Природна медицина

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Чај за камен и песок во бубрезите од семки од диња.

Една рака семки од диња да се сомелат ситно сосе лушпа, се ставаат во 1 литар вода и се врие се додека не остане пола од водата, половина литар.
Чајот се пие по една чашка од 50ml (ракиена чашка) на сабајле на празен стомак.

Ако има некој проблеми со камен во бубрегот, нека ми пише во порака ке му дадам број од една жена, живее во прилепско село. Прави природен напиток што го топи каменот. До сега таа жена има помогнато на мојата фамилија и на неколку мои познаници. Не бара пари за напитокот, бесплатен е.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Вистина е дека она цвеќено куќна среќничка е против шеќер во крвта? :)
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Денес се повеќе луѓе се свртуваат кон традиционалните или алтернативните облици на медицината за да си го подобрат своето здравје.Овие начини на лекување имаат холистички пристап т.е го лекуваат лицето како целина со цел да ја обноват природната состојба на рамнотежа и склад во организмот.
Акупунктура
Акупунктурата ги лечи болестите со боцкање на иглите во одредени точки на кожата.Овие точки лежат долж невидливите енергетски текови,медиријани,кои се поврзани со внатрешните органи.Иглите отвораат,го зголемуваат или го намалуваат протокот на енергија (чи) за да се обнови рамнотежата и здравјето.
Александерова техника
Оваа терапија се обидува да спречи низа пореметувања со подобро држење на телото.Оваа техника ја развил австралискиот актер Ф.Матијас Александер (1869-1955) кога открил дека заради лошото држење го изгубил гласот.
Арома терапија
Овој облик на лекување користи силно концентрирани масла,екстрахирани од растенијата.Маслата можат да се користат за масажа,за капење или можат да се вдишуваат.Пионер на модерната арома терапија е францускиот хемичар Рене Гатефос (1881-1950) кој ги лекувал војниците во Првата светска војна.
Додаток: Ружиното масло има смирувачко делување.
Кинеско билкарство
Овој метод на природно лекување е заснован на обновување на рамнотежата помеѓу јин(женското) и јанг(машкото) во енергетските текови на организмот.Според болеста се одредуваат комбинации на растенија кои се земаат во облик на чај,прашак или апче.
Во кинеската медицина за поставување на дијагнозата се користат пет елементи-дрво,оган,земја,метал и вода.
Хиропрактика
Хиропрактичар ја отстранува болката со помрднување на зглобовите,посебно во 'рбетот.Овој метод се користи за отстранување на болките во зглобовите,мускулите и 'рбетот.За основач на модерната хиропрактика се смета американецот Дејвид Даниел Палмер (1845-1913)
Хомеопатија
Хомеопатијата користи мошне мали количества материи кои во големи количества предизвикуваат симптоми од кои пациентот боледува.Целта е да се стимулира одбраната на организмот,со цел тој самиот да се бори против болеста.Основач на хомеопатијата е германскиот лекар Семуел Ханеман(1755-1843)
Хидротерапија
Хидротерапијата ја користи водата,во вид врели и студени капења или мласеви,за да ја поттикне способноста на организмот да си помогне самиот.Првиот центар за хидротерапија во Британија го основал доминиканецот Себастијан Кнајп(1821-1997)
Додаток: Млазеви со врела и студена вода ја поттикнуваат циркулацијата на крвта.
Остеопатија
Остеопатите можат да дијагностицираат и да излекуваат пореметувања создадени среде пореметувања на коскената рамка на телото.Тие со рацете ги масираат и ги мрдаат зглобовите,повторно воспоставувајќи нормални движења.Остеопатијата ја основал американскиот лекар Ендрју Тејлор Стил(1828-1917)
Рефлексологија
Во овој вид на лекување одредени области на стапалото,познати како области на рефлекси,им одговараат на одредени делови на телото.Со вешта масажа на одреденото подрачје се укинуваат препреките во енергетските текови,а на оболениот дел од телото се овозможува да оздрави.Оваа техника ја развила јунис Ингам(1889-1974) во Соединетите Американски Држави.
Шијацу
Шијацу е јапонски збор и значи " притисок на прст".Терапевтот го користи притисокот на стотина површни точки долж меридијанот на телото за повторно да ја воспостави рамнотежата на квалитет и количество енергија.Овој систем го популаризирал Токуџиро Намикоши(1905-1994)
Симболот на јин и јанг претставува склад или рамнотежа во организмот.
Камилица помага во ублажување на мигрената и артритисот.
Јагличе омага кај кожните проблеми.

Занимливости-во кинеската медицина во препаратите за лекување на бубрегот се користат исушени морски кончиња.
Во ајурведската медиина за смалување на мускулните болки се дава месо од змија отровница.
Темата е ја отварам така општо,мислам дека сите имате слушнато за Алтернативна медицина а за нивната примена не знам..еве и мене ме зачудиа наведените терапии и нивните начини на лекување. :)
Каде има во Скопје терапија од Остеопатија и Шијацу? Сакам да отидам малку да ме средат. Поздрав! :)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Интересни состојки имаат некои хомеопатски препарати.

 
C

cige

Гостин
ГРОЗЈЕ -младост за кожата. Благодарение на својствата на антиоксидансите го содржат најдобрите козметички препарати. Освен тоа, го прочистуваат организмот и може да спречи инфаркт. Грозјето е богато со витамини А, Б и Ц и со разни минерали.
Поради разните антиоксиданси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.
Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот.
Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје. Консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

БРУСНИЦА - Содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), голема концентрација на витамин Ц, калиум и растителни влакна. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.
Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.
Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.
Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото.
Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови).
Брусницата го подобрува и видот.

БАНАНА - содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение. Бананите се добар извор на магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.
Бананите се природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок
Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Таа е природен лек за слабокрвност бидејќи е богата со железо. Корисна е за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудочната киселина, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.

АЛОЕ ВЕРА - Природната алое верата содржи: калциум, магнезиум, витамини А, Ц, Е, Б12 и Д, германиум, есенцијални масни киселини, ензими, 18 амино киселини итн.
Сокот од алое вера е сврстен во еден од најдобрите прочистувачи на телото и внатрешните органи, поточно на желудник, црн дроб, бубрези, слезина, мочен меур.
Ја одржува влажноста, сјајот и еластичноста на кожата, преку неа се зголемува производството на колаген, помага при лекување на изгорениците на телото (од сонце или од зрачење) и ја ублажува болката, се користи и при лекување на хемороиди, дерматитис, црвенило, иритации, псоријаза, воспаление на очи, а воедно и успешно ги измазнува брчките.
Го одржува организмот стабилен и го чува имунолошкиот систем од болести како рак, тумор, сида, го редуцира шеќерот во крвта кај дијабет I и II, а исто така ги редуцира и воспалителните процеси како колитис, артритис, гастритис.
Игра важна улога и при заздравувањето на оштетените ткива и уништување на патогените организми. Затоа е и добра за одржување на оралното здравје, поточно на устата и забите.

МАНДАРИНИ - Во 100 g мандарини има 30 mg витамин Ц (100 g портокал има 50 mg витамин Ц), а тука се и витамините од Б групата, минералите калциум, магнезиум, цинк, па дури и 160 mg калиум, минерал кој е, покрај другото, заслужен и за правилната работа на срцето.Најважни фитохемикалии на мандарината се флавоноидите и терпеноидите, а жолтеникавата боја потекнува од ксантофилот. Мандарината, значи, во својот состав има бета каротини, а со разградувањето на бета каротините се синтеизира витаминот А кај човекот, кој витамин е заслужен за добриот вид и нежната и еластична кожа.

КАЛИНКА - Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Кората од плодот најчесто се употребува за чај против дијареја и цревни паразити.

ПОРТОКАЛ - изобилува со витамин Ц, калиум, тијамин, фосфор Г, липонска киселина (витамин Б9) и витамин Б6. Портокалот има многу позитивни страни. Тој е многу добро средство за мрсна кожа, ја освежува и чисти кожата. Богат е со бета каротин, моќен антиоксидант што се грижи за нашите ќелии.
Калциумот во портокалот ги зајакнува забите и коските. Служи и за одржување на нормален крвен притисок и подобрување на функцијата на мускулите. Една чаша цеден портокал дневно го спречува повторното појавување на каменот во бубрег.
Витаминот Ц го спречува крвавењето, го забрзува зараснувањето на исекотините и ги зајакнува крвните садови и капилари помагајќи им да ги спречат срцевите удари.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања, нивото на холестерол и крвен притисок, го подобрува имунолошкиот систем, преку големите количини на калиум, кои се наоѓаат во портокалот, се храни телото, помага при создавањето на нови ќелии, спречува создавање на различни видови на рак (вклучувајќи ги ракот на дојка и на простатата).

ДИЊА - содржи голема количина вода, а релативно малку калории, така што, таа е погодна како диетална исхрана, како дуереик и за чистење на организмот, а исто така содржи и корисни состојки: бакар, бета каротен, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, витамин А, витамин Б-комплекс, витамин Ц, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, манган, минерални соли, натриум, ниацин, органски киселини, пантотенска киселина, селен, сулфур, тианин, фолна киселина, фосфор и цинк. Како лековит дел во исхраната се користи плодот. Облогите од дињата (кришки или кора од диња) се добри против изгореници.
Поради своите состојки доста поволно дејствува на организмот кога се во прашање: акни, алергии, анемија, астма, заболувања на жолчката, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, главоболка, дебелина, губење на помнењето, дијабетис, екцем, импотенција, катаракта, мамурлук, отекувања на телото, некои врсти на рак, неплодност, несоница, остеоартритис, остеопороза, пад на имунитетот, зголемена температура, превенција од болести на органите за варење, настинки и грип, проблеми со бубрезите и мочните канали, проблеми со цревата, проблеми со кожата, проблеми со крвниот притисок, проблеми со метаболизмот, проблеми со простатата, проблеми во бременоста, против сончеви изгореници, инфекции, стрес, при убоди од инсект, хемороиди, херпес, хипертиреоза, хроничен замор, шлог...

БАДЕМ - семето од бадемот е висококалорична храна. Треба да се зема умерено од 10-20 парчиња на ден. Се препорачува на трудници, доилки, спортисти, нервозни особи и кај големи физички напори. Се користи кај зголемена киселина. Од него се припрема пијалак за отстранување на грозница. Ако патите од непријатно зуење на ушите, треба да земете бадем замотан во памук и натопен во бадемово масло и да се стави во увото, постапката да се повторува додека не ни помине.
Бадемите се богати со многу минерали, така што, во 100 грама бадеми има: 2,5 милиграма манган, 2,75 милиграма магнезиум, 3,4 милиграма цинк, 4,3 милиграма железо и 2,48 милиграма калциум. Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.
Докажано е дека бадемите штитат од срцеви напади, и секојдневно консумирање на 45 гр. бадеми го намалува ризикот од појава на срцеви болести.

ЛЕШНИК - содржи голема количина на масти и белковини и има голема калорична вредност, се препорачува во диетите за поправање и во вегетаријанската исхрана. Виното припремено со свежи и суви листови од леска, се употребува како додатна терапија кај особи кои прележале жолтица, а додека иситнетата кора од леска варена во мешавина од вино и вода се применува како облога кај гнојни чиреви и го убрзува нивното созревање. Ако имате низок притисок, јадете три пати на ден, еден саат пред оброкот по две лажичина излупени лешници. Пола саат пред оброкот јадете 200 грама црно грозје и устата исперете ја со вода

ЦИМЕТ -се употребува за појачување на чајните мешавини наменети за лекување на состојби карактеристични за зимски услови (настинка, грозница, артирт, ревматизам), има антисептичко и тонизирачко дејство, а се користел и за лекување при нарушена дигестија при немање апетит, мрзливи црева, грчеви во стомак и дијареја. Кората од циметот се препорачува и при прекумерно мокрење, полова немоќ при менструални болки, при аменореја и неплодност кај жени, не се препорачува при силни циклусни крварења.
Вистина додатоците за храна богати со германиум го забавуваат развивањето на малигните заболувања?
 
Член од
6 јули 2006
Мислења
117
Поени од реакции
8
Здраво дечки, ме интересира дали некој до сега бил во Центарот за природна медицина кај нас што го води Жаклина Марковска-Христовска и какво искуство имал?
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
Ми треба стручно мислење за ваквите методи на лечење, дали се ефикасни и дали се безопасни?

 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
bolki vo bubrezi -glavica kromid ja seckas i ja stavas vo voda da otstoi 24 casa ,proceduvas i ja pies vodata
kanterion se stava vo zejtin i taka si stoi sam pregniva melem za posekotini,opekotini da ne ostane luzna i brzo zakoravuva
vinski ocet corapite namokreni i krpa na celo natopena ja zema temperaturata
jabolkov ocet nautro po 30ml za masnotii i trigliceridi
 
Член од
28 септември 2019
Мислења
37
Поени од реакции
16
Дали знаете кое масло од оригано е најквалитетно? Фала ви.
 
Член од
10 август 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здравоо, каде да најдам масло од шипка има ли во аптеки ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom