Дечки дали знаете колку се влезниците за MWC Barcelona 2019?
На нивната официјална страна гледам многу нереални цени од 800 евра па нагоре.
Мене ми рекоа дрка има и за 100 евра. Како да ги купам тие карти?
Ми треба за еден ден.
Колку што знам 799 евра е основната и имаш да учествуваш семинари , тури и други интересни работи. Имам учествувано пред неколку години , како дел од една компанија која се занимава со телекомуникации (странска) и имав Платинум карта платено од фирмата , имаше буквално се' , од средби со високи лица од други компании , семинари за се и свашта , пристап до сите ВИП можности , ручеци , поклони , превоз со кола од аеродром до хотел и до MWC. Лично не би дал толку пари , а не посебно за еден ден. Цените се високи за Македонски стандарди , а за странски не многу , не посебно ако се работи за нешто поврзано со бизнис со телекомуникации или слично. Влезница за еден колку што сум запознаен немаат и ќе мора да се плати за сите 3 дена.