- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.113
- Поени од реакции
- 8.222
Не реков да ја нема, но да не ја има дома кај мене секој ден. Ако се поделени - односно ако тој го има старателството, детето ќе оди за викенди кај неа, телефонски можат да се договорат итн.Присуство на мајката сакаш или не ќе го има, средбите помеѓу нив двајцата ќе ги има, сепак тоа дете мора и таа и тој да го гледа. Е сега твое е ти како негова идна сопруга(хипотетички) да изградиш заедно со него (врска) брак кој ќе биде помеѓу вас двајцата базиран на доверба и сигурност, а не да се сомневаш дека еден ден ќе се врати кај неа, а ти би останала изиграна.
Но сепак, иако не би ми пречело тој доколку има дете, би го чувала како свое, дотолку би ми пречело ако неговата мајка е присутна во неговиот живот.
Значи се зависи од ситуацијата. Ако мајката е мртва, или ги напуштила, или на било кој начин ја има минимално во нивните животи - би прифатила. Но ако тие двајца си имаат ,,добри,, односи, и детето би било растргнато меѓу мојата улога на маќеа и неговата вистинска мајка, не би одбрала да живеам во таква ситуација. Веројатно со човекот би прекинала многу пред да има вакви работи за размислување.