А која е причината поради која мора да е со автобус? Бидејќи со авион ќе стигнеш побрзо и ќе те фати поефтино. Евентуално да имаш ептен стравови од авион, ама па и тогаш ти советувам да ги пребродиш дека не вреди малтретирањево два дена да патуваш.
Мој предлог:
Одиш со WizzAir до Берлин, ако нема добра понуда ефтина во денот кој сакаш, или пак ако немаш воопшто понуда, тогаш види од Софија преку RyanAir, билет до Софија со бус ако немаш превоз за до таму, во два правци ти е триесет евра, во една насока 17,18 беше. Евентуално и да видиш од Солун со EasyJet имаш ефтини летови до Берлин, околу 15 евра во еден правец ти се летовите. Од Берлин до Луксембург easyjet имаат летови и за десет евра. Значи направи си математика како ти е најисплатливо да отидеш, а секако да имаш за денот кој ти одговара и да не треба многу да чекаш во смената на двата аеродрома. Би поминал од 60 до 120 евра според мене груба проценка за повратна, што е поефтино од било кој автобуски превозник.
Внимавај: Во Берлин имаш два аеродрома, ние сме поврзани само со Schoenefeld, од таму имаш до Луксембург преку easyjet.