Стварно штета. Пет голови разлика на полувреме и почетен напад, и вака да го изгубиш натпреварот. Не секам да изигравам некој тренер, ама Паронда стварно ја засра. Ај за Борозан очигледно дека уште не е доволно опоравен па не добива доминантна минутажа, ама што беше форава со Кара? Па маме му ебам Скубе го одигра цел натптевар, па и да беше генијален ( а не беше) ќе му поделеше бар минутажа со Кара, кој е во топ форма!. Мислам дека тука Парондо малце се изгуби, ама тоа е. Коа ќе се погледне овака на крајот, болно е тоа што имавме одлична предност на полувреме која едноставно моравме да ја зачуваме до самиот крај па макар победиле и со еден разлика. Начинот на кој Веспрем за само 8 минути од второ не стигна е поразителен. Ај што не стигнаа, ама начинот на кој едноставно се губевме у напад, на моменти не можејќи да го видиме голот е ужас. Очигледно е дека фали Борозан, иако Дисинџер одигра одлично прво полувреме. Одлуката за лимитираната минутажа на Кара се уште е енигма за мене, кажете ако знаете некоја причина зошто беше така. На резултатот доста влијаеа и некои зицер промашувања кои не смееа да се случат во тие моменти ( Дибиров, Чупиќ пенал итн) ама тоа е спорт, сигурно тие најмногу посакуваа да постигнат гол, На крај тоа е, ќе беше одлично да победиме во борбата за второ место, ама па од друга страна очекувани се вакви порази сезонава. Ќе одиме чекор по чекор па како испадне на крајот. Мислам дека со целосно здрав ростер, имаме шанси да играме против секоја екипа ( само да го избегнеме ПСЖ).