Здраво на сите,
Резервирав автобуски превоз од Автобуска - Скопски Аеродром на моите, но не можам да најдам подетални информации за тоа од каде поаѓа автобусот (на резервацијата пишуваше поаѓа од автобуска станица, но името на овој превозник не ми е познато.) Прашањето ми беше дали некој патувал со овој превозник P-airbus претходно и дали може да сподели информации каде се чека автобусот за аеродром?
Ви Благодарам однапред!
Прегледај го приврзокот 202928
Досега не сум резервирал трансфер преку WizzAir, но да не имаш резервирано за дестинацијата?
Тука превозот го врши Manora (
https://www.manoragroup.com/), тие имаат договор/лиценца со аеродромот (независно од WizzAir).
Автобусот изгледа баш вака:
Обично нема потреба од претходна резервација, автобусот вози по возен ред, карта се купува од возачот (180ден), и од аеродром, и од Скопје.
Почетна станица му е наспроти влезот на Холидеј Ин, втора станица е меѓуградската автобуска/железничка, па ТЦ Бисер, па вози до аеродром.
Порано линијата ја имаше Вардар Експрес, ама им завршил договорот, сега не знам дали возат уште.
Кај меѓуградската автобуска станица автобусот застанува на главниот булевар во насока накај општина Аеродром, под железничката станица, кај аптеката Зегин (би требало да има знак Airport Bus).
Го ѕирнав сајтот на компанијата што ја имаш на резервацијата, може да е валиден, ама како што кажав претходно, досега не сум резервирал shuttle service преку WizzAir, па не можам да кажам со сигурност (ми дава цена 7евра за Скопје-Аеродром).
Порано WizzAir имаше сопствено комбе, па потоа се спои со аеродромскиот автобус.
П.С.
Последен пат се возев од аеродром до Скопје пред 2 месеци.