Работа на брод

fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
460
Поени од реакции
376
Дали има некој кој работел на Celebrity да ми каже нешто повеќе за компанијата и за третманот на crew, конкретно за позицијата Butler?
Кога бев на на компанијата, пред 3/4 год. работите беа одлични а со самото тоа што е американска работите би требало да се уште подобрени, круто има добар третман и имаш евенти на секои 3/4 дена( Спа вечер, опен децк парти, затворен базен итн.) Батлерите имаа максимум 10 соби со прилично побогати гости од останатите декови и просечно земаа околу 6 000$ но со добар бакшиш стигаа и до 8, за споредба слични плати имаа и ассистант цхиев хаускеепер а десет пати поголема одговорност, и да не заборавам исхраната на батлерите беше врв во споредба со останатото кру :D
 
RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.393
Поени од реакции
2.430

Се мислев дали да аплицирам...Фала на инфо брат, али тоа било пред 3-4 год. Инаку зборев со балканци таму баш на таа позиција, сега работите биле влошени,немало веќе 10 кабини, сега биле 15, какви $6000, до кај 2500 макс. 3000 се стигало и тоа ако ти се погоди добар брод,низ Европа гостите си повлекувале gratuities. Порано биле дел од housekeeping а сега се во guest services али пак се crew, без guest privileges. Работни саати од 10 до 14 саати дневно.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Се мислев дали да аплицирам...Фала на инфо брат, али тоа било пред 3-4 год. Инаку зборев со балканци таму баш на таа позиција...
Коренот на сите заебанции, консултација со балканци :)
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Се мислев дали да аплицирам...Фала на инфо брат, али тоа било пред 3-4 год. Инаку зборев со балканци таму баш на таа позиција, сега работите биле влошени,немало веќе 10 кабини, сега биле 15, какви $6000, до кај 2500 макс. 3000 се стигало и тоа ако ти се погоди добар брод,низ Европа гостите си повлекувале gratuities. Порано биле дел од housekeeping а сега се во guest services али пак се crew, без guest privileges. Работни саати од 10 до 14 саати дневно.
ако пропорционално ги промениш бројкиве и ситуацијата... па, накратко ја опиша транзицијата на Македонија пред и после Југославија :D

Sent from my Nexus 6 using Tapatalk
 
fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
460
Поени од реакции
376
Се мислев дали да аплицирам...Фала на инфо брат, али тоа било пред 3-4 год. Инаку зборев со балканци таму баш на таа позиција, сега работите биле влошени,немало веќе 10 кабини, сега биле 15, какви $6000, до кај 2500 макс. 3000 се стигало и тоа ако ти се погоди добар брод,низ Европа гостите си повлекувале gratuities. Порано биле дел од housekeeping а сега се во guest services али пак се crew, без guest privileges. Работни саати од 10 до 14 саати дневно.
Работните саати на било која позиција( освен шоп) на брод се отприлика тие, од 9 до 14 , пример: обичен ден 9/10 саати а ембаркејшн максимумот т.е 13/14,( со тоа што на америчките компании внимаваат, колку толку на работните саати и обично им се опфатени со нула толеранција политиката) но нека не те плаши или одвраќа тоа, колку да е физички напорна и стресна работата на брод,јас на секој би му препорачал да одработи барем еден договор, не за пари туку заради други работи како отварање нови хоризонти, жени, самостојност, дисциплина итн. едноставно не си веќе истиот човек што си бил пред да отидеш.
п.с. На оние коишто сакаат да отидат на брод за да заработат нешто па да се вратат у оваа вукоебина не би им го препорачал искуството затоа што колку и да не е идеален бродскиот живот за жал е подобар од оваа апатија тука и чувството(културниот шок) што го имаш кога се враќаш ,,дома'' после договор од 6-8 месеци и сакаш да се вратиш на брод по 2 недели поминати во макеа ретардонија.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
За батлер треба јако CV и уште појак карактер, ако не си работел на таа позиција надвор од МКД во екстра луксузен хотел не вреди да си го губиш времето. Полесно можеш да стигнеш до супервизор или асистент на извршен хаускипер него батлер. Батлерите имаат по 10 суитс во секција и имаат асистент батлери. Стаф привилегии, посебни ресурси итн преку 3к месечно со 2.5к основна плата. Последниот батлер кој дојде директно на таа позиција на брод а надвор од компанијата беше со референтно писмо од Бурџ Ал Араб.
Батлер е највисоко ниво на услуга на секој брод, така да ако си нонстоп во контакт со ВИП гости треба педигре.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Viking Ocean Cruises доаѓаат за интервју 19-21 февруари.

Пријавувајте се на време, и со среќа :)

Член од
26 октомври 2017
Мислења
52
Поени од реакции
119
Некој да сподели искуство за работа на речни бродови?Дали во МКД има агенција која што посредува за River Ship,или сите се за прекуокеански крузери??
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Некој да сподели искуство за работа на речни бродови?Дали во МКД има агенција која што посредува за River Ship,или сите се за прекуокеански крузери??
Коузон соработува со Grand Circle Cruises за речни бродови.

Во меѓувреме да мавнам едно копи/пејст:

Почитувани ,
Ве информираме дека ние од Коузон најавуваме многу ПРИЈАТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА во периодот што следи. НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈДОБРИ БРОДСКИ КОМПАНИИ ПОВТОРНО ВРАБОТУВААТ МАКЕДОНЦИ.
Оваа информација може да Ви го смени животот и да Ви отвори нови врати.
Бидете дел од светскиот JET SETTERS
Ве покануваме да не контактирате доколку имате прашања и желба за работа на брод .
Доколку Вие лично не сте заинтересирани би Ви биле особено благодарни доколку оваа информација можете да ја проследите ( споделите ) до вашите пријатели /колеги на кои ќе им помогнете ( индиректно ) да впловат до светот на убави морски дестинации.
info@kouzon.com.mk 078 45 44 26
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254

Royal и celebrity? :O :O Сите позиции?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Веќе некое време Коузон праќа луѓе на Dry-Docs, моментално обемот на работата е доведе на ниво да во моменти има и над 100 луѓе распоредени на неколку бродови.

Платата е 32 фунти дневно. И се работи на тоа да се пази мајсторите што му прават ремонт на бродот да не го запалат додека сечат или заваруваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom