Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Каков потоп кај СБТ. Не ги разбирам луѓето што купуваа по 2500 денари по објавената истрага.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Купив денес КМБ прво на 5200 ден., а после на 5149 ден.
Ми се виде добра шанса до пролет да инкасирам едно 15-25%.
Тоа што го продадов во ЕУфоричниот понеделник сега да го вратам во акции . . .
И вака е убаво . . . лезетски се купува, без брканици . . . после кога ќе се појават големите играчи тешко се доаѓа до количини...
Остана уште некој денар за пазарење можеби утре на 5000 денари ќе видиме . . .
КМБ ја проектирав над 6000 во пролет/2019, а следна година може ќе ја замени СТБ како хит акција, а кога една акција ќе стане хит следува истовар . . . И не се купуваат хит акции :D..
Штета што купував КМБ и на поскапо.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Зошто толку паднаа денес акцииве, неможе да се каже дека акциите се напумпаа бидејки голем дел акциите од Јануари и сега се слични
Алкалоид и тогаш беше 8.000, Гранит дури беше 870 , НЛБ си беше 14.000 , СТБ си беше 1.100 освен КМБ која се качи ....

Не гледам нешто посебна тензија во државава за да овие два дена берзата е црвено , тоа што Груевски киднал за мене нема никакво влијание на берза иако нормално е малце негативно за државата .

Моментално нема инвеститори на берза , не верувам во тоа дека на луѓето им секнаа парите , само Грујо ги извади другите се уште им се милионите тука на сметка :D
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212

Не биле напумпани:pos:
убаво ти вика Бошко, не треба да брзаш туку лека полека си чекаш и си зимаш,
земи отвори ги извештаите на секоја фирма од 2000 па наваму, отвори го движењето на цената од 2000 наваму, гледај кога давале дивиденда и како растела акцијата спрема дивидендата, а како спрема добивката, кој се причините на еуфорија, а кој се причините за дееуфорија.

Се гледа дека си неискусен и немаш поим дека секогаш се оди еуфорично во некој периоди во годината, ти си слушнал дека ќе ишла над 6к и ајде да купам додека не отишла,

на пример ТНБ, лани кога ја ограбија накратко падна до 10к иако имаше 995 денари дивиденда, па се качи над 14к на почетокот на годината, ама објавија дивиденда 662 и оп акцијата под 13к, сега 15к се качи, ама ништо од тоа што се надеваа со продажбата (иако јас верувам дека ќе додадат точка дивиденда највеќе поради данокот) и сега е 14,5к,
слично е со сите акци, растат кога се објавуваат извештаи со добри добивки, а паѓаат кога едноставно нема интерес да се одржуваа таа цена,
сега незнам дали пратиш ама Алкалоид се одржува на 8к благодарејки на газдите (големите риби) јас ја проценувам на околу 6к, Чифлиганец не купува Комерцијална на 5,6, Макпетрол расте поради 300% добивка (Оилко помала добивка) и тоа околу Гама, за СТБ јас мислам дека 1300 е прескапо, постои опасност во наредните години да нема дивиденди и со тоа потоп,

Значи друг пат памет у глава и без да брзаш, купувај само кога паѓаат цените, а фирмата е во топ кондиција (немој па ти во Топлификација да купуваш:icon_mrgr:).

СБТ (едитирано) незнам зошто ја жалите, од 2010 имаше неколку години на минус најверојатно поради црните бизниси, сега последните неколку години почна да ја дуплира добивката и не верувам дека ќе ја затворат.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Каков потоп кај СБТ. Не ги разбирам луѓето што купуваа по 2500 денари по објавената истрага.
и јас не ги разбирам, можеби чекаа денда или нато еуфорија во континуитет... а ај види колку била акцијата предходно ?? а нека дадеа денда да видиш како ќе се ст6абилизираше... а што е со ФЕРСП, па и таму има истрага кај челниците ?
Во принцип истрага против доминантниот газда е добро за малите акционери, посебно каде тој ја држел акцијата потценета ... барем кај банките кој се под контрола на НБМ..
 
Член од
20 ноември 2018
Мислења
8
Поени од реакции
10
Здраво на сите. Нов сум во форумов и би сакал да ми предложите во која брокерска куќа според Вас е најдобро да се обратам за купопродажба на акции, Ваши искуства???
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Здраво на сите. Нов сум во форумов и би сакал да ми предложите во која брокерска куќа според Вас е најдобро да се обратам за купопродажба на акции, Ваши искуства???
Како за почетник, оди во Стопанска брокер на кеј позади телеком . . . фини се девојките . . . Имаат време да ти посветат и нема да те откачуваат без причина . . . инаку поголемите брокерски куќи, кои имаат свои поголеми клиенти ќе те шуткаат . . . посебно лоши муабети слушам за комерцијална брокер. . .
Земај парите и трк да искористиш корекцијата и не ги ставај сите оддеднаш, туки постепено . . .
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Па има една битна причина за корекција, а тоа е новиот закон за персонален данок. Пишавме веќе дека многу луѓе ќе сакаат да излезат па пак да влезат. Само Нато еуфоријата малку го одложи овој сел оф.

Колку може да оди надоле? Повеќето би биле задоволни со мала разлика, арно ама со таква јака понуда може да ги бутнат цените повеќе од планираното. Значи вреди малку да се почека и, што вика Бошко, да се искористи овој дип за докуп.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ајде едно пророштво онака на прва . . . Го сонував викендов читајќи ФИ...
КМБ школски ја спуштија за 2-3 дена, што е одлична шанса за влез . . . Прво се тргнаа големите, а после истите ја засилија понудата.. Акцијата(КМБ) нема брзо да скокне, количини ќе се збираат . . .
Пред Нова Година ќе почнат да ја креваат, на некои фирми им треба убава цена за поубави биланси ;) . . . Крајот на јануари КМБ го вади својот ФИ 2018 во кој ќе има 32 милиони ЕУР профит, а почеток на март одлука за 400 ден. дивиденда (иако јас сметам дека 300 денари е оптимална) . . . Акцијата(КМБ) расте сигурно и сите инвеститорски параметри се задоволени.. Во 2019 Хари за да покаже пред новите акционери дека е магионачар и дека реботи за нивно добро наредната година олабавува со резервациите ( дури ослободува резервации) продава дел од отпишаните кредити и ете ти ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ со малку финти без многу работа . . . Следува уште една мрсна дивиденда од 600 денари во 2020 . . . Акцијата(КМБ) станува хит, ја симнува од престолот СТБ и народ желен за пари почнува да ја купува на 1,6 боок и п/е = 10 и знаете ли на овие показатели која ќе биде цената 150 ЕУР е мојата конзервативна математика :D:D:D . . . А на таа цена чуда се случуваат . . .

Странски фондови веќе и да нема во КМБ да расипуваат игра . . . Познато сложно друштво е околу Хари . . . Музика не фали . . . Журката може да почне :pijani: . . . Од Заев и Шилегов без пари панорамски автобус. Не гледам на кого не би му одговарала журката . . . Чифлиганец не е луд да купува на 5200 ден. ако не верува во оваа приказна :)... Тој ќе биде домаќин на кровот на Адора Флетрион ;) . . .
Еве една убава приказна за сонување, а не СТБ на 1200++ . . .

п.с.
Ова е само пророштво не мора да е вистина. Но незнам зошто во последниве неколку години сите пророштва ми се исполнуваат :D. Размислете да не испадне после не сум кажал. Се сеќавате на ланскиот муабет кога КМБ беше 2600 - 2800 денари, на пророштвото околу ФИ 2017 неколку недели пред да го објават и натегањата дека некој ми шепнал . . .
Само две работи не ми се јасни . . . Каков ќе биде ФИ Q1/2019 и дали хостеси ќе бидат бабите од шалтер или ќе изнајмат млади девојчиња???[DOUBLEPOST=1542731033][/DOUBLEPOST]А заборавив. Во меѓу време не примаат во НАТО и задоволството е поголемо . . .
на журката све ќе биде пијано.
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.185
Поени од реакции
4.005
Јас за КМБ сум скептик за 2019 , гледајки дека во 2018 им е рекордна највеќе ради случајот со Фени ..
Со кои приходи тогаш во 2019 би била појака од 2018 ?

Иначе се согласувам дека сега е добар влез на 5.200 во КМБ , башка за 2018 ке има веројатно најдобра дивиденда во историјата , но јас во 2019 после дивиденда би излегол од КМБ бидејки како што кажав 2019 ке им биде полоша од 2018 ..
Bosko вика јако ке било и до 2020 во КМБ , би сакал да е така но се сомневам па ке размислам има време таму до тогаш за продавање :D
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
Па има една битна причина за корекција, а тоа е новиот закон за персонален данок. Пишавме веќе дека многу луѓе ќе сакаат да излезат па пак да влезат. Само Нато еуфоријата малку го одложи овој сел оф.

Колку може да оди надоле? Повеќето би биле задоволни со мала разлика, арно ама со таква јака понуда може да ги бутнат цените повеќе од планираното. Значи вреди малку да се почека и, што вика Бошко, да се искористи овој дип за докуп.
Koga veke go spomnavte noviot zakon za personalen danok ,kolku sto jas razbrav pocnuva da vazi za KAPITALNA DOBIVKA od 2020, t.e cela 2019 sme oslobodeni od danok na kapitalna dobivka, i toj sell off ke moze da go izvedeme i vo 2019, ili nesto krivo sum razbral?Ajde ednas definitivno da ja rascistime ovaa rabota.
 
Член од
20 ноември 2018
Мислења
8
Поени од реакции
10
Како за почетник, оди во Стопанска брокер на кеј позади телеком . . . фини се девојките . . . Имаат време да ти посветат и нема да те откачуваат без причина . . . инаку поголемите брокерски куќи, кои имаат свои поголеми клиенти ќе те шуткаат . . . посебно лоши муабети слушам за комерцијална брокер. . .
Земај парите и трк да искористиш корекцијата и не ги ставај сите оддеднаш, туки постепено . . .
Фала за советот, инаку и јас размислувам да купам некоја акција од КБМ
 
Член од
20 април 2009
Мислења
123
Поени од реакции
67
Како за почетник, оди во Стопанска брокер на кеј позади телеком . . . фини се девојките . . . Имаат време да ти посветат и нема да те откачуваат без причина . . . инаку поголемите брокерски куќи, кои имаат свои поголеми клиенти ќе те шуткаат . . . посебно лоши муабети слушам за комерцијална брокер. . .
Земај парите и трк да искористиш корекцијата и не ги ставај сите оддеднаш, туки постепено . . .
Ne se soglasuvam so tebe deka ima losi muabeti za Komercijalna broker...
Naprotiv na sekoj klient mu se posvetuva maksimalno vlijanie, i ima najniska vlezna provizija od site brokerski kukji...
4 brokeri se i vo sekoj moment ima broker sloboden...
Jas sum prezadovolen... baska i na E-trader mn brzo reagiraat pri vnes i promena na nalog..
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Koga veke go spomnavte noviot zakon za personalen danok ,kolku sto jas razbrav pocnuva da vazi za KAPITALNA DOBIVKA od 2020, t.e cela 2019 sme oslobodeni od danok na kapitalna dobivka, i toj sell off ke moze da go izvedeme i vo 2019, ili nesto krivo sum razbral?Ajde ednas definitivno da ja rascistime ovaa rabota.
Од 2020 почнува да важи законот за персонален данок на капитална добивка.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Ајде едно пророштво онака на прва . . . Го сонував викендов читајќи ФИ...
КМБ школски ја спуштија за 2-3 дена, што е одлична шанса за влез . . . Прво се тргнаа големите, а после истите ја засилија понудата.. Акцијата(КМБ) нема брзо да скокне, количини ќе се збираат . . .
Пред Нова Година ќе почнат да ја креваат, на некои фирми им треба убава цена за поубави биланси ;) . . . Крајот на јануари КМБ го вади својот ФИ 2018 во кој ќе има 32 милиони ЕУР профит, а почеток на март одлука за 400 ден. дивиденда (иако јас сметам дека 300 денари е оптимална) . . . Акцијата(КМБ) расте сигурно и сите инвеститорски параметри се задоволени.. Во 2019 Хари за да покаже пред новите акционери дека е магионачар и дека реботи за нивно добро наредната година олабавува со резервациите ( дури ослободува резервации) продава дел од отпишаните кредити и ете ти ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ со малку финти без многу работа . . . Следува уште една мрсна дивиденда од 600 денари во 2020 . . . Акцијата(КМБ) станува хит, ја симнува од престолот СТБ и народ желен за пари почнува да ја купува на 1,6 боок и п/е = 10 и знаете ли на овие показатели која ќе биде цената 150 ЕУР е мојата конзервативна математика :D:D:D . . . А на таа цена чуда се случуваат . . .

Странски фондови веќе и да нема во КМБ да расипуваат игра . . . Познато сложно друштво е околу Хари . . . Музика не фали . . . Журката може да почне :pijani: . . . Од Заев и Шилегов без пари панорамски автобус. Не гледам на кого не би му одговарала журката . . . Чифлиганец не е луд да купува на 5200 ден. ако не верува во оваа приказна :)... Тој ќе биде домаќин на кровот на Адора Флетрион ;) . . .
Еве една убава приказна за сонување, а не СТБ на 1200++ . . .

п.с.
Ова е само пророштво не мора да е вистина. Но незнам зошто во последниве неколку години сите пророштва ми се исполнуваат :D. Размислете да не испадне после не сум кажал. Се сеќавате на ланскиот муабет кога КМБ беше 2600 - 2800 денари, на пророштвото околу ФИ 2017 неколку недели пред да го објават и натегањата дека некој ми шепнал . . .
Само две работи не ми се јасни . . . Каков ќе биде ФИ Q1/2019 и дали хостеси ќе бидат бабите од шалтер или ќе изнајмат млади девојчиња???[DOUBLEPOST=1542731033][/DOUBLEPOST]А заборавив. Во меѓу време не примаат во НАТО и задоволството е поголемо . . .
на журката све ќе биде пијано.
Тоа колкав профит ќе извади незнам, ама убеден сум дека нема да дадат толкава дивиденда, за Тиранската банка ќе треба да платат 20-25 милиони (моја процена нема официјални бројки), потоа тука го имамаш данокот од +5%, од ВМРО најавија дека одма кога ќе дојдат на власт ќе го укинат зголемувањето, така да можно е многу од фирмите да не исплаќаат дивиденда или таа да биде помала од таа во нормални услови, на тебе можеби нема многу да ти сменат тие 5%, ама за Чифлиганец тоа се 100-тина илјади евра помалку.
Од 2020 почнува да важи законот за персонален данок на капитална добивка.
Од јануари 2019 ќе почне да важи, т.е. нема продолжување на постоечкиот каде се плаќа 0,
значи во 2020 ќе треба си го платиш данокот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom