Тешко дека за Нуркиќ е класа пошо додека некој го хајпаше Кантер другиот излезе од позадина и го засени во секој можен сегмент, барем до сега. А ова лутањево на Кантер лево десно по тимови кажува дека не е баш најсериозен играч, зашо во време кога има дефицит од добри центри, нарочито претходните 2-3 сезони пред да дојдат овие новиве Ајтон мајтон, Таунс и коНпанија, Кантер не успеа да се наметне нигде, дури ни во еден мочан Њу Јорк. Од друга страна Нуркара напредна 200 %, во одбрана е коска, не може ни тенк да го помести, во напад не е можда Олајџувон ама доста солидно си ја врши работата, мислам дека има најдобри бројки во кариерата оваа сезона. Впрочем, затоа и ќе му биде измена сега во Портланд.
По мене преценет играч е Кантер, уште од млад го заташкаа со мега јаки договори што не ги заслужува и стана потежок за трејдање, па затоа и му се случи ова што му се случи. И јас се надевам дека ќе се оправи во Портланд, добар играч е нема збор тука, ама познавајќи го до сега што правеше и не сум баш убеден во тоа.