некој има користено домашна сурутка, купив едно шише литро-ипол, но не знам како е со протеини и колку треба да внесувам.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
Здраво форумџии. Сакам да прашам дали некој има користено домашна сурутка, купив едно шише литро-ипол, но не знам како е со протеини и колку треба да внесувам.
Никој тука не можи со точност да ти кажи колку протеини има
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Знам дека е глупо прашањето ама...
Колку грама месо јадите дневно од прилика, и кој тип ви е омилен (најупотребуван)?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.152
Знам дека е глупо прашањето ама...
Колку грама месо јадите дневно од прилика, и кој тип ви е омилен (најупотребуван)?
Јас околу 400-500 грама. Најупотребувано пилешкото, а омилено пилешко (ама печено пиле, не обичен стек), свинско и риба (ама свежа, лосос, пастрмка на скара, а не туна или сардина).
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
Знам дека е глупо прашањето ама...
Колку грама месо јадите дневно од прилика, и кој тип ви е омилен (најупотребуван)?
Кога сум на маса 380 грама пилешки гради (варени) одвратно нешто значи, поготово бразилскиот, понекогаш има црни дамки или крвиште на него, (имаше скандали со скапан бразилски стек стар по 10 години), или по 500 грама ослич (варен исто така), два пати неделно поради живата. На чистење кога сум, 500 пилешки гради или 700-800 ослич.

Друго евтино месо незнам што би конзумирал така да само измеѓу двете мењавам.

И за секој различно е, битно е макроата да се постигнат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom