Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
А бре, дечки, вие верувате ли на такви "приказни за мали деца"(малко просташки, ама нејсе)...

https://pressingtv.mk/makedonija/kako-ne-uspeala-bugarskata-parada-za-osloboduvanjeto-na-skopje/
Помеѓу повоената антибугарската пропаганда од југословенска страна и повоената антијугословенска пропаганда од бугарска страна, денес на просечен Македонец навистина му е тешко да установи што точно се случувало. Треба да имаме в предвид дека тие пропаганди го труеле светогледот, перспективата на луѓето од двете страни на границата, цели педесет години, па и нешто повеќе.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
se nablizuva bozik... i slucuvanjata na skopskoto Kale vo 45 godina,spremajtese za muabet po taa tematika..Za Solun Da,Za Srem NE...koja e vistinata,zosto ne se trgna za Solun, imase li strelanja,kade i od kogo ? Koj bea strelanite a koj egzikutorite, SE krie li nesto do sega. Ima (li) zivi svedoci se uste da posvedocat.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
На денешен ден, Паулус ја одби советската (прилично великодушна, со оглед на условите) понуда за предавање. Советските преговарачи се вратија од германските позиции, па Рокосовски и Воронов немајќи избор ја започнаа последната операција од оваа гигантска битка. Операција за чистење на сталинградскиот џеб, која ќе заврши на втори февруари.



Понудата за предавање без крвопролевање била пуштана на разглас, а биле пуштани и летоци.

 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Роза Георгиевна Шанина (3 април 1924 - 28 јануари 1945) била советски снајперист за време на Втората светска војна, која имала 52 потврдени убиства, вклучително и дванаесет војници за време на битката кај Вилнус.

(Нејзината пушка била Мосин Нагант 1891/30 со ПУ (СВТ) 3.5x снајперски опсег 1943.

Шанина доброволно се пријавила во војната по смртта на нејзиниот брат во 1941 година. Била пофалена за нејзината прецизност за стрелање.

Таа станала прва советска снајперистка која била наградена со "Орден на слава".

Шанина била убиена на денешен ден во акција за време на Источно Пруската офанзива, додека го заштитувала сериозно ранетиот командант на артилериската единица.

50587056_1916468015149648_8388812234284859392_n.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Епилог

Битката за Сталинград, како дел од преамбициозната Fall Blau, траела околу пет месеци и е една од најстрашните битки во историјата, со околу два милиони губитоци, вкупно. Официјално завршила на 2.II.1943, со предавањето на Карл Штрекер (Паулус во друг џеб, предходно тоа го направил, односно дозволил да го заробат), но уште неколку недели одделни групи и поединци (10.000 вкупно на број) давале изолиран отпор во морето од рушевини.
Тактички, советите ја уништија речиси целосно армиската група Бе и притоа заробија околу 91.000 заробеници, од кои само 5-6000 се вратија дома, долго по војната. Меѓу заробените се најдоа повеќе од 20 генерали и еден фелдмаршал.
Вермахтот во просек за тие пет месеци има испукано околу еден милион куршуми/проектили, од разен калибар, дневно. Иста статистика важи и за советите во рамките на операцијата Прстен (за чистење на џебот), која започна по одбивањето на првата понуда за предавање (види мината страна).
Градот е уништен околу 95%. Загубите во материјал - огромни за двете страни.
Импликациите на тактички, оперативен и стратегиски план - со голема магнитуда. Ова е првиот јавно признат голем пораз на Германија.


Заробеници минуваат крај зградата во чиј подрум се наоѓаше главниот штаб на Паулус, неколку дена пред тоа.
 
Последно уредено:
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
06.02.1945
Американски војник од Kомпанијата Б, 68-от оружен пешадиски баталјон, 4-та оружена дивизија, гаѓа германски снајперисти кои се наоѓале на врвот на црквата Сен-Мишел, додека тенкот обезбедува заштитен оган.
Место-Place de l'Église, Oberhoffen-sur-Moder, Bas-Rhin, Alsace, Источна Франција, на самата граница со Германија, 6 февруари 1945 година.
Црквата била уништена за време на ослободувањето на градот и била повторно изградена во 1956 година.
51069945_1923588721104244_7220097576584871936_n.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Окупатори или не? Како сега пишува во македонските ученици по историја за бугарските војници во Македонија за време на Втората светска војна? Како ќе пишува по ревизијата на македонско-бугарската Комисија за учебниците согласно Договорот со Бугарија? Ова е само мал дел од темата https://www.youtube.com/watch?v=zo_omj3xt58&index=11&list=PLyvB-Mt0Q1nH0mvuZjVG1i4b55ooh8Tml&t=6s[DOUBLEPOST=1552309322][/DOUBLEPOST]
Така сме учеле, а како ли ќе учиме во иднина? https://www.youtube.com/watch?v=zo_omj3xt58&index=11&list=PLyvB-Mt0Q1nH0mvuZjVG1i4b55ooh8Tml&t=6s
Беше ли окупирана Македонија пред да дојдат Бугарите 41-ва?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Беше ли окупирана Македонија пред да дојдат Бугарите 41-ва?
Согласно новите договори, од '41 имало бугарско присуство во денешна Северна М. А пред тоа окупација и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom