Библијата

Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Не можеш да спречеш нешто кај човека ако внатрешно во него има глас кој што го повикува да дејствува...
Ова е веројатно точно. Само треба да се дообјасни дека секоја птица во своето јато си лета. Луѓето имаат различни природи и во согласност со тоа слушаат различни гласови. Очигледно е дека постојат такви кои наоѓаат убавина и вистина во начинот на живеење што им го предлага сатанизмот. А очигледно има и такви кои го мислат спротивното...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667

Кога може еден муслиман и христијанин да најде полезност во неговите книги, зошто не и другите во нивните.... битно е да се мери се во однос на човештвото, а не во однос на боговите! Бидејќи, реално - човештвото пред се!
Библијата не е врвот на човековото достигнување.
Па и сатанизмот произлезе од старо-еонските религии како револт, но тоа е друга тема - не сум по сатанизам ...
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Кога може еден муслиман и христијанин да најде полезност во неговите книги, зошто не и другите во нивните.... битно е да се мери се во однос на човештвото, а не во однос на боговите! Бидејќи, реално - човештвото пред се!

Библијата не е врвот на човековото достигнување.
Не сум сигурен дека зборуваме за иста работа. Може ли поконкретно:

1. За каква заедничка полезност од книгите зборуваш кога за едни сметаш дека се вистина а за други - лага. Што е тоа што е заедничи полезно?

2. Зошто човештвото пред се?

3. Што е врвот на човековото достигнување?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Не може поконкретно.
Темата е Библија. Зошто се губите и заборавате кај сте, што дискутираме и постојано си водите ваши разговори?
Има теми, најдете ја соодветната и поставувајте прашања таму колку што сакате!

Јас не сметам ништо. Јас дискутирам за тоа како е разбрана Библијата, како никој не смее да ја критикува и како мирјани се справуваат со тоа. Никогаш не дискутирам за свети книги без да дадам како некој ја протолкувал :)
Бидјеќи мајмуните пред се, не бидува.
Не постои врв на човековото достигнување. Престанете со тој врв, со поставување некаква цел и потоа одмор.
 
Прашањата се одлична работа, помагаат да разбереш што точно мисли соговорникот а помагаат и самиот оној кој ги поставува подобро да си ги разјасни работите. Сите прашања што ги поставив произлегоа од твојот пост. Доколку јас сум ја промашил темата тоа е пред се твоја заслуга:). Јас сум на форумов затоа што темата ме интересира и затоа што сакам да си разјаснам некои работи самиот на себе. Логично е да претпоставам дека оние кои се на форумов поради истите причини го мислат истото. Меѓутоа јасно ми е дека има и такви кои се на форумов поради разноразни други причини и повеќе преферираат монолози. Ни тоа не ми смета. Сепак, овака или онака, ти на мојте прашања одговори за што ти должам барем еден like:).

Што се однесува до самата Библија, таа несомнено е едно од позначајните културни достигања на човештвото и сигурно заслужува посоодветно внимание и толкување. Тоа што некои политичко-економски организации и центри на моќ сакаат да имаат монопол во толкувањето е разбирливо но не ми е јасно зошто толку те иритира. Веројатно во некоја друга прилика.

Бидјеќи мајмуните пред се, не бидува.

Не постои врв на човековото достигнување. Престанете со тој врв, со поставување некаква цел и потоа одмор.
Токму тоа и беше прашањето - зошто човештвото пред се? Не ти се чини ли дека таа изјава е прилично пристрасна и необјективна?

Можеби лошо го формулирав прашањето. Посоодветно е - што би можело да се смета како врв на човековото достигнување?

Што се однесува до тоа дали треба да се живее со некаква цел - мислам дека и тука постојат разлики помеѓу луѓето. За оние кои спаѓаат во рационални типови целта е нешто неопходно а животот без цел е нешто сосема бесмислено.

Како сево ова има врска со Библијата веројатно ќе стане јасно понатаму.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Конечно некој да забележи дека сепак одговарам на прашањата. :)

Библијата ако не се разгледува преку еврејските философии, египетските мистерии, зороастроизмот, грчките верувања и сказни, гностиците и нивните философирања - ќе заглавеме во догмата и постојано ќе вртиме едни та исти муабети.. и најголем авторитет ќе ни бидат „црковни свети отци“ кои се дрзнаа да критикуваат прастари учења од кои го изградија нивниот свет!

Како што велиш ти - политичко-економските организации и центри на моќ (така наречени Црква, со големо ц) ќе имаат постојано власт врз мирјанинот кој што во старт е научен да не прашува многу, туку да верува. Бидејќи основата на стариот еон е верувањето. А тоа не е знаење, а уште помалку искуство, како искористено знаење во пракса!
Не сакаме да бидеме мирјани, нели?

Во врска со тоа дека е едно од познајачните дела на човековата историја... може да е точно ова, но само ако се разгледува од каде доаѓа оваа книга и чии размисли ги носи. Евреите како основа... да не зборувам за другите. А тоа е само нивната егзотерија, замислете што се содржи нивната кабала со која се отклучуваат овие книги нивни...
Ако седне човек да се заморува со истокот и нивните философии, за многу брзо време ќе заборави дека Библијата е нешто корисно за човекот во пракса и дека му дава пристап до божественото.
Верувањето во нешто не те поместува од место во однос на ова во кое што веруваш! Верувај и ќе биде... молам? :)
Па не е човештвото притавен факултет па мора сите да го завршат! :)

Не постои врв на човековото достигнување!
Постои следен чекор... а и тоа е многу далечно за некои. Ништо не е бесмислено. И сечија индивидуална колосална цел е поврзана со тој „следен чекор“. Не постои ништо одвоено во универзумот.

П.С.
Како што вели еден познат Телемит: по еден човек во даден момент да зачекорува во новиот еон, човештвото ќе надмине!

Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
Сите теми се интересни но засега можам само за секоја по малку, колку да одговорам.

Библијата ако не се разгледува преку еврејските философии, египетските мистерии, зороастроизмот, грчките верувања и сказни, гностиците и нивните философирања - ќе заглавеме во догмата и постојано ќе вртиме едни та исти муабети.. и најголем авторитет ќе ни бидат „црковни свети отци“ кои се дрзнаа да критикуваат прастари учења од кои го изградија нивниот свет!
Секоја книга па и Библијата може да се анализира на многу нивоа. Генезата на ниту една книга, па дури и наједноставната детска поезија не може целосно да се разбере без да се земе во обзир антиката. Меѓутоа, она што нас, обичните читатели, не интересира во Библијата се нејзините основни пораки кои се поприлично едноставни и јасни (иако не сосема идентични во стариот и новиот завет). А за вредноста на тие генерални идеи може да се суди врз основа на нивното значење и употребливост во секојдневниот живот на оние кои тие идеи ги прифаќаат како вистинити.

Како што велиш ти - политичко-економските организации и центри на моќ (така наречени Црква, со големо ц) ќе имаат постојано власт врз мирјанинот кој што во старт е научен да не прашува многу, туку да верува. Бидејќи основата на стариот еон е верувањето. А тоа не е знаење, а уште помалку искуство, како искористено знаење во пракса!
Не сакаме да бидеме мирјани, нели?
Принципите на религијата се метафизички. Темелите мора да бидат догматски како и во секоја друга философија. Меѓутоа не постои догма која би се одржала подолго време доколку нема некоја основа во праксата.
Мирјаните не ми пречат. Како што веќе реков постојат различни психолошки типови и секој си има свои предности и недостатоци.

Во врска со тоа дека е едно од познајачните дела на човековата историја... може да е точно ова, но само ако се разгледува од каде доаѓа оваа книга и чии размисли ги носи. Евреите како основа... да не зборувам за другите. А тоа е само нивната егзотерија, замислете што се содржи нивната кабала со која се отклучуваат овие книги нивни...
Не мислам дека е битно од каде една идеја доаѓа. Битно е колкаво е влијанието на таа идеја и за поединецот и за човештвото како целина.

Не постои врв на човековото достигнување!
Постои следен чекор... а и тоа е многу далечно за некои. Ништо не е бесмислено. И сечија индивидуална колосална цел е поврзана со тој „следен чекор“. Не постои ништо одвоено во универзумот.
Ако чекориш без цел многу веројатно ќе се вртиш во круг. Oсвен ако со ова што си го напишал не мислиш дека некој друг управува со нашето чекорење.

Верувањето во нешто не те поместува од место во однос на ова во кое што веруваш! Верувај и ќе биде... молам? :)
Па не е човештвото притавен факултет па мора сите да го завршат! :)

П.С.
Како што вели еден познат Телемит: по еден човек во даден момент да зачекорува во новиот еон, човештвото ќе надмине!
Сега засега не го разбирам напишаново:).
 
B

Bafra

Гостин

Зашто да биде комплицирано и проткаено со мистицизам, некакви тајни, кога е многу едноставно :D
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
  1. Секоја книга па и Библијата може да се анализира на многу нивоа
  2. Принципите на религијата се метафизички. Темелите мора да бидат догматски како и во секоја друга философија.
  3. Мирјаните не ми пречат. Како што веќе реков постојат различни психолошки типови и секој си има свои предности и недостатоци.
  4. Не мислам дека е битно од каде една идеја доаѓа.
  5. Ако чекориш без цел многу веројатно ќе се вртиш во круг. Oсвен ако со ова што си го напишал не мислиш дека некој друг управува со нашето чекорење.
.
1. Точките 1 и 2 се контрадикторни. Ако имаш догма, не може да има анализа. Поврзано и со точка 4, бидејќи е многу битно каде од што доаѓа и кој е авторитетот од каде што е преземено/наследено учењето.
2. Не мора да бидат темелите догматски. Ниту во религијата ниту во философијата ниту во науката. Ќе се прекрши точка 1.
3. Мирјаните се оние кои најмногу креваат врева и нормално, прст кон сечие учење за да се оправда нивната догма (по урнек на свештениците од, како што кажа ти, центрите на моќ а.к.а. Цркви).
4. Човекот ако не ја знае историјата, нема да дејстува ок во сегашноста, ќе ја упропасти иднината.
5. Целта е следен чекор. Еволуцијата нa духовноста и самото човештвото - нема предвидување што е следно! Но мора да има следно...
Надминување на ова што е денес. Зборуваме за човештвото. Библијата е догма. Бара стагнација. Зарем покрај толку време жената сеуште е неспособна за свештеничка во домот на Богот?
Постојано исти морални, етички и духовни вредности, иако тие не одговараат на мноштвото? Но затоа пак тука е додаден фиктивен пекол и божество што ќе казнува бидејќи некој не оди во рамките на дадената религија.
Тука оправдувањето е дека има човекот слободна волја, но само ако тргнеш против толкувањата на свештениците и „светите луѓе“, богот многу ќе се налути и ќе страдат заради тоа бесконечно долго и многу... Кој апсурд. Почовечки бог не можеше да се смисли!

П.С. Во врска со вртењето во круг: постојано се вртиме во круг. Битно е да се најде после секој круг почетната точка преку која сме влегле во кругот (поврзано и спротивно од твојата точка 4), да се препознае и да се спореди искуството при патувањето и тој почеток, да се искористи промената - и кругот ќе се отвори и ќе го имаш следниот чекор.
Малку технички опишано. :)
[DOUBLEPOST=1550433024][/DOUBLEPOST]
Бидејќи токму астрологијата од сите науки ги има дадено најчисто и најточно симболите за непознатото ...
Би било убаво да е така. Но за жал, астрологијата и таротот никогаш не ги предале своите тајни на обичниот човек.
Најмалку преку вакви видеа...
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Прашањата се одлична работа, помагаат да разбереш што точно мисли соговорникот а помагаат и самиот оној кој ги поставува подобро да си ги разјасни работите. Сите прашања што ги поставив произлегоа од твојот пост. Доколку јас сум ја промашил темата тоа е пред се твоја заслуга:). Јас сум на форумов затоа што темата ме интересира и затоа што сакам да си разјаснам некои работи самиот на себе. Логично е да претпоставам дека оние кои се на форумов поради истите причини го мислат истото. Меѓутоа јасно ми е дека има и такви кои се на форумов поради разноразни други причини и повеќе преферираат монолози. Ни тоа не ми смета. Сепак, овака или онака, ти на мојте прашања одговори за што ти должам барем еден like:).

Што се однесува до самата Библија, таа несомнено е едно од позначајните културни достигања на човештвото и сигурно заслужува посоодветно внимание и толкување. Тоа што некои политичко-економски организации и центри на моќ сакаат да имаат монопол во толкувањето е разбирливо но не ми е јасно зошто толку те иритира. Веројатно во некоја друга прилика.

Токму тоа и беше прашањето - зошто човештвото пред се? Не ти се чини ли дека таа изјава е прилично пристрасна и необјективна?

Можеби лошо го формулирав прашањето. Посоодветно е - што би можело да се смета како врв на човековото достигнување?

Што се однесува до тоа дали треба да се живее со некаква цел - мислам дека и тука постојат разлики помеѓу луѓето. За оние кои спаѓаат во рационални типови целта е нешто неопходно а животот без цел е нешто сосема бесмислено.

Како сево ова има врска со Библијата веројатно ќе стане јасно понатаму.
Науката е најбитна и најкорисна од работите што човекот ги создал.
 
B

Bafra

Гостин
Но за жал, астрологијата и таротот никогаш не ги предале своите тајни на обичниот човек.
Најмалку преку вакви видеа...
Тоа е тоа, тајни, хокус покус, симболи, алегории итн итн. Кога нешто изгледа на хокус покус, напишано е во стилот на хокус покус, тогаш тоа дефакто е и хокус-покус. Астрологијата нема хокус покус, туку јасно си е: As Above, So Below.

Во библијата (која е препис од претходни книги) вметнале разни приказни, избришале некои делови и добиваш приказна за замајување и контрола на масата. Но поголемиот дел е опис на правилата на универзумот, сончевиот систем итн итн.
Непознати се за нас, бидејќи тие информации "некои" решиле да ги сокријат, а целта знаеме која е. Претходно биле јавно достапни и кој сакал можел да се образува.

Видеото е само капка во океанот од информации јавно достапни и кристално јасно напишани, ама ете ти одма реши да го дисквалификуваш. На пример по мене, разликата од црквата и ти, е што првите присилно и користат стравот за да те натераат да бидеш со нив и да ги прифатиш нивните учења, а ти доброволно (y) привлекувааш со мистицизам, тајни, ама исто ја замачкувате вистината. Ти дури за разлика од Ватикан, може и да не си стигнат до 33 ниво, па не си запознаен :toe:

Бидејќи темава е библијата, во неа ( а и претходни други религии) се збори Христос (кај другите друго име е) дека е распнат на 33 год. Нашиот рбетен столб е составен од 33 пршлени :sneaky:. Таму имаме уље, кое доколку знаеме како треба да живееме, од време на време има можност да дојде до тимбата наша, па таму се дели лево и десно (распнат), седи 2.5 дена и после иде во пинеалната жлезда и волааа- се просветлуваш. Или истата приказна за животот на Христос, распнувањето и воскреснувањето :D

https://universaltruthschool.com/syncretism/raising-the-chrism/

Член од
16 јануари 2018
Мислења
78
Поени од реакции
63
1. Точките 1 и 2 се контрадикторни. Ако имаш догма, не може да има анализа. Поврзано и со точка 4, бидејќи е многу битно каде од што доаѓа и кој е авторитетот од каде што е преземено/наследено учењето.
Нема противречност. Под анализа го подразбирам она што ти го наведе како неопходно да се разбере Библијата. Јас реков дека пораката на Библијата е едноставна и јасна. Понекогаш е битно "каде од што доаѓа и кој е авторитетот од каде што е преземено/наследено учењето" - доколку тоа ти помогне да го разбереш учењето. Овде тоа не е случај, пораката на Библијата е јасна и без проучување на додатни извори.

2. Не мора да бидат темелите догматски. Ниту во религијата ниту во философијата ниту во науката. Ќе се прекрши точка 1.
Сите темели се догматски, па и во науката. Друга работа е дали догмата смее или не смее да се доведува во прашање. Јас под догма подразбирам претпоставка која не може да се докаже со постојното знаење.

3. Мирјаните се оние кои најмногу креваат врева и нормално, прст кон сечие учење за да се оправда нивната догма (по урнек на свештениците од, како што кажа ти, центрите на моќ а.к.а. Цркви).
Не сум забележал дека мирјаните креваат врева за било што. Се разбира доколку навистина се мирјани.

4. Човекот ако не ја знае историјата, нема да дејстува ок во сегашноста, ќе ја упропасти иднината.
е по малку спротивно со...

П.С. Во врска со вртењето во круг: постојано се вртиме во круг. Битно е да се најде после секој круг почетната точка преку која сме влегле во кругот (поврзано и спротивно од твојата точка 4), да се препознае и да се спореди искуството при патувањето и тој почеток, да се искористи промената - и кругот ќе се отвори и ќе го имаш следниот чекор.
Малку технички опишано. :)
...но се согласувам и со едното и со другото:).

5. Целта е следен чекор. Еволуцијата нa духовноста и самото човештвото - нема предвидување што е следно! Но мора да има следно...
Значи сепак постои цел - еволуција нa духовноста и самото човештвото.

Надминување на ова што е денес. Зборуваме за човештвото. Библијата е догма. Бара стагнација. Зарем покрај толку време жената сеуште е неспособна за свештеничка во домот на Богот?
Постојано исти морални, етички и духовни вредности, иако тие не одговараат на мноштвото? Но затоа пак тука е додаден фиктивен пекол и божество што ќе казнува бидејќи некој не оди во рамките на дадената религија.
Тука оправдувањето е дека има човекот слободна волја, но само ако тргнеш против толкувањата на свештениците и „светите луѓе“, богот многу ќе се налути и ќе страдат заради тоа бесконечно долго и многу... Кој апсурд. Почовечки бог не можеше да се смисли!
Ја поистоветуваш Библијата со институционалните религии и нивните догми а тоа не е иста работа. Точно е дека Библијата е збирштина од се и сешто и во неа лесно можеш да најдеш потврда за било какво тврдење и за било каква идеологија од најхумана до најѕверска. Има и потценување на жената има и величање на жената, има политика, демагогија и тежок шовинизам. Но целината на Библијата е сепак консеквентна - таа се темели на догма но не е ниту догматска ниту мистичка туку моралистичка книга, моралистичка со хуман аспект.[DOUBLEPOST=1550484172][/DOUBLEPOST]
Науката е најбитна и најкорисна од работите што човекот ги создал.
Науката е најбитна и најкорисна од работите што човекот ги создал...во материјалниот но не и во духовниот домен.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Браво, ги разоткри сите тајни, сега си над сите религии и учења, просветлен заради „улјето“ во „тимбата“... ах да ви ги имам годините но не и умот, ќе бидат пресреќен.
Лесно е да се покриваш како си напднат, но немаш реално поима од астрологија, ова се бладања на други, кои знаат дека има луѓе убедени дека има „едноставно и лесно“ и кои се надеваат дека вакви теми се ок за криење, по Youtube и видеа кои пак попалени од Ајк и останати теоретичари на заговори траскаат зелени бидејќи малку вртат накај налудничавост.

Астрологијата е надвор од секакви библии и свети книги и е посебна наука, многу постара од сите запишани книги. Но ако сметаш дека туку така, за 2.5 години се просвелтува човек заради „улјето“, ок. На Исус ако веруваме на Библијата, Исус бил просветлен од старт, на 8 години, сигурно не вежбал јога... :)
Исто не се совпаѓа ова твоето ниту со евреите, од кои е изграден стариот завет...
Но, не можам да те просветлам за 2.5 дена, ќе мора со улјето...

Сакате се да е едноставно бидејќи мислите дека универзумот е едноставен. А не е. Тоа е една од големите тајни. Тука паѓаат религиите...

[DOUBLEPOST=1550484648][/DOUBLEPOST]
Библијата моралистичка?
Ок, нека ти биде, учи за морал од таму. Иако не знам како моралистичка книга ќе те доближи до божественото. Света книга не се заморува со човечкото, туку со божественото. Не се мешаат стварите! Но тоа е тема која, не би сакал да ја јас разглобувам на форум. :)

Не ја поистоветувам со Црква библијата. Со прст покажувам кон секоја Црква од стариот еон за уништување и налудничаво напаѓање на учења од кои подло краделе знење! Има разлика...

Нема крајна цел. Јас така разбирам цел. Како што има во Библијата цел...
Слабо дискутираш на темиве тука а и во животот, затоа не знаеш за мирјани. Ова ти е само занимација која ќе те одмине и ќе продолжиш со нешто трето во животот.

П.С. Тоа е лага дека науката и спознавањето на човекот на Земјата нема да помогне во внатрешниот пат на поединецот! Преиспитај си ги ставовите. Премногу христијански одиш, не православно христијански, но некако разводенето протестантски :)
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Браво, ги разоткри сите тајни, сега си над сите религии и учења, просветлен заради „улјето“ во „тимбата“
:neetaka::neetaka: Не така Хепта, не така. Јас никаде не спомнав тајни. Ти напротив цело време ги спомнува, цело време кажуваш дека тајните не се за секого итн итн.
Ти си тој што сите други учења ги негираш, само твоето е вистинското.

Лесно е да се покриваш како си напднат, но немаш реално поима од астрологија, ова се бладања на други, кои знаат дека има луѓе убедени дека има „едноставно и лесно“ и кои се надеваат дека вакви теми се ок за криење, по Youtube и видеа кои пак попалени од Ајк и останати теоретичари на заговори траскаат зелени бидејќи малку вртат накај налудничавост.
Кој тоа ме нападнал ... :toe: А ако ти се сметаш дека со 2-3 реченици што си ми противречел дека си ме нападнал и дека твоето знаење е вистинското, твоја работа. А дека се чуствувам нападнат од особа која цело време зборува тајни, па не ти е дадено, па нови и стари еони, мало морген :pipi:
Кој си ја има мувата на капата, цело време истото го проектира на другите. :P

Ликот што го има на видеото, знаењата не му се од јутуб и Ајк, туку од прочитани 100ци книги од разни автори,религии, а во некои се цитирани информации стари стотици години.

Астрологијата е надвор од секакви библии и свети книги и е посебна наука, многу постара од сите запишани книги.
Истово јас го напишав, дека сите книги се базирани на основа на астрологијата. А библијата е една од нив. Ако не веруваш, земи провери и образовај се малку.
Тоа што тебе не ти одговара и си мантраш тајни, хокус покус, кажува колку си еднонасочен и полн со себеси. :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom