Фан Клуб: Јувентус

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Значи Алегри ти е сеоски Мурињо само што у италија се отепани екипите и се прошетува... Значи го имаш еден ос најаките напади у свет он да ти игра у мурињо стил... мрш
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.612
Поени од реакции
5.279
Зошто сметам дека е единствен кривец Алегри?

Настрана од тоа што го напишав во минатиот пост. Алегри требаше да направи измени, и да ја промени формацијата веднаш после постигнатиот гол кој беше поништен од Мората.Од авион се гледаше дека Атлетико ќе постигни уште еден.

Кога виде дека не оди, треба тренерот да има ОСЕТ да внеси свежа крв во тимот, и да има план Б, друга формација, друг пристап, а не да го емитира Конте и да шутира палта на трева.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Јувентус
Посед на топка - 62%
Вкупно подавања - 558
Топ 5 пасери - Сандро, Келини, Бонучи, Шиљо и Пјаниќ

И тука е се кажано... да ги имаш во тим Роналдо, Дибала, Манџукиќ, Берна и да незнаеш да ги искористиш, епа баце не те бива, прочитан буквар си

Ај ако ништо друго Скудетото е наше...


Незнам зашо али повеќето фанови на Јуве, тука само ве читам многу ретко пишувам, значи да се разбереме не играме со Киево или Парма играме со предобри екипи во Европа. Значи некогаш и другата одбрана игра добро и не затвара или не дава да се игре како у тој случај сега, не викам дека Алегри нема кривица туку сите имаат сите подеднакво се криви на таквата игра, и некој ке слушнам Кансело прва требало да биде, мој кур ако беше тој ке ги победивме, мало сутра.

Знаеме дека можеме многу подобро и повеќе, на никого не му се веруваше дека со Реал кога губивме 0-3, дека можеше да се вративме, ете се вративме благодарение на Алегри така? тогаш е добар? понатака на натпреварот не коментирам знаеме сите што се деси.
Барселона падна 3-0 во Торино, така да јас мислам дека ништо не е загубено, али што требаше да се изигра денес подобро дури и мораше јбг, спорт е ова, дадоа среќен втор гол и то е то, сега ке гониме резултат и мислам дека многу подобро би се покажале, кога гониме сме подобри и верувам на пласман секако.

Пјанич имал температура пред натпреварот, а знаеме дека нашата игра не га бидува кога тој е е 100% спремен.

живи здрави реваншот го гледам 3-0.

форза момци!
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
Лани почна добро, за да се повлече на 0-3, наместо да продолжи барем за еден гол, каде што секој нареден ќе му беше како 2. Ама не., и поради тоа заврши лошо.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
До каде сме со %, стигнавме ли до 50% од силите или сеуште не :unsure: ?

За многу полувремиња можеби тоа го имам пишано, ама она што вчера го изигравме во второто мислам дека го допира дното. Атлетико ни создаде минимум 5 шанси за гол, не можевме топката да ја изнесеме од половината, одбраната беше под константен притисок. Со топката во нозе не знаевме што да правиме, џабе само ја вртевме низ одбраната до средината. Напред никаква идеја, Манџукич тотално отсечен, Дибала како и цела сезона не знаеше каде да застане на теренот, Роналдо солираше ама без никаква подршка неговиот ефект е нула. Во 95 минути не креиравме ниедна шанса од игра, се на се еден слободен удар. Срам за целиот тим, секако на чело со господинот на клупата, такозвани доктор по фудбал меѓу смртниците.

Мене најмногу ме нервира тоа глумење изненаденост, демек само до вчера е проблемот. Алегри од кога дојде нема наметнато негова филозофија, негова игра, негов стил. Тоа најмногу се рефлектираше минатата сезона кога Наполи изигра малку подобро и титулата ја земавме на среќа. Годинава кулминира, со тоа што лигата е премногу отепана, мислам најлоша што била последнава декада, а згора на се го зедовме Роналдо кој 70% од мечевите сам ги решава. Безбедно се осеќа тренерот на клупата, нема потреба да внесува новини во играта и да измислува тактики. Едноставно рогај напред до Роналдо и ќе им дадеме по 3-4 гола на сиротиње како Фросиноне и Киево (се цел респект Шики <3)

Ако некој има намера да се предаде, мислам дека веднаш треба да му го раскинат договорот. Шансите ни се мали, ама има уште цели 90 минути, на домашен терен. Сепак, ова е реалноста и за да се постигне резултат покрај мотивацијата, неопходно е да се излезе со нешто ново и пред се' храбро. Алегри ако веќе навистина е на излезна врата, тогаш не знам кој курац ќе му биде ако пак ми тактизира. Ова нападов Дибала-Манџукич-Роналдо е најлошо нешто што може да се изведе, особено во ситуација каде што никој не знае каде се наоѓа на теренот.

За реваншот, ако е здрав Коста, јас би одел со Роналдо-Бернардески-Коста-Манџукич, позади нив Пјаниќ и Матуиди. Во тек после може да се уфрли Дибала.

Сепак џабе е, исто како и лани против Реал. Не е поентата загуби го првиот меч и после на реваншот апни си од газот за да се вратиш и направи една глупост со која си надвор. Особено годинава една глупост, грешка и невнимание ќе значи по автоматизам аут. Нејсе...

Не знам што да додадам повеќе, нема што позитивно да се најде во сево ова. Нек си ебе матер...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.553
Кај ќе им дадеш бре на Атлетико 2 гола, кога ќе го паркираат двокатниот среде Торино, кур ќе им дадеме гол... Синоќа и од првото полувреме не бев задоволен, али ајде се водеше жестока битка на средината на теренот, али второто полувреме беше :sramezliv:. Незнам што му беше замислата на Др. Глобил, дали да ги фатиме на контри, дали да си одиме дома со 0-0 резултат, незнам, стварно незнам. Јас незнам што не ја рашири играта, играј со крила, стај го Бернардески, нека има ширина на теренот, а оние земале кон средина одат цело време кај што е најјак Атлетико, тенк не поминува таму.
Друго, стартува среде Мадрид против Атлетико со факинг Де Шиљо.... ФАКИНГ ДЕ ШИЉО!!! При здрав и прав Кансело, тој стартува со воонбрачниот му син.

Незнам, немам зборови... нека заврши сезонава и нека си оди Алегри, нема веќе што да понуди на тимов. И ќерка му нека ја понесе со себе, се да и ебам!!!
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Најголема предност и мана на Алегри е што знае и секога ја поставува играта према противникот, никогаш не пробал да постави негова игра и да ја наметнува на другите.

Тоа беше добро и поминуваше кога имавме послаб тим сега има квалитетен и поквалитетен од онај на Атлетико и повторно се адаптира према нив наместо да ја изгради индивидуалната игра на Јуве.

Сношти Атлетико играше со 4 ЦМ наместо да постави висок пресинг и константното да ја шири играта тој проба да помине преку средината, неможе да поминиш покрај 8 души и гол да дадеш.
Играј преку крилата, одвојувај ги нивните па да видиш дека никогаш нема да извадат топка од центар затоа што немаат крила.

"Падот" дојде кога веќе Пјанич кој беше и под прашалник сношти поради грип се измори а овај другиов му стави две крила и побрз напаѓач, вака на Фифа се победува, закасна со реакцијата и тоа беше тоа.

Иначе за мене флоп на сезоната е Дибала, страшно е колку се губи човеков, Алегри уште пред некој месец го искритикува и советува да НЕ оди на центар да ја зема топката, едно време тоа беше случајот ама овај си продолжува по старо, сега го имаме Роналдо и никој не е будала да остави празен простор со него напред и плус Дибала да го користи тој простор.

Следната ќе биде подобро, мислам дека ќе поминиме ама истото не очекува и потака со Алегри е тоа.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.891
Поени од реакции
1.186
Фудбалот е интересна работа, 2 гола се ништо, па на Реал му дадовме 3 среде Мадрид а сега играме во Торино. Не е тоа муабетот, Јувентус може да пројде али не со Алегри ко тренер, јас разбирам да имавме добра игра и да не тепаа 2-0 со тие одбитоци па да се нервира човек , она ние што го гледавме во Мадрид нема ни д од добро што на сите ни е јасно веќе како ќе тече утакмицата во Торино. Неможе бе некој си таму Парти, Саул, Родри да ти бидат појаки од нашиве играчи. Пристапот , тактиката, желбата за победа беа на страна на Атлетико тоа и пресуди, ко навивач многу ќе ми биде драго да се пласираме али мислам дека со Алегри на клупа тоа е невозможмо, па он успеа да прокоцка 3-0 предност во Мадрид само ради пичкарскиот пристап да се повлече на крај и да го брани тој резултат. Еве јас гарантирам да дадеме 2 гола во првите 30 минути до крај ќе оди на 2-0, ќе оди на продолженија и ќе отпаднеме. Тоа е менталитет и карактер на човек и неможеш да го промениш, тие му се лимитите.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Simeone? I didn’t pay much attention to his gesture. It happened at a moment of great tension. I understand it and don’t condemn it.

“I deem it necessary to affirm that ‘cholismo’ is everything for Atletico Madrid. Another small clarification is: Cristiano Ronaldo hasn’t won five Champions Leagues at all, only three; he didn’t really win the other two against Atletico…


Не го осудува гестот на Симеоне ама за гестот на Роналдо коментира
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Овој просек од тренер веќе нема кредит да коментира било што.. само спектакуларен пресврт на реваншот може да му даде ... инаку нека ќути и нека пакува куферите лако полако.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Овој просек од тренер веќе нема кредит да коментира било што.. само спектакуларен пресврт на реваншот може да му даде ... инаку нека ќути и нека пакува куферите лако полако.
Истото е, и да се вратиме со Атлетико во 1/4 финале ќе не удрат од земја.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Иначе за мене флоп на сезоната е Дибала, страшно е колку се губи човеков, Алегри уште пред некој месец го искритикува и советува да НЕ оди на центар да ја зема топката, едно време тоа беше случајот ама овај си продолжува по старо, сега го имаме Роналдо и никој не е будала да остави празен простор со него напред и плус Дибала да го користи тој простор.
Не знам кај тоа го критикувал Алегри што се враќал назад,кога напротив сезонава со доаѓањето на Роналдо токму Алегри му ја даде таа позиција на Дибала каде игра практично во средина и е далеку од шеснаесетник.Ради тоа е и тоа незадоволство кај Дибала зошто игра на неприродна позиција за него.Со овој некреативен среден ред во 4-3-3 формација дури и Роналдо се враќа назад да прими топка пошто нема друг креативец освен Пјанич кој рака на срце е далеку од формата од претходните сезоним,од Матуиди и од Бентанкур(кој допрва треба да се разивив како играч) не може да се очекува да ја организираат играта.

Не дека го бранам Дибала,имал и те како лоши натпревари,али ова статистика реално е и последица на оваа формација и НЕ(игра) на Алегри што ја форсира цела сезона.Знаеме сите како играл Дибала кога играл како втор напаѓач блиску до гол,не дај боже да си иде од Јуве во некој тим каде ќе игра на неговата позиција,па да сфатиме што играч сме имале во клубов.

Никако не ми е јасно зошто не смени АЛегри формација до сеа,бар да проба во Серија А(каде има осетна бодовна разлика) со некоја друга што е складна со играчите што ги има.Никад нема да ми стане јасно зошто уште си ја фура 4-3-3 со овој среден ред што ги има на сметка на онакви офанзивци што ги има на клупа.Пред две сезони кога стигна до финале играше со 4-2-3-1 за која немаше никаква клупа за ротација,и цела сезона играше со Манџикич и Куадрадо како крила.

Со негов амин лани му беа купени уште две крила лани за таа формација (Коста и Бернардески),а сезонава дојде и Роналдо.И на сите овие крила и напаѓачи наместо да ги искористи или бар да проба некоја таква формација.Тој цела сезона игра 4-3-3 каде нема доволно креативци во средниот ред и измислува топла вода со Дибала или Бернардески како некои атакинг мидфилдери кој примаат топка на средина на терен и се далеку од гол.
Кој кур тогаш барал вакви офанзивни играчи, пологично е место Коста или Бернардески да земеле некои играчи за во средина,ако мислел големиот мастерјманд Алегри да игра со оваа формација.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.553
Ќе биде смеење ако остане и наредната сезона Алегри на клупата... :)
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Ќе биде смеење ако остане и наредната сезона Алегри на клупата... :)
Taka ic nema da go gledam timot jer ke bide vekje videno: titula vo seria a osvoena so mizerna igra i ispagjanje od LS vo grupna faza..
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Не знам кај тоа го критикувал Алегри што се враќал назад,кога напротив сезонава со доаѓањето на Роналдо токму Алегри му ја даде таа позиција на Дибала каде игра практично во средина и е далеку од шеснаесетник.Ради тоа е и тоа незадоволство кај Дибала зошто игра на неприродна позиција за него.Со овој некреативен среден ред во 4-3-3 формација дури и Роналдо се враќа назад да прими топка пошто нема друг креативец освен Пјанич кој рака на срце е далеку од формата од претходните сезоним,од Матуиди и од Бентанкур(кој допрва треба да се разивив како играч) не може да се очекува да ја организираат играта.

Не дека го бранам Дибала,имал и те како лоши натпревари,али ова статистика реално е и последица на оваа формација и НЕ(игра) на Алегри што ја форсира цела сезона.Знаеме сите како играл Дибала кога играл како втор напаѓач блиску до гол,не дај боже да си иде од Јуве во некој тим каде ќе игра на неговата позиција,па да сфатиме што играч сме имале во клубов.

Никако не ми е јасно зошто не смени АЛегри формација до сеа,бар да проба во Серија А(каде има осетна бодовна разлика) со некоја друга што е складна со играчите што ги има.Никад нема да ми стане јасно зошто уште си ја фура 4-3-3 со овој среден ред што ги има на сметка на онакви офанзивци што ги има на клупа.Пред две сезони кога стигна до финале играше со 4-2-3-1 за која немаше никаква клупа за ротација,и цела сезона играше со Манџикич и Куадрадо како крила.

Со негов амин лани му беа купени уште две крила лани за таа формација (Коста и Бернардески),а сезонава дојде и Роналдо.И на сите овие крила и напаѓачи наместо да ги искористи или бар да проба некоја таква формација.Тој цела сезона игра 4-3-3 каде нема доволно креативци во средниот ред и измислува топла вода со Дибала или Бернардески како некои атакинг мидфилдери кој примаат топка на средина на терен и се далеку од гол.
Кој кур тогаш барал вакви офанзивни играчи, пологично е место Коста или Бернардески да земеле некои играчи за во средина,ако мислел големиот мастерјманд Алегри да игра со оваа формација.
Заборавив пред која утакмица беше пресот каде што Алегри директно му посочи на Дибала да не оди до средина да ја бара топката, но ето тој си продолжува.
Дибала играше и среден во 4 3 3 и во 442 и секаде во 4 2 3 1 и во 4 3 1 2 и тој истото го прави.
Најочигледен беше против Милан во Супер Купот таму му поминуваше затоа што играше против таков тим, против другиве неможе да претни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom