Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Ретка појава е Дарио на МК сцената, но се уште е доста далеку од елитата (читај можност за медал на било какво релевантно првенство ЕП,СП,ОИ или првите две во сала) на 1500 и 3000метри. Како и да е, огромен резултат за МК услови и само нека продолжи да пишува историја.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
1150 ден. се плаќа учество на Скопски маратон. Некако многу пари ми се за нешто што не знам дали ќе се спремам. Единствено како мотив да ти служи. :D
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Некој совет за спремање за полумаратонот? Имено од лани април до сеа имам ослабнато бааги над 30кг, вежбам Insanity но неам трчано. Со воспалени препони поради едно по едно инсенити 4 тренинзи и пешачење до крст на Водно, бидејќи се погоди ептен убав ден пред две недели истрчав 10к со паузи од по помалце од една минута меѓу секој километар. Не сакам многу трчање поради тоа што ми се рамни табаните и ми праи терет и на лигаментите на листот и на коленото така да... да се префрлам од хиит на само трчање за да се ставам на некоја "препорачана" програма за спремање за полумаратон и не ми е баш мерак.. Ваше мислење дали со 4-5 недели би се спремил за да го истрчам само, не бркам време сепак прв воопшто настан со трчање ми е. Апсолутно не сакам да испаднам дека се преценувам и дека не сериозно ги земам тие 20к, но се чуствувам во добра кондиција и спремен ама сакам да го избегнам уништувањето на колената, затоа гледам на варијанта помалку недели на само трчање. Поздрав :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Имаш два и пол месеци до тогаш. Мора да праиш дистанци, пошо не е само мускул, туку треба и дишење и работа на срце да ти се навикне. Со два-три пати неделно трчање дистанци од 12-15км сигурно ќе истрчаш. Може некои тренинзи на помала километража ама со појачано темпо. Има по интернетов некои совети, програми....а ете и уплати си бројче, па ќе имаш повеќе мотив. Сега и денот е малку подолг, а се надевам и воздухов малку почист, па ќе може почесто да се вежба надвор.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.287
Поени од реакции
4.689
Некој совет за спремање за полумаратонот? Имено од лани април до сеа имам ослабнато бааги над 30кг, вежбам Insanity но неам трчано. Со воспалени препони поради едно по едно инсенити 4 тренинзи и пешачење до крст на Водно, бидејќи се погоди ептен убав ден пред две недели истрчав 10к со паузи од по помалце од една минута меѓу секој километар. Не сакам многу трчање поради тоа што ми се рамни табаните и ми праи терет и на лигаментите на листот и на коленото така да... да се префрлам од хиит на само трчање за да се ставам на некоја "препорачана" програма за спремање за полумаратон и не ми е баш мерак.. Ваше мислење дали со 4-5 недели би се спремил за да го истрчам само, не бркам време сепак прв воопшто настан со трчање ми е. Апсолутно не сакам да испаднам дека се преценувам и дека не сериозно ги земам тие 20к, но се чуствувам во добра кондиција и спремен ама сакам да го избегнам уништувањето на колената, затоа гледам на варијанта помалку недели на само трчање. Поздрав :)
http://mojtrener.mk/2016/03/10/10-nedelen-plan-za-trchane-programa-za-pochetnitsi/


http://mojtrener.mk/2016/03/10/4-nedelna-programa-za-trchane/
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
1150 ден. се плаќа учество на Скопски маратон. Некако многу пари ми се за нешто што не знам дали ќе се спремам. Единствено како мотив да ти служи. :D
Паа јас обично меѓу последните се пријавувам :D Од друга страна ако се пријавиш ќе дадеш повеќе од себе за да се спремиш. Јас највеќе ради можност од повреди не брзам со пријавувања, мада последниве две години и не знаев баш за што ќе успеам да се спремам. Пред неколку години се повредив месец дена пред трка, среќа не бев пријавен.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
1150 ден. се плаќа учество на Скопски маратон. Некако многу пари ми се за нешто што не знам дали ќе се спремам. Единствено како мотив да ти служи. :D
убав мотив е кога ќе ги дадеш парите, нема враќање назад ;) До лани кога имаше визз ваучер од 20еу па и dryfit маица, не беше лош пакетот. Иначе да не му треба на некој ваучер?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Одложен маратонот во Малта поради лоши временски услови, им го одложуваат на луѓето од денес за утре, доста зезната ситуација за организаторите и особено за странските учесници, кои ги има во голем број. Барем десетина учесници само од Македонија специјално отидоа во Малта само за маратонов, една од нив е и форумџика тука... Ќе речев ај барем ќе прошетаат, ама ако е лошо времето, ќе мора во хотелски соби да го поминт остатокот од престојот... Лоша работа. :(

http://www.independent.com.mt/articles/2019-02-23/local-news/Malta-Marathon-cancelled-as-more-bad-weather-expected-on-Sunday-6736204125?fbclid=IwAR22sSH-MhvXfMkEfi9XDr-gp5CzEJkuyXECUYZaNMFN13T41nFi0ksTr6k

Во Сплит викендов има доста маратонци од Македонија исто, времето и таму е доста лошо, силни ветрови што сигурно ќе отежнат многу, но трката ќе се одржи.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Prestanaa vetrovive sea ne se ni 20 na saat, sinoka vo 4 sabajle 176km/h kazuvaat deka bilo.
Denes samo nautro bese prejak i nula stepeni. Detskata trka u Split namesto 2.5 trchaa 1.25km, pa mozea I utre namesto da trchame u 9 saat na 3 stepeni, da pomestea vo 12:00-13:00 na idealni 9-10 stepeni
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Еве ви неколку тренинзи по пливање кои можете да ги користите како бонус, еднаш или два пати неделно во базен :D Гледам дека Најк клубон одат во Синерџи ама па според мене може и пристрасно, многу поголем ефект на аеробниот капацитет има да се оди на базен кога се може или па пливањето да се користи како recovery. Гледам и еден куп странски сајтови за трчање препорачуваат комбинација од овие два спорта.

Немам видео за овој тренинг а го пливам често, според мене е најлесен од сите што ќе ги постирам затоа што бара само константност во темпото.

Warm up

500 free
200 backstroke

Main set

1000 free
(ако имате пераи ставете)

Cooldown

100 free

Акцентот е ставен на слободниот стил и на одржување темпо низ целиот главен сет, оној километар. Не се напињајте да брзате, гледајте да нема варирање и пад на брзината и да се зема воздух на секој трет завеслај.


На видеава се па детално објаснети сите тренинзи:


Овој е полесен тренинг во мешано стил кој ги опфаќа сите четири стила:


FrIM значи мешан стил само пеперутка се заменува со слободен стил, се си е објаснето во видеата.

Ова е отров тренинг исто во мешано стил, почнете го само ако сте навистина фит и имате веќе какво такво пливачко искуство :D (она drill не ви треба)



И за крај овој можеби е најкраток, се плива некаде за 45 минути ама најмногу го оптеретува кардиоваскуларниот систем. Изминатата недела го пливав со по 5 секунди пауза на интервалите и кога завршив (со 3 повторувања како што пишува) ми требаа 3 минути да ми се врати видот, се ми беше матно :pos: тие 4х50 се пливаат најбрзо што можете ама и да обрнете внимание рацете и нозете да ви се координирани, нозете да работат цело време и да не го кратите завеслајот.


Обично во пливањето како спорт има 4 вида на тренинзи кои најчесто се комбинираат:

1. Темпо (првиот) кој најчесто го пливаат пливачи кои се бават со пливање маратони и тркине од 5 и 10 км на отворено;
2. IM - концентрирање на сите четири стила подеднакво, пливачи кои пливаат мешано и трки во барем два стила
3. Drill - тоа што реков да го избаците, дека не ви треба - концентрирање на стилот, градење навика како телото се однесува во вода, да не шантра лево десно и рацете да не одат една лево, друга десно како кај жаба
4. Sprint - тренинзи на кои ставаат акцент пливачине кои ги гледате на Олимпијада дека пливаат 50&100 метра, нешто слично на последното видео.

На видеата ќе видите некои фази како best average, threshold, итн., не се оптоварувајте со тоа.

Кој сака и после маратонот летово да си оди на пливање, нека си ја спушти MySwim Pro апликацијата од која се и видеава, ја има и за Android и за OS. Се плаќа ама има и бесплатни тренинзи, одредени програми за почетници, доста помага. И нормално аднете ме за пријател таму ако почнувате :D
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Апсолутно точно е се ова што ви го пиша @Ilumious, само малку да појасниме, Најк клубот кога оди во Синерџи нема пристап до справите, туку само до салата. Да нема недоразбирања, не вежбаат еднаш неделно мускулни групи со тежини на справи, туку прават вежби за техника на трчање, општи вежби за истегнување во салата што е во склоп на Синерџи, патем има и неколку тегчиња од страна со помали килажи, така да може некое женско да си комбинира вежби и со тегчиња. Ова примарно, не е за луѓето што сакаат да се спремаат профи за маратонот, туку е првенствено наменето за луѓето кои сакаат да започнат со трчање, па ова им е на некој начин подготовка да го научат стилот на трчање како превенција од повреди, како и добар начин на одржување на контакт со трчањето во зимно време кога е загаден воздухот.

П.с. Во клубот иако мнозинството се постари луѓе рекреативци, кои сакаат само да се спремаат да можат да истрчат или завршат некоја трка, трчаат за дружба или пак само трчаат за да ослабнат неколку килограми, има и доста спремни луѓе, што постојано комбинираат трчање + возење точак + пливање + вежбање со сопствена тежина и кај истите кондицијата после пасивен период 99% останува непроменета. Секако за оваа опција треба огромен калориски внес, како и јака градба, бидејќи не секој може на толку активност да не се повреди, мускули, колена, жили, тетиви на нозе највеќе страдаат.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во пливање можеш да се повредиш само ако се пеплосаш на плочките со некои грди папучи :D се шалам, рамењата при акумулиран замор премногу болат, исто и кога се одбиваш со нозете од базенот при окрет мораш да пазиш да не го истегнеш листот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom