Дечки ќе можи малце помош?
Се работи за проблем со плинот, ќе се обидам да го објаснам. Колата пали на бензин, префрла на плин со притискање на гас, можи одма можи кога и да е. Инаку се работи за Nissan Micra 1998 год. Сега со овие температури гледам да поработи малце на бензин, па да ја префрлам на плин, а понекогаш и самата префла по некоја минута. И сега палам на бензин, работи малку па префрлам и возам на плин 5-6 километри, колата веќе загрева и наеднаш снемува сила и гасни. Пак палам на бензин и возам, работи нормално, на гаста сменвам на плин и како воопшто да нема плин гасни, не сака ни да повлечи, едноставно гасни. Првото прашање тука да го одговорам, имам плин, не ме прашвајте дали имам плин, има сигурно. Ова се случува веќе трет или четврт пат и секогаш, а плин имаш?!? И најчудно е дека по некое време возење на бензин, или па изгасена да седи, ако пробам пак на плин, префрла и работи нормално. Кога сака шо сака си прај.
Шо можи да е проблемот во ваков случај? Да прашам и тука освен кај плински уред, можи ќе се најди некој со сличен проблем.
Однесена е на сервис за штеловање на плинот пред да се случи ова првиот пат. Па нашле некое скинато цевче не знам шо, па менвале и од тогаш вака "поправена" е. Ќе ја носам пак најверојатно во друг сервис да ја видат, ама сакам барем да знам опции шо можи да е. Сигурно дека за инает во сервисот нормално ќе префрла и работи