Maniac

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986


"Maniac" е серија во продукција на Нетлфикс, а е креирана од страна на Патрик Сомервил и Кeри Фукунага - познат по тоа што е режисер на првата сезона на "True Detective" и по тоа што ќе биде првиот американски режисер на официјален филм за Џејмс Бонд (филм кој ќе излезе во 2020)

"Maniac" е мини-серија (или што би се рекло на амерички limited series) во 10 епизоди кои што траат во просек 40ина минути. Серијава е искуство on its own и е тешко и неблагодарно да се опише во описов за темава.

Бидејќи дел од задоволството е да се искуси серијава без премногу знаење за истото (нешто што може да се заклучи и откако ќе го погледнете трејлерот кој што доволно ќе ве заинтригира без да ви објасни премногу) ќе бидам краток во описот за серијавa која жанровски во описот на ИМДб е сметана како Комедија,Сај-фај, драма, а богами има и романтични елементи.

Во главните улоги се човекот со 2 номинации за оскар - Џона Хил и добитничката на една оскаровска статуетка Ема Стоун. Актерското дуо кое што се прослави во Холивуд со комедијата "Superbad", сега може да ги видиме во сосема поинакво светло. Џона Хил го глуми Овен, црната овца на успешната фамилија Милгрим. Овен има шизофренија и поради тоа често има проблеми во разликување на реалноста и фантазијата. Судбината го праќа во една компанија за тестирање на лекови за луѓе со психички проблеми.

Ако сакате може и трејлерчето да си го погледнете.

"Maniac" има фантастична режија. маестрална кинематографија и супер глума, и дефинитивно може да очекуваме дека ќе има богами солидна бројка на номинации на Еми наградите во 2019.

 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
ајј ја цело време мислев филм ќе биде
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
само мене ли ми смета Џона Хил во улогава??? според мене кастингов тотална утка..

Ема и Били одлични..
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Џона Хил е така-така во улогава, можело многу боље. Еве сега влага во игра ѕверот од The Leftovers и ќе се среди работата.
Втората епизода беше топ.

 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
34
Поени од реакции
34
Треба малку време за да те навлече. Дури после четвртта епизода почна да ми се допаѓа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ја бинџнав, супер серија.
Иако сметам дека малку се занесуваат со некои работи, као демек покажано на почеток демек небитно нерелевантно, и на крај испаѓа демек било релевантно а всушност не е (пуканките).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Ја бинџнав, супер серија.
Иако сметам дека малку се занесуваат со некои работи, као демек покажано на почеток демек небитно нерелевантно, и на крај испаѓа демек било релевантно а всушност не е (пуканките).
Па не испаѓаат пуканките дека се релевантни бе :D Не се ни преправаат дека има некое поголемо значење пуканките, тие служеа како потсетување на Џона Хил (кој што цело врме треба да претпоставиме дека замислувал пуканки пред серијава да почне) дека
е во сон/симулација, и да го потсети на реалниот живот, имаше и милион такви потсетувања, така функционира компјутерот наоѓа некои работи од вистинскиот живот и им ги покажува на ликовиве во соништата за да се свестат. Тоа е safety нет-от уствари, цело време им дава референци со вистинскиот живот за да не забегаат ликовите во сонот и да не се деси Мекмарфи
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Izgledav 6 epizodi

Serijata e napraena za ema i jonah da uzivaat ne gledacite, izgleda zabavno da se snima

Za sea mi e sranje... Vo obid se bile za neso kul deckive ali...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Мене ми беше многу репетитивна, после 3та епизода цело време истото се дешава само во различни сетинзи. И не дека беше лош Џона Хил, ама цело време некако си викав Ех што ќе беше добро Џејк Гиленхал да ја имаше улогава. Ема Стоун одлична, заради неа и ја гледав, од тој аспект не се разочарав. Идејата исто голицкава, ама некако премногу репетитивно изведено и не се осеќаш ко да се дешава нешто. Се расправав за ова со Фукунага фанбојс во една група, 100 пати се покајав што пишав било што :'(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom