Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
6 февруари 2019
Мислења
57
Поени од реакции
25
Мислења за:
Тојтовска Билјана - Дискретна математика и
Филипоска Соња - Основи на сајбер безбедност?
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Мислења за:
Тојтовска Билјана - Дискретна математика и
Филипоска Соња - Основи на сајбер безбедност?
Соња и Мишев ќе го држат предметот, но за прв пат годинава. Што ми имаат кажувано знам дека се добра комбинација. Запишав два нивни предмета семестаров.
 
Член од
14 август 2017
Мислења
9
Поени од реакции
0
Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
Ја лани слушав кај Ивица и предавања и вежби, доста добро објаснува, плус се задржува доста на битните работи значи добро го поминува материјалот. Ја поминав без мака што слушав кај него и лабораториските лани ми се свиѓа тоа што ги сменија, гледај тоа значи 2 саати неделно одвој си пред лабораториски да го пројдеш материјалот и плус таму што ќе решаваш, мислам дека без гајле ќе го поминеш предметот.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
Од пред 3 години, Маџаров имаше одличен пристап, за другиве не знам. Јас би ти препорачал кај него. Тој дури и кодираше на часот, за разлика од останатиот кадар.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
Зависи на кое ниво си запознаен со програмирањето, до кој степен ти е развиена логиката и ги сфаќаш работата.

Ана МБ - можеби единствен професор кој користи методи како во средно, основно, односно испрашува рендом луѓе, и колку и да го мразев тоа на почетокот кога бев труба, подоцна сфатив дека е нешто најдобро и дека сакал нејќел од 100% неразбирање на часот, ќе разбереш нешто, бидејќи ќе ти го објасни директно тебе и нема да те остави дур не се осигура дека си го сфатил. Исто така, имаше моменти кога требаше на лист сите да напишеме како би требало да изгледа кодот, и поминуваше покрај секој да види (50 души) да види дали има некој што не знае да му објасни. За ова и нема рамен, и ако сакаш пристап што највеќе личи на средно/основно оди кај Ана, супер е.

Маџаров - како што кажа Гард, програмира кодот секој час, и доста често не ни поминува по слајдови, туку суштината преку примери ја објаснува во директен код на практични задачи или пак задачи што се паѓаат на испит, ако учиш редовно, и не ти е шпанско село тоа што се работи, Маџаров ти е убедливо најдобра опција.

Ивица - најдобар за тапчовци, ако не учиш редовно, и ти треба некој соџвакано да ти ги претстави работите, Ивица ти е најдобар за тоа, за најпристапен начин ќе ти предаде, е сега лошото е што тоа што ќе ти предаде ќе го сфатиш, ама нема нешто многу да ти се најде при полагањето испит, ќе мораш дома да седнеш убаво и да видиш како што би се променило, според слајодив оди се педантно.

Невена - не ми се допадна начинот, многу ми брзаше, исто по предавања оди, ако ги сфаќаш работите и тековно учиш, би немал проблем и кај неа мислам.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Димитрова д-р Весна - Оперативни Системи
Ѓорѓевиќ д-р Дејан - Софтверско Иненерство
мислења ?
Оперативни системи ти е ист материјал кај сите, сеедно кај кој ќе слушаш, јас првите неколку предавања одев и после си учев дома само и без проблем положив теорија. Кај Ѓорѓевиќ е ист материјалот како кај Маџаров, а вториот подобро објаснува. Исто и за софтверско инженерство немаш голема потреба од одење на предавања, ама доколку веќе одиш, оди кај Маџаров, кажува интересни работи.
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
15
Поени од реакции
10
Мослење некој кој е најдобар проф. објектно? Го презапишав и има ли некој проф/асистент каде што подобро ќе поминам и полесно?
За асистент би ти препорачала да одиш кај Стојменски. На предавања не одев, туку само кај него на вежби и без проблем го положив предметот.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
66
Поени од реакции
26
Кој програмски јазик се изучува на Објектно ориентирано програмирање C++ или Java ? Можеби за некого ќе звучи чудно но не сум зборувал со никој до сега за ова прашање, на официјалната страна од Финки видов дека има литература од C++ и Java ( Литература од која наводно ќе се одржуваат предавањата ). :)
 
c++ е во објектно
java се обработува во алгоритми и ос следната година + во уште некои изборни како напредно
Секако се мисли на делови од c++ и делови од јава, не целите јазици.
 
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Мислење за Кире Триводалиев по објектно-ориентирана анализа и дизајн и Дејан Ѓорѓевиќ по објектно-ориентирано програмирање?
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Етест на courses.[DOUBLEPOST=1550344833][/DOUBLEPOST]Боро Јакимовски за Оперативни? Кој му бил асистент лани и идкуства со човекот?
По други предмети знам дека резултати чекаат со месеци кај него...Но за Оперативни, теорија на courses се полага така да резултати ќе имаш после полагањето откако ќе заврши терминот за полагање. За предавања не знам како предава, можеш да одиш кај кого сакаш на предавања.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
По други предмети знам дека резултати чекаат со месеци кај него...Но за Оперативни, теорија на courses се полага така да резултати ќе имаш после полагањето откако ќе заврши терминот за полагање. За предавања не знам како предава, можеш да одиш кај кого сакаш на предавања.
А како оценува? Строг е или пушта по некој поен?
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Вештачка интелигенција каде е најдобро да се слуша? Гледам годинава го држат Кулаков, Здравкова и Триводалиев. И што мислите за тежина на предметот, како се полага?
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Кире Триводалиев најдобро предава со тоа што и Катерина и Кулаков добро го предаваат предметот. Најстрого теоретскиот дел го оценува Кире, но генерално гледано и тројцата се принципелни. Интересен и релативно тежок предмет, сепак со почнување на учење на време за положување не е претешко... Посвети внимание на двете домашни, почни со учење на теоретскиот дел на време и потруди се да ги решаваш и разбираш лабораториските.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom