Мачки (општи дискусии)

Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Zdravo, imam mace i na uvoto i se pojavi nesto crno kako topka i sega i se rasiri celoto uvo i e vo takva crna topka padnato i e nadole... od sto bi mozelo da bide? mnogu mi e zal nemozam da ja gledam
Сликај го барем, белким така некој ќе добие идеа што е.
 
Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Барам женка за парање со бел персиски мачот. Ве молам пишете ми во порака ако има некој персиска мачка !!!
Да му го направиме ќеифот на малиот пред да го кастрираме :):place:
 
Attachments

Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Пријателе јас не знам шо е ова и неможам никако да ти помогнам, ама можам да ти дам предлог да ја однесиш барем на преглед кај ветринар, за то никој не земат пари а за понатака ќе ти кажат, можит лекот е 5 пари и тогаш немат да ја сватиш поентата од барање помош овде. Греота е мачето помогниму некако.
 
Член од
4 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, имам маче старо 5 месеци. До пред некој ден беше многу темпераментно, весело, дури и немирно. Но последниве неколку дена е многу мирно постојано седи, се гали, а денес забележав и оток во горниот дел на предната нога. Веднаш го однесов на ветеринар рекоа дека најверојатно се боцнало на нешто или е каснато од инсект па да пробаат да го намалат отокот ао антибиотик, а доколку не успее да го дренираат. Но и покрај инекцијата мачето е уште повеќе западнато и мене ми изгледа дека е нешто посериозно. Дали знаете што може да биде?
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
105
Поени од реакции
61

Прочистено ли е од глисти?
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
105
Поени од реакции
61
Не. Можно ли е да е од тоа?
Да, затоа и те прашав. Отокот на рачето не е од тоа, ама по другиве симптоми на тоа ми личи. И мојот мачор лани периодов фати глисти, тогаш имаше пет-шест месеци и мислев дека нема шанси сред зима да фати. Баш беше таков, безволен, само спиеше и лежеше.
Дај му 1/4 апче против глисти. За ден-два ќе ги исфрли, ќе биде кенкав и без апетит дури не ги исфрли. По три недели пак уште 1/4 ќе му дадеш, и потоа превентивно на секои 3-4 месеци според килажата (цело апче е за 10 кг). Апчињата се релативно ефтини, 30-50 денари чинат по пет шоповите.
Најдобро нека изгладни убаво па помешај му го во храна, или вметни го во парче виршла. Ако случајно го осети и го плукне, може да се даде и згмечено растворено во вода и со шприц директно во грло (пази да не те изгребе, јас обично го мотав во ќебе, како бебе :) )
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
2
Стерилизацијата е важна одлука, па информирај се добро пред да ја носиш на операција, после тоа нема назад.
Во контекст на овој дел од муабетот

Добар ден прво и поздрав до заедницава...
Се соочуваме со одлука по дома која искрено ако не се најде алтернативно решение нерадо би ја донеле(ако воопшто ја донесеме) а делот од муабетот што го QUOTE-риав уште повеќе ја усложнува одлуката.

За што станува збор:
Чуваме 3 мачки дома во моментов две сестри (едната личи на мајка и другата на татко и) кои Април-Мај ќе наполнат една година и мачорче помладо од нив околу еден месец и од други родители. Сите се прибрани дома, есента пред да почне да заладува (ни стана некако пракса изминативе 6-7 години да ги вдомуваме оние на кои им е потребно најповеќе) обично се мали мачиња спасени од нешто и сите си имаат прикаска.
Четврти пат и дојде период за парење на една од сестрите, на другата само еднаш сега-засега, мачорчето не појавува никаков интерес но од досегашното искуство знаеме дека тоа може да се смени преку ноќ-што се вика.
Дилемата или проблемот ми е оклу кастрацијата/стерилизацијата и моето несакање за донесување на таква одлука.
Изнесувањето-враќањето надвор и е ама и не е опција(кого да одбереш-пуштиш надвор?) а некој дефинитивно ќе остане дома овојпат (потопол е домот со милениче во него) ама па нема да можеме да оставиме 3 возрасни мачки дома и да имаме простор за есента што ни доаѓа.
Совет секаков е добредојден и одприлика знам што ќе ме советувате и веднаш ќе се оградам од здруженијата и вдомувањето преку нив (тотално сум разочаран од нивното работење=неработење). Како што згрижуваме мачки дома така згрижувавме и кучиња во нашиот двор и до сега ми имаат идиотите од комшии отруено 7-8 кучиња од кои 3 последниот пат пред одприлика пола година(и можеби некој ќе препознае кој сум по моите постови и барање помош по страниците на тие здруженија таканаречени пријатели на животните).
Полицијата бар советуваше нешто (иако колку да се рече) и записник направи, овие "пријателиве на животните" не ме удостоија ниту со безполезен совет од типот: Јави се во полиција.
Затоа и тука ќе прашам, дали можеби има заинтересиран љубител на мачки за вдомување на една или две од 3те да не мора ние да ја донесуваме одлуката за кастрација/стерилизација (ова со одлуката кобожем со доза на хумор требаше да биде кажано ама...)
 
A зошто мачките не ги префрлите надвор, во двор?

Не верувам дека некој би ги вдомил толкави големи а без стерилизација се како темпирани бомби, може и се трудни веќе а не знаеш. Сите ветеринари даваат попуст ако однесеш повеќе миленици наеднаш.
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
2
може и се трудни веќе а не знаеш.
Да, ја аквариумски рипки имам дома а не мачки...
A зошто мачките не ги префрлите надвор, во двор?
Само ќе го изигнорирам ова...

Знам дека претходниот мој пост е долг и не-секој сака/има нерви да го прочита но барем воздржете се од коментирање на нешто што не сте сакале да го разберете-прочитате-дочитате...

P.S. This one has an attitude, да имам, кога се пишува нешто колку само да се напише и било опфатено во мојот примарен пост...
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
105
Поени од реакции
61
Да, ја аквариумски рипки имам дома а не мачки...

Само ќе го изигнорирам ова...

Знам дека претходниот мој пост е долг и не-секој сака/има нерви да го прочита но барем воздржете се од коментирање на нешто што не сте сакале да го разберете-прочитате-дочитате...

P.S. This one has an attitude, да имам, кога се пишува нешто колку само да се напише и било опфатено во мојот примарен пост...
Што збориш бе? Не се чуди ако те изненадат некој ден, стомакот им се познава само последните 2-3 недели од бременоста.
Прочитав што си пишал. Твојот пост е "бриго моја преџи на друг". Ако веќе глумиш мајка Тереза и загрижен сопственик, стерилизирај ги што побрзо, од вакви како тебе надвор врие од бездомни мачки и кучиња.
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
2
Твојот пост е "бриго моја преџи на друг".
А кај и со која моја реченица јас го тврдам спротивното, свесен сум и нагласив дека ЈАС ТАКВА ОДЛУКА НЕ САКАМ ДА ДОНЕСАМ и мојов пост беше инспириран од реченица на член околу важноста на одлуката!!!
Ако веќе глумиш мајка Тереза и загрижен сопственик, стерилизирај ги што побрзо
Не глумам јас ништо, и не знам од што е инспирирано твојава мудра мисла, по муабетов досега шо го напраи и насоката во која е тргнат единствениот некој/а што треба да биде стерилизиран/кастриран си ти, не заслужуваш ти расплод пријателе/ке...
Впрочем кој сум ЈАС или ТИ во случајов да одлучуваш за судбината или не дај боже животот, на некое друго живо суштество???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom