Чистење/Одржување на машина за перење

Член од
28 септември 2018
Мислења
52
Поени од реакции
134
Здраво! Сите знаеме дека постојат специјално наменети средства за чистење и одржување на машина за перење, односно отстранување на бигор, дезинфекција и сл. (но колку се ефикасни??)
Сум слушнал дека постојат многу подобри односно ефикасни "домашни рецепти" за таа цел. Како на пример сода бикарбона, лимонтус, оцет и сл. Дали имате искуство околу овие рецепти и што практикувате? Секако дадете Ваша препорака и рецепт за најефикасно отстранување на бигор и дезинфицирање на машината за перење.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Постојат два ефективни методи. Како сервисер на машини за алишта и садови можам да потврдам за успешноста.

- Метод 1
Потребен ви е лимонтус
за машина до 5 кг =350 грама
за машина од 7 кг =450 грама
и 8 кг = 500 грама
Целосната количина на лимонтус се истура во бубањот и машината се пушта (секако без алишта) на температура од 90/95 степени (без предперење) да го заврши целиот циклус. Пред да го сторите тоа исчистете го филтерот а истото повторете го и по завршувањето. Резултатите се воочливи.

- Метор 2
Сода бикарбона и алкохолен оцет
За било која килажа на машина потребно ви е 250 грама сода бикарбона и 1 литар алкохолен оцет. Истурете ја содата и оцетот во бубањот и пуштете ја машината на температура 90/95 степени (без предперење) да го заврши целосниот циклус. Секако пред да го сторите истото исчистете го филтерот пред и по завршувањето на чистењето.

Успешно се докажани овие методи во целосно чистење на заостанат прашак, бигор, сите останати бактерии и габички како и се останато што се наоѓа во системот. Вршите комплетна дезинфекција и ослободување од наталожениот бигор на греачите. Верувајте машината ќе биде како нова. Немојте да купувате маркетиншки трикови како што се Калгонит и сл кои се +- базирани на овие супстанци.

Немојте да заборавите пред овие постапки темелно го исчистите садот каде што се внесува прашок/омекнувач (доколку е потребно употребете стара четка за заби и раствор од сода и оцет) бидејки тоа е гнездо за габички и бактерии. Дихтунг гумата за врата убаво исчистете ја со алкохолен оцет.
Доколку машината излачува миризба или не ги пере убаво алиштата тоа е знак дека е крајно време да се погрижите за хигиената на вашата машина за алишта. Превентивно односно кажано одржувачки потребно е два пати годишно да се повтори овој циклус за да имате чиста машина. Не е лошо и при секое перење на повисока температура да додавате малку сода бикарбона како што би се заштитило наталожувањето бигор на греачите и останатите споеви во механиката. По перење на алишта избришете ја дихтунг гумата на врата со сува крпа, а вратата оставајте ја отворена за да има циркулација на воздух и постојано да биде проветрена.
Да напоменам -овие методи не пречат и не причинуваат никаква штета на механиката и се останато на машина за перење на алишта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom