Каков 'спектакуларен' ден...
Најпрвин сабајле не известија на работа дека следната недела ќе имаме пет инспектори кои ќе не чешлаат поединечно сите како телиња, за сработеното во последниве три години. Излегоа некои административни работи што прв пат во живот ги слушам, а треба да ги имам, а врска немам како да ги склопам...Ќе ни ставале оцени партиските бескичмењаци, закотвени со години во инспекторски фотељи, шетајќи се со актовките по институции...
Одејќи накај дома, на сред раскрсница ми се расипа колата, од ништо и нигде , како гром од ведро небо. Па ајде доаѓаа по мене, па влечи со јажиња, па на сервис. Исход: 500 евра штета, стрес во коски и изјава од мајсторите дека треба цела недела да чекам да ја поправат...
Дојдов дома, па уште и еден што го знам нешто ми промрче некои глупости на Вибер. Како нарачан беше богами. Целата нервоза му ја истурив, го направив подоле од црвите под земјата, бидејќи подолго време му го собирав.
Ваков е...ан и токсичен ден сум немала одамна.