Зависи од која општина си, за Влае, Карпош, Ѓорче, Сарај, Глумово, Матка, Кондово, Тафталиџе, Нерези ги покрива ЦК Карпош, Дебар Маало, Капиштец, Центар ги покрива ЦК Центар, Чаир, Топанско Поле ги покрива ЦК Чаир, Автокоманда, Маџари, Сингелиќ, Гази Баба ги покрива ЦК Гази Баба, јас би ти препорачал да идеш во Даре Џанбаз (спроти УЈП) таму е сместен Црвен Крст на Град Скопје и Црвен Крст Центар, работи од 08 до 16 часот и ќе кажеш дека сакам да се зачленам во Црвен Крст, ќе ти кажат кога има состаноци на младите, ќе отидеш на состанокот, ќе се заознаеш со сите, они ќе ти дадат пристапница да пополниш, и да донесеш две слики од тебе, и да ти дадат жиро-сметка за да уплатиш годишна чланарина која кошта 150 денари (плус 25 или 35 денари провизија која ја наплаќа банката), и на следниот состанок ја даваш во ЦК. После ти си бираш дали сакаш да се уклучиш во некои проекти за обука за презентирање на ПХВ, Трговија со Луѓе, Превенција од ХИВ/СИДА и Сексуално преносливи Болести итн. Се организираат и акции за собирање на средства за социјално загрозени лица, болни, итн. Најубаво е во Понеделник (19.01.2015) да отидеш на Водици, таму ќе бидат сите тимови (Тим за Одговор При Катастрофи, Тим за Спасување на Планина, Тим за спасување во Вода, Тим за Логистика) и да прашаш некои од таму да ти објасни.