Итaлиja

Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Сакам да одам за Венеција на крај на месецов, ама нешто поплавиве ме предомислуваат. Некое инфо дали е повлечена водата?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Во скоро време,на викенд или на одмор бил некој во Рим да сподели искуства ?

Ќе одам при крајот на Октомври,па би сакал да знам нешто повеќе околу цените во рестораните,кафичите,картите за обиколка на базилките и останатото,дали е воопшто скапо,како е со превоз итн .
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Леле некој да ве чуе како сте пишале за Италија скапо, ќе мисли за Исланд или Норвешка се прави муабет, може да се истера буџет тура за сечиј џеб. Најскапо ќе ве фати ако одите по музеи, ама и тие ви се бесплатни еден ден во месецот, па можете таква комбинација да направите да гледате тој датум да го пододите. Околу другото:

превоз: Ова беше малку бизарно, за еден правец билетот беше 1 ваучер Wizz Air (1200 денари), па не платив ништо. За другиот правец беше 1800, ама ми го откажаа летот (почеток март лани корона дешавките) и после ми дадоа Wizz кредит од 2200, што значи сум во плус 400 денари :D. Ако не бркате стрикни дати, советувма да си гледате и да си резервирате кога има ефтини летови, бар до Рим има добри зделки. Ако сакате убави летни тури ве советувам да си одите и Сацилија, Сардинија, од истиот аеродром од Рим што оди Виз, имате билети со Рајан по 10 евра до Каљари или Палермо, пет пати на ден ги има, можете комбинација Рим + море. Ама не и морето во Рим (Остија), подпросечно е, ако ви е чисто да видите со воз ако имате free pass извадено и сакате да прошетате секаде. Значи превоз до таму ви е ефтин.

смештај: Тука само Airbnb, Booking се поскапи. Јас кога бев за 100евра за двајца за четири дена, 50 по човек, 12-13 евра по човек од ноќ значи отприлика. Ама бевме сместени на 12км од Рим, што со метро се стигаше за 20 минути до центарот (т.е. до Сан Џовани), бев сместен во Торе Нова. И си земав тој free pass за бесплатен транспорт 7 дена 24 евра беше, а за 3 дена беше 16 евра (релативно ефтино), колку сакаш се возиш со сите бусеви, трамваи, метроа и 3 воза. Во центарот смештаите се поскапи, а нема шанси да не ви треба превоз колку и да сте ентузијаст, така да мене топ ми беше смештајов, излагаш сабјале, се враќаш вечер.

храна: Јас само пици стигнав да јадам, за греота сум, ама следен пат и пасти и гелато ќе земам, во брзање беше патувањето затоа. Пиците им беа на едно место 3 евра парчиња, на друго место 5 евра, ама ова за тие ко пекари пици обично околу метроата или во центарот. На мерење им оди и ти ставаат 2-3 парчиња (ко форнетите кај нас нешто што ги мерат). Најадуваат бајги и неспоредливи се со тие пици кај нас, допирна точка си немаат, овие им се како домашни пици да си праиш со некои убави маслинести, ако најдам сликичка ќе ставам. Во ресторан да седнеш им се 7-8 евра и нагоре цели пици, имаш и за поефтино ама маргаритите најобични, и за 5 имаше.

Прашајте било што за Рим, ја чекам прва прилика да заврши коронава и пак да отидам, се заљубив во местово, буквално се иам научено што од задоволство што од мака. Не се враќајте без да посетите: вила Боргезе паркот, Шпански скали, Треви фонтаната, Колосеиумот т.е. што ќе ви набројувам ова ќе видите на нет ако пишете Must see, јас посетував места ко графитот на Тоти на цела зграда, дупчето од клучалката во Orange Garden, пирамидата, ѕидот со графити од познати личности во Ostiense. Има страшни графити и мурали, и препрпепрередобри паркови и зелени површини, испитајте rome hidden gems и направете си листа што сакате.

Околу безбедност бидете претпазливи само околу големите туристички места, има многу бездомници, сомнителни типци што те прашуваат дали сакаш вода да ти продадат итн, новчаници на сигурно, ташни ако сте женско цврсто држете и секој кој ве застане одјебете го по кратка постапка за што и да ве бара. Други населби што ќе читате опасни курци палци Тор Бела Монака и не знам кои, не ви се опасни населбите, туку се сиромашни и со дрога се бават младите во поголем процент од другите поради сиромаштија. Ама посекако нема да залутате таму, така да најголема опасност околу крадење би ви била околу центарот и туристичките дестинации. И не се сликајте кај Колосеумот со тие облечени ко римјани, ќе ве замараат да им платите за фотката.

Моловите не ви вредат,тие 2 што се во прстенот (на периферија од него) се доста просечни, така да би ви одземало драгоцено време во превоз, време што може да се искористи за подобри работи.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
храна: Јас само пици стигнав да јадам, за греота сум, ама следен пат и пасти и гелато ќе земам, во брзање беше патувањето затоа.
Следен пат кога ќе идеш обавезно да седнеш тука:


Многу е близу до Ватикан.
Служат сувомеснати а прават и ептен опасни сендвичи.
Ние нарачавме една средна даска со различни кашкавали и сувомеснати и за двајца искрено беше премногу.
Цената не ми текнува баш, ова беше пред 3-4 години ама некаде околу 20€ ако не се лажам плативме. Свинското им е у пичку матер вкусно. Се топи во уста.
Земав и сендвичи за носење, бомба!


Во врска со музеите, не знам како е моментално ситуацијата ама јас кога бев едноставно преполно беше и имам едно видео на стариот телефон, значи буквално еден километар беше редот за чекање за влез во Ватикан. Можам да замислам колку повеќе има кога е бесплатно.
Совет мој е да си платите, бар знаеш дека ќе успееш да видиш нешто. А и не е дека секој ден идете во Рим.
Колосеумот мислам дека 13-15€ беше влез.

Искрено, Милано е многу поубав град за шетање според мене, но Рим има премногу историја и премногу работи како ти што напомена (фонтаната, колосеумот, Ватикан) кои мора да ги посетите еднаш во животот и апсолутно вреди да се посети. Но храна, кафе, ресторани, чистота, транспорт, шопинг тоа Милано!
Милано бев во еден музеј за технологијата и науката - http://www.leonardo3.net/en/the-museum/ и сум презадоволен од тоа што видов.
Буквално ти требаат 4-5 саати да видиш се. Авиони, хеликоптери, парни локомотиви, подморници, камен од Месечината дониран од НАСА, огромен брод на влезот, Валентино Роси има донирано многу кациги и униформи заедно со моторите со кои има остварено битни победи, симулатор на борбен авион, првото студио на Rai Uno или некоја друга ТВ не ми текнува...што нема во тој музеј. Имаше две соби во кој можеш да комуницираш со Морсеов код. Предобро искуство. Влез мислам плативме 7-8€


Еве некои слики од музејот...
Имам многу повеќе кај жена ми у телефон ама не можам сега да ги префрлам.
Моите се со слаб квалитет како што можеш да видиш, ама никогаш не сум се замарал со телефонот и тогаш користев некој чипичан.


 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Да ве прашам, дали сте во тек како е за влез во Италија, дали треба задолжителна вакцинација, негативен ковид тест, со маски секаде шетање и влегување по продавници и такви слични ковид срања ?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мислам скоро читав дека периодов луѓе од Македонија не може да влезат во Италија, освен ако не си италијански државјанин што престојувал во Македонија или имаш работна/студентска виза.
 
Член од
22 април 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ме интересира дали некој бил во Lido Di Jesolo ? Ми треба приватно сместување за 6 ноќи со пристојна цена до кај 60евра од ноќ, зошто на Booking ми се прескапи.
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
За патување низ градовите (со брз воз или автобус), како е најдобро да се планира патувањето? Од гоогле, ова ми излегува за картите, па дали да ги купувам онлајн од дома или може и таму на лице место? Купувањето онлајн ми е многу ризично, затоа што како ќе знам дали ќе стигнам на време на станиците. Така да, има некоја страна или апликација, специјално за јавниот меѓуградски превоз во Италија?
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
75
Поени од реакции
38
За патување низ градовите (со брз воз или автобус), како е најдобро да се планира патувањето? Од гоогле, ова ми излегува за картите, па дали да ги купувам онлајн од дома или може и таму на лице место? Купувањето онлајн ми е многу ризично, затоа што како ќе знам дали ќе стигнам на време на станиците. Така да, има некоја страна или апликација, специјално за јавниот меѓуградски превоз во Италија?
Treniitalia


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
13 јануари 2016
Мислења
81
Поени од реакции
46
Некој ако бил скоро во Рим да сподели искуство со ноќен транспорт Фјумичино - Термини. Авионот слетува 22.30 па дали се наоѓаат карти на лице место за автобус или мора да букирам зашто редуцирани се навечер автобусите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom