Vip Game Fest - Управна зграда на Vip, Скопје.

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516

Конечно и кај нас! Vip Game Fest 2018, најголемиот гејмерски настан за оваа година! Ова ќе биде мини-фестивал на игрите, викенд забава за сите гејмери!

Турнири во Fortnite, Hearthstone, FIFA, Tekken, Cosplay (натпревар во маскирање), virtual racing, натпревар во местење на Рубикови коцки, board games, Magic, редење сложувалки и што уште не
и сето тоа за лудница награди... И не се само играчите оние што ќе заминат со вредни награди, бидејќи ќе има цел куп изненадувања и за публиката!

Сѐ од гејмингот што може да го собере во фоајето на управната зграда на Vip во еден викенд, 22-23 декември! Сите гејмери и гејмерки, а богами и сите рандом љубители на игри, заокружете си го датумот и се гледаме на предновогодишен Vip гејминг жур! Влезот за посетителите како и учеството на турнирите е БЕСПЛАТНО!

Во текот на двата дена ќе има постојан стрим во живо на финалните турнири, кој публиката ќе може да го следи на лед екран и на официјалниот Facebook page на Vip и на GG.MK, кои се официјален стрим партнер на фестивалот. Фановите ќе навиваат за своите фаворити, а на крајот може да си заминат дома и со некое изненадување.

Подетални информации околу настанот може да најдете на официјалниот сајт: http://vip.gamefest.mk
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
" Се што треба да направите е да бидете брзи при пријавувањето, кое почнува на 10 декември (понеделник) во 12 часот на пладне на следниот линк:

Откако бројот на играчи за турнирот (16) ќе биде пополнет, останатите пријавени играчи ќе бидат ставени на листа за чекање во случај некој од пријавените да се откаже или биде дисквалификува "
xd
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Jaс не играм игри, ова го видов на Facebook и решив да го споделам со вас тука на форумов.

Каде тоа во управната зграда на Vip ќе биде организирано ова ? Јас колку што знам таа зграда повеќе наменета за канцеларии, освен ако не го организираат сето тоа во влезот холот првиот спрат кој сигурно е големина слично како во Телеком зградата што сепак е пак мал простор за сето ова.

Ваков фестивал си бара голем саемски или спортска сала простор. Ваквите фестивали покрај играње видео игри, костими си повлекува штандови со стрипови, штандови на разно разни фирми за продажба на компјутери,конзоли, видео игри, штандови со продажба на маички, капи, штандови со продажба на фигурици, друштвени игри, дел каде ќе има испробување секаква врста конзоли, возење виртуелно автомобили, играње VR игри до многу друго што е дел од гејминг културата.

За овој фестивал Борис Трајковски е најдоброто решение или пак продадениот Скопски саем.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
ќе врие џибери
Нема ништо лошо во тоа да има и деца што пратат јутјуб, играат видео игри. И јас гледам јутјубери, го гледам Џипи по некогаш иако веќе не сум дете 28 ги начукав години.

Вакви фестивали во Србија и Хрватска се на доста повисоко ниво огранизирани, доаѓаат да учествуваат јутјубери и таму.

Стварно не знам колкав е просторот во таа зградата на Vip но најверојатно и не се некој големи простории за ваков фестивал. Како што пишав тука на темава еднаш ќе пишам и пак дека си бара голем простор за сето ова да се организира.

Сепак добро е и кај нас некој што се сетил да организира вакво нешто.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Ќе се пријавев за ФИФА 19 али прво, форматот 2в2 не ми се свиѓа, второ, сигурно ќе биде као ајде бирајте некој тим (а јас би преферирал да е ФУТ).

Како и да е, супер настан ќе е, треба да се посети. Посебно ме интересира каков ќе биде косплејот.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Abe neka opraat internet da ne se restartira po desetici pati na den , kur me boli za gejm fest krv im ebam , edna igra onlajn nemoz da isteram radi nivnite perverzni prekini vo konekcijata

(n)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Ќе имало и награди за публика нешто. А овие што се во турнир ќе имаат покрај награда за победници пари и хардвер кој бил подобар и од наградата пари. Ова го слушнав на GGTV. Јас иако не играм игри го гледам тој поткаст на GGTV понекогаш интересен ми е овој глумецов Горазд.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
И годинава А1 Game fest. На почетокот 2018 година било скромно организирано ама низ годиниве гледам сериозно изгледа целосно, програмски и организациски. Лани било во East Gate Mall а годинава во Diamond Mall.

Гледам најавуваат многу активности од турнири до саем за македонски игри.

Интересно што и кај нас на некој воопшто му дошло на идеа да се организира ова. Да имам некој со кого и пред се да живеев во Скопје можеби и би размислил за да го посетам.

Трговскиве молови колку отстапуваат простор за вакви настани? Сепак има таму и продавници.

Модератори мислам дека треба да се промени застарениот наслов во А1 Game Fest.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom