Досега сите потези на Јошко му се на место, како при водењето на екипата така и со бркањето на играчите.
Единствен кикс му е поразот во Охрид, меч шо мораше да се добие па макар и без голман.
Да водиш ти + 6, 45 та минута, и да ти ја сврти утакмицата Охрид, без Оса, без Славиша,
Мораше та утакмица да се добие, нападот ја изгуби таму утакмицата, мораше да бара некое чаре за отепаниот напад, Ѓупако да играше во постава, тој до крај со Дрогата ја истурка утакмицата, кој тогаш дојде, ни уигран со екипата, ни ништо.
То е сеа, па извајвме бод ( ој ) со комшивките и со Пролетарците, шо реално требаше да ги изгубиме, посебно со РК Драгстор, со Цилелург беше подобра играта.
Играта не е сјајна, посебно одбраната чкрипи ( сеуште ), ама дека има каде каде подобрување од она мизерија со Томче и Борче има, личи на нешто екипата.
И играчите шо ги избрка сите се на место одлуките.
Рајчич, со она понашање дечкото можи да игра само за РК Ринија Чаир, со Охрид ПЛАВ ГО ЈАДЕ, со Бутел столој кршеше, доста му е.
Перовиќ, кажав за него уште ко дојде, макар и самиот не беше за ништо крив шо беше форсиран да игра на нетипична позиција за него, тој си е десно крило, ама кај му беше умо ко се договорваше?
Зејак,
, доволно е дискутирано за ликот, не се заработва плата со статуси на Инстаграм и на ФБ, цел ден кисни таму...
Иранецот, не го ни видовме дечкото, можи со овај требаше да имат појќе трпение, пред се оти е далеку поразличен стил на играч од Папата и Петров.
Со овие двајца се гушиме, од една од појјаките позиции лани, сеа пикер ни е втора најслаба позиција, по десен бек.
Папата не можи да игра појќе 2 правци, по 50 минути, Коки и тој, двата чкрипат и во одбрана, лошо од пикерите засега, нема ни пенали од нив, не прифаќат топки, додуша само Кобетиќ дава топки кај нас
...
Лековиќ е најверојатно за бркање нареден, што не го клава ич, има потенцијал кај детево, ама физичките предиспозиции не му се за десен бек, јас би сакал да го задржат.
Исто и Ѓупако, нека го остат да ја истурка сезоната, се најдува, знај и одбрана да изремети, онај со работа и сериозни тренинзи можи да се напрај доста солиден плеј.
Нормално, ако се разбират со Јошко, во шо се сомнеам, кузнеј на шо комуникација се со стариот
...
Кај Јошко само еднонасочна е комуникацијата со играчите УРЛАЊЕ, со Бутел побара тајм аут, ги затепа малце играчите
и одма голој се заредија, пред то за 10 минути 1 ( еден ) гол дадовНе.