Тука коментираме книги

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Ај еве да земеме дека за вкусови не се разговарало и некои стварно сакале да читаат “лесна литература” и мозокот да им бил на пасење, што и да значи тоа. Самата обработка на книгите што им ги продаваат е тежок аматеризам. Им прават превод на превод или преводот личи дека го шлапнале на Гугл Транслејт и го туриле во книга како таков. Лектура дека прават....аха да :icon_mrgr:

И за тоа ќе им наплатат 400 денари. За тие пари да ја читаш истата љубовно/трилер/историска приказна преџвакана по илјадити милионити пат со ужасен превод :)

Вкусови my ass.
И што е најинтересно, во групата има правило кое гласи: не смее негативно да се критикува ни една издавачка куќа, зашто тие сепак придонеле насловот да се донесе на македонски, па каков и да е преводот. Коментар: немам!
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Za vkusovi ne se rasprava , navistina .
Ama moze covek da izanaliziras (barem jas mozam) , po toa kakvi knigi cita(ako cita) i kakvi cevli preferira da nosi.
Topuci (cevli) i patiki na povisok djon....idat so G-dja Alimpic vo raka,Miso,Rejli i Mejli itd.
Prodolzuva .....
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Za vkusovi ne se rasprava , navistina .
Ama moze covek da izanaliziras (barem jas mozam) , po toa kakvi knigi cita(ako cita) i kakvi cevli preferira da nosi.
Topuci (cevli) i patiki na povisok djon....idat so G-dja Alimpic vo raka,Miso,Rejli i Mejli itd.
Prodolzuva .....
Всушност, за вкусовите треба (нај)многу да се расправа, а такви расправи, околу вкусовите, најчесто ги избегнуваат оние кои се горе-долу свесни дека нивниот вкус неретко е = :гомце: . И тогаш она дека за вкусови не се расправа звучи супер.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
И јас не сум го сфатил тоа за вкусови не се расправа. Отсекогаш сум сакал да се „расправам“ за вкусови, желби, читачки искуства. За што друго впрочем може и да се зборува... со еден писател од литературниот клуб се фативме во дискусија за еден роднокраен поет, па кога го прашав зошто не му се допаѓа, а мене ми е добар, човекот фино лепо ми објасни тоа тоа и тоа, и покрај тоа што се контравме со ставовите барем имаше конкретни и издржани аргументи.
Сепак, друг вид се оние епизодни читатели, ко некои мои познаници/другари, кои читаат еднаш годишно или прекусила двапати. Со нив нема што да се зборува затоа што вкусот се уште не им е дефиниран ниту пак имаат којзнае какво читачко искуство позади тебе. Најчесто тие се оние што ги гледаме сликани на плажа или на саем на книга.
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
OK eve se rasprava za vkusovi,da raspravame.
Mozete li da raspravate so nekoj koj cita Daniel Stil ili ostanati pisatelki i pisateli vo slicen stil kako na Gdja Stil.
Kako da raspravas ili razgovaras i imaa li smilsla voopsto da se vodi nekakva rasprava( navodnici kade treba).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Оставете тоа, туку, поттикнат од оваа листата на BBC, почнав да размислувам: зошто и ние не направиме нешто слично, само за македонски автори и дела. Кои би биле 100-те A MUST кај нас?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас носам patiki na povisok dzon и немам фатено чиклит во животов, строго од Достоевски преку По на Дојл па назад на Достоевски.
Дали имам криза на идентитет, дали се е во ред со мене, дали сум бремена, дали треба да знам која е Алимпиќ и други прашање кои ме мачат :place:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Јас носам patiki na povisok dzon и немам фатено чиклит во животов, строго од Достоевски преку По на Дојл па назад на Достоевски.
Дали имам криза на идентитет, дали се е во ред со мене, дали сум бремена, дали треба да знам која е Алимпиќ и други прашање кои ме мачат :place:
Читај го Драган па врати се на темава да дискутираме, вака џабе, тапа.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Читај го Драган па врати се на темава да дискутираме, вака џабе, тапа.
Јас да ти кажам најискрено, овие фејсбук celebrities воопшто и не ги перцепирам како писатели, Драган е статусопишувач, а веќе и заборавив на неговото постоење.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Јас да ти кажам најискрено, овие фејсбук celebrities воопшто и не ги перцепирам како писатели, Драган е статусопишувач, а веќе и заборавив на неговото постоење.
Дури волонтирав в суд, се најдов во соба со 6 жени со кои морав да го пијам некогаш кафето.
И замисли кои се муабети сум ги слушал. Како тоа станале уште во 6 утрото, седнале под лозница, си свариле кафе и го читале Драган, па Јелена Бачиќ, па си ги покажуваа книгите со некоја ружа, срце по 300-400 страници....И кога ме прашаа дали читам книги им реков не. Од проста причина што ме мрзеше да се објаснувам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Јас зедов некни да барам кои се тие 100 a must read македонски книги. Се решив да ги одберам врз основа на тоа која книжевна творба е најчесто спомнувана во подфорумов. И ја отворив прво оваа тема, и се изначитав за некојси Дитас, па со предлози која е негова најдобра книга, па со препораки, чуда... 20 страници поминав, а Дитас беше најчитаниот македонски автор според форумџиите, па затоа, со изговор дека методологијата не ми чини, се откажав од потрагата по стоте наши.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Јас зедов некни да барам кои се тие 100 a must read македонски книги. Се решив да ги одберам врз основа на тоа која книжевна творба е најчесто спомнувана во подфорумов. И ја отворив прво оваа тема, и се изначитав за некојси Дитас, па со предлози која е негова најдобра книга, па со препораки, чуда... 20 страници поминав, а Дитас беше најчитаниот македонски автор според форумџиите, па затоа, со изговор дека методологијата не ми чини, се откажав од потрагата по стоте наши.
Злате може не 100, ама 10-20 книги наши ваљда ќе најдеме? :D Јас воопшто не се сметам за релевантен на таа тема па во случај да се направи таква листа, сигурно ќе ми користи затоа што некогаш срам ме фаќа од тоа колку наши автори немам читано...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Дај бре на толку книги 100 да не можеме да избереме. Еве од мене некои што ги читав последниве година дена. Папокот на светот од Венко (омилена книга од наш автор), Куќата на Мазарена ( првиот роман што добил Роман на годината од Утрински), Бунар од Димитар Башевски (многу добра), Единаесет жени (од жената на еден од газдите на Или Или), Првиот унив. ден на мојата ќерка (одлична), Азбука на непослушните (ако не го згрешив насловот) од Венко, Одбројување на Фросина. Сите овие ми биле одлични или многу добри. И толку ми текнуваат сега пред мобилен. Утре ќе ѕирнам, имав уште некоја што ми се свиѓа.
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Drvenite mostovi na Vardar-Ivan Capovski
Den vo Skopje-Raskazi od razlicni avtori
Bunar-Dimitar Basevski
Na ovie se secavam.


Se setiv i na : Razgovor so Spinoza - Goce Smilevski
Koga ja citav mi ostavi silen vpecatok .
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.628
Поени од реакции
33.182
Не ми беше на ум да направиме листа само со прозни форми, но така полесно ми беше, па ете, се обидов да стокмам една, што е можно пообјективно. Во план имав да направиме нешто големо, како тоа на BBC, и на пример, да контактирам 100 наши писатели, поети, книжевни критичари, публицисти и новинари и да ги замолам истите да состават свои топ 10 или топ 20, да речеме. Но тоа би било макотрпна работа и мислам дека е можно да биде осудена на неуспех од старт. Затоа составив една листичка која ја нареков

СТОТЕ НАШИ РОМАНИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРОЧИТАШ ВО ЖИВОТОТ

Во листата има само подолги прозни форми: новели, романи, но и сказни за деца, ама нема збирки раскази или поединечни раскази, нема драми, поезија и др. книжевни видови. Значи - вклучено е само она прозно кое е објавено како засебно издание, т.е. како посебна книга. Сега, можеби имам направено некои грешки, но затоа сте тука вие да ме исправите.

Ги вклучив сите наши лектирни изданија, од наше време и од ново време, и за основно и за средно, потоа: скоро сите добитници на наградата „Стале Попов“ на ДПМ (не се вклучени збирките раскази и неколку романи од 90-тите за кои не можев да најдам никакви податоци), поголем дел од добитниците на наградата „Ванчо Николевски“ на ДПМ (пак, ги нема оние за кои не можев да пронајдам податоци), и СИТЕ добитници на наградата Роман на годината на Утрински весник / Фондација „Славко Јаневски“. Знам дека веројатно има уште многу вредни нешта кои можат да се стават во листата и некои кои можеби и незаслужено се тука, но реков, нека биде ова work in progress, па се надевам заедно ќе ја подобриме.

Еве ја листата (по азбучен ред):

1 Spectator - Жарко Кујунџиски 2003
2 Арамиско гнездо - Ѓорѓи Абаџиев 1954
3 Балканвавилонци - Луан Старова 2014
4 Белата долина - Симон Дракул 1962
5 Белото циганче - Видое Подгорец 1972
6 Бојан - Глигор Поповски 1973
7 Бродови - Петре Димовски 2011
8 Бунар - Димитар Башевски 2001
9 Вест Ауст - Божин Павловски 1978
10 Вештица - Венко Андоновски 2006
11 Вивариум - Методија Фотев 2010
12 Вкусот на праските - Влада Урошевиќ 1965
13 Волшебното самарче - Ванчо Николески 1962
14 Втора смена - Велко Неделковски 1983
15 Големата вода - Живко Чинго 1971
16 Големата шума - Видое Видичевски 1986
17 Големи и мали - Бошко Смаќоски 1966
18 Гоце Делчев - Ванчо Николески 1964
19 Дваесет и првиот - Томислав Османли 2009
20 Две Марии - Славко Јаневски 1956
21 Дворскиот поет во апарат за летање - Влада Урошевиќ 1996
22 Девојките на Марко - Оливера Николова 1987
23 Девојчето со две имиња - Јадранка Владова 1993
24 Доилката - Лилјана Пандева 2016
25 Домот на Александар - Митко Маџунков 1992
26 Дружината „Братско стебло“ - Јован Стрезовски 1967
27 Единаесет жени - Снежана Младеновска - Анѓелков 2011
28 Ервехе - Луан Старова 2005
29 Златното јаболко - Христо Петрески 2014
30 Зора зад аголот - Димитар Солев 1984
31 Ѕиркачот - Александар Прокопиев 2007
32 Изгубен жегол - Милован Стефановски 2003
33 Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева 2008
34 Исти очи - Горјан Петревски 1993
35 Јадица - Владимир Плавевски 2013
36 Калеш Анѓа - Стале Попов 1958
37 Ќерката на математичарот - Венко Андоновски 2013
38 Киндер квачка - Киро Донев 1999
39 Кратката пролет на Моно Самоников - Димитар Солев 1964
40 Крвта на еукалиптусот - Иван Чаповски 1996
41 Кристална планета - Томе Арсовски 1990
42 Крпен живот - Стале Попов 1953
43 Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ 1999
44 Куклите на Росица - Оливера Николова 2004
45 Манастир Фуентерабија - Јагода Михајловска - Георгиева 2017
46 Марта - Горјан Петревски 1989
47 Маџун - Влада Урошевиќ 2018
48 Милосија - Ката Мисиркова-Руменова 1982
49 Миракули на грозомората (Кучешко распетие, Чекајќи чума, Девет керубинови векови) - Славко Јаневски 1984
50 Мојот пријател А - Јадранка Владова 1992
51 Мојот Скендербеј - Драги Михајловски 2006
52 Момчето молња - Јагода Михајловска - Георгиева 1989
53 Невестата на змејот - Влада Урошевиќ 2008
54 Некој бил тука - Николина Андова Шопова 2018
55 Нишан - Блаже Миневски 2007
56 Одбројување - Фросина Пармаковска 2017
57 Она што беше небо - Владо Малески 1967
58 Опишувачот - Ермис Лафазановски 2001
59 Папокот на светот - Венко Андоновски 2000
60 Патешествијата на Силјан Штркот - Видое Подгорец 1983
61 Пиреј - Петре М. Андреевски 1980
62 Последните селани - Петре М. Андреевски 1997
63 Потомците на Кат - Методија Фотев 1966
64 Проверка на слободата - Јован Павловски 1998
65 Пропатување низ приказните - Димитар Пандев 2009
66 Птиците од ланските гнезда - Митко Маџунков 2013
67 Пустина - Ѓорѓи Абаџиев 1961
68 Разбој - Владо Малески 1969
69 Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски 2002
70 Резервен живот - Лидија Димковска 2012
71 Рогот на љубовта - Божин Павловски 2014
72 Свадбата на Мара - Владимир Костов 1977
73 Светлина зад ридот - Трајче Крстески 1990
74 Село зад седумте јасени / Стебла - Славко Јаневски 1952 / 1965
75 Сенки и жед - Борис Вишински 1958
76 Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски 2010
77 Силјан штркот - Марко Цепенков /
78 Сказна за детето Вилен - Глигор Поповски 1952
79 Скриена камера - Лидија Димковска 2004
80 Слана во цутот на бадемите - Мето Јовановски 1965
81 Смртта на дијакот - Драги Михајловски 2002
82 Снегот во Казабланка - Кица Колбе 2005
83 Собирачи на пепел - Давор Стојановски 2016
84 Сок од простата - Јован Павловски 1991
85 Солунските атентатори - Јован Бошковски 1973
86 Споменка - Горјан Петревски 1982
87 Сребрените снегови - Живко Чинго 1966
88 Тврдоглави - Славко Јаневски 1969
89 Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски 2015
90 Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко - Јован Павловски 1972
91 Толе Паша - Стале Попов 1956
92 Требаше да се сликаме пред да се замразиме - Блаже Миневски 1998
93 Умните измислувачи - Виолета Мартиновска 2015
94 Храпешко - Ермис Лафазановски 2007
95 Црвениот коњ - Ташко Георгиевски 1975
96 Црно семе - Ташко Георгиевски 1966
97 Црноборје - Петар Ширилов 1972
98 Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев 2010
99 Џахиз и истребувачите на кучиња - Пајо Авировиќ 2005
100 Шеќерна приказна - Славко Јаневски 1952

Па? Ваше мислење? И колку имате прочитано од тука?

На листата има 9 од 50-тите, 15 од 60-тите, 9 од 70-тите, 11 од 80-тите, 14 од 90-тите, 21 од периодот 2000-2009 и 20 од 2000-денес.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom