Добри места за излегување на дејт во Скопје?

caL

Член од
15 февруари 2019
Мислења
3
Поени од реакции
1
Отприлика насловот објаснува се. Ме интересира, според вас, кои се најдобрите места за излегување на дејт во Скопје (кафичи, ресторани и сл.).

Бидејќи сум студент од надвор не знам баш кои се поинтимни и поинтересни локации и секој предлог би бил добредојден :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Дефинирај поинтимни...

Ако под интимно подразбираш добро уредено, каде што масите нема да се на пола метро растојание, т.е. кога седиш да не ги слушаш сите комшиски маси што зборат, ти препорачувам овие во Лептокарија - Карпош 3, пред се Мартини, Џовани, Енрико. Првиве две ти се почил и поголем е просторот, па можеш да си избереш маса околу која има доста празни маси, особено кога не е петок/сабота навечер.

Ако под интимно подразбираш место каде што може да се утепате од лапање со невестата без никој да ве гледа, такви две ми текнуваат. Едното ти е Кашмир, на улица Ленинова близу Соборна, таму на горниот кат имаше и завеси на некои маси порано, така да тотално сте изолирани од останатите маси, како дома да сте. И уште едно, New Age се викаше кафичот, ама тука не ти препорачувам да стапнеш, ова е исто по уличките кај Ленинова, уреден е во стилот, имаш соба ко посебна, доле на черги послани седиш ко во турските филмови, и се околу тебе е со исшкртани ѕидови со маркери, пенкала итн, се осеќаш ко да си на таен состанок на Хамас, ладно е и не ти препорачувам баш, бар не за зимно време.

Како и да е, во секој случај избегнувај локали како Плажа де Торос на кеј горниот кат, каде што најголем дел од масите се преблиску до другите маси, и цело време околу тебе минуваат келнери, или пак Тренд во СЦМ внатре каде што на мал простор има едно 75 маси и во никоја категорија не ти е интимна атмосферата.
 

caL

Член од
15 февруари 2019
Мислења
3
Поени од реакции
1
Под интимно мислев на некое поуредено место без преголеми гужви. Ќе ја заобиколам канцеларијата на Хамас сега за сега :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom