PayPal (официјална тема)

Член од
18 август 2015
Мислења
159
Поени од реакции
85
Корисничката сметка на PayPal нема да ти ја блокираат, туку единствено ако повлечеш повеќе од 2.000 евра или 2.500 евра годишно - не се сеќавам на точната сума, нема да можеш повеќе да повлекуваш пари до крајот на годината, освен ако испратиш дигитална фотокопија од словенечка лична карта или словенечка возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин.

Ако ја надминеш таа годишна граница од 2.000 евра/2.500 евра годишно, сепак ќе можеш и понатаму да купуваш и да праќаш пари, ќе можеш и да продаваш и да примаш пари на словенечката PayPal корисничка сметка, но нема да можеш да ги подигнуваш во банка до крајот на годината.
Фала ти премногу.
Нешто во врска со оданочување на тие пари?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Фала ти премногу.
Нешто во врска со оданочување на тие пари?
Зајко кукурајко и плавите жолтици најавија дека ќе ги оданочуваат и парите кои пристигнуваат од странство, но засега нема никакви информации околу тоа дали воопшто усвоиле некаква даночна регулатива, и ако усвоиле, дали истата е` стапена на сила или не.
 
Член од
20 јули 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво на сите!
Вчера се регистрирав на Paypal Македонија, и пријателка од Америка ми испрати 150$ на земја Македонија и само ми потражи емаил адреса.
На емаилот ми стигна порака дека парите ми се пратени. Ја внесувам Visa картичката на Стопанска банка, ама не ми ја верификува. Се јавив во Стопанска банка, не знаат зашо и ми рекоа не знаеле како да ми помогнат.
Ве молам да ми помогнете и дадете совет што да направам, дали има некоја можност да внесам друга држава/картичка што ќе биде верификувана.
Ви благодарам!
 
Attachments

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво на сите!
Вчера се регистрирав на Paypal Македонија, и пријателка од Америка ми испрати 150$ на земја Македонија и само ми потражи емаил адреса.
На емаилот ми стигна порака дека парите ми се пратени. Ја внесувам Visa картичката на Стопанска банка, ама не ми ја верификува. Се јавив во Стопанска банка, не знаат зашо и ми рекоа не знаеле како да ми помогнат.
Ве молам да ми помогнете и дадете совет што да направам, дали има некоја можност да внесам друга држава/картичка што ќе биде верификувана.
Ви благодарам!
Со македонски акаунт не може да се повлекуваат пари.
 
Член од
20 јули 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Со македонски акаунт не може да се повлекуваат пари.
Дали тоа значи дека парите ќе ми пропаднат?
И дали доколку имам картичка на НЛБ би ми ја верификувале, па би можела онлине да правам нарачки преку интернет?
Постојат ли некои начини како може парите да ги трансферирам на некоја друга сметка во друга земја?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Дали тоа значи дека парите ќе ми пропаднат?
И дали доколку имам картичка на НЛБ би ми ја верификувале, па би можела онлине да правам нарачки преку интернет?
Постојат ли некои начини како може парите да ги трансферирам на некоја друга сметка во друга земја?
Доколку парите легнале на твојата корисничка сметка на македонскиот PayPal, тогаш ќе можеш само да ги трошиш, односно да купуваш со нив, но нема да можеш да ги подигнеш ниту во Стопанска Банка, ниту во било која македонска банка.

Доколку извадиш Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Банка, ќе треба да се регистрираш на словенечкиот PayPal и да ја верификуваш картичката од НЛБ Банка, па ќе можеш да подигнуваш пари преку словенечкиот PayPal во НЛБ Банка.

Но сепак ќе останеш ограничен(а) на 2.000 евра или 2.500 евра годишно - не ја помнам точната сума - а доколку ја надминеш сумата, односно доколку подигнеш повеќе од 2.000 евра/2.500 евра годишно, од словенечкиот PayPal ќе ти побараат да им испратиш дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола преку Интернет за да им докажеш дека си словенечки државјанин/словенечка државјанка, а во меѓувреме нема да можеш повеќе да подигнуваш пари, ќе можеш само да ги трошиш, односно да купуваш со нив.

Во таков случај - доколку ја надминеш годишната граница, ќе треба да чекаш до Нова Година за да можеш повторно да подигнуваш пари преку словенечкиот PayPal, но и после 31 декември повторно ќе ја имаш годишната граница од 2.000 евра/2.500 евра.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.123
Дали тоа значи дека парите ќе ми пропаднат?
И дали доколку имам картичка на НЛБ би ми ја верификувале, па би можела онлине да правам нарачки преку интернет?
Постојат ли некои начини како може парите да ги трансферирам на некоја друга сметка во друга земја?
Купи нештo сo пaрите oнлaјн или рефундирaј ги.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Дали тоа значи дека парите ќе ми пропаднат?
И дали доколку имам картичка на НЛБ би ми ја верификувале, па би можела онлине да правам нарачки преку интернет?
Постојат ли некои начини како може парите да ги трансферирам на некоја друга сметка во друга земја?
Може да ти ги извади goranzoran контактирај го преку it.com.mk форумот
 
Член од
16 јуни 2017
Мислења
28
Поени од реакции
5
Имам mastercard од КБ , на пејпал регистриран сум во македонија со македонска адреса.Најдов работа на интернет која врши исплаќање само преку пејпал.Дали ќе можат да ми префрлаат пари и дали тие пари ќе можам да ги вадам и ако не која е солуцијата.Ви благодарам однапред
 
Ако си регистриран на македонскиот PayPal, без разлика каква картичка имаш внесено на твојата PayPal корисничка сметка на македонскиот PayPal, и без разлика од која банка е` истата таа картичка, нема да можеш да примаш пари, туку ќе можеш само да праќаш пари.

Ако сакаш да примаш пари преку PayPal, тоа е изводливо - засега - само преку словенечкиот PayPal со Visa Electron или било која друга дебитна картичка од НЛБ Банка - под услов картичката да може да се користи за плаќање преку Интернет, односно да доаѓа со CVV2 или CVC безбедносен код, кој е` потребен за плаќање преку Интернет, а кој се `наоѓа на задната страна од картичката, веднаш до полето за своерачен потпис, и под услов картичката да не е Maestro, бидејќи Maestro дебитните картички се бескорисни на Интернет.

Но сепак мораш да знаеш дека на словенечкиот PayPal имаш ограничување на висината на финансиските средства кои смееш да ги примиш во една година, а таквата граница изнесува или 2.000 евра годишно, или 2.500 евра годишно.

Доколку ја надминеш ваквата граница, односно доколку повлечеш над 2.000/2.500 евра годишно, тогаш словенечкиот PayPal ќе ти бара да испратиш дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин, а додека не го направиш тоа, нема да можеш да повлекуваш повеќе финансиски средства преку словенечкиот PayPal.

Ќе мораш да чекаш да дојде наредниот 1 јануари за да ти се рестартира бројачот на финансиски средства кои си ги повлекол преку словенечкиот PayPal за да можеш повторно да повлекуваш пари, но границата од 2.000/2.500 евра годишно и понатаму ќе важи.
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
73
Имам mastercard од КБ , на пејпал регистриран сум во македонија со македонска адреса.Најдов работа на интернет која врши исплаќање само преку пејпал.Дали ќе можат да ми префрлаат пари и дали тие пари ќе можам да ги вадам и ако не која е солуцијата.Ви благодарам однапред
Zdravo druze nema da mozes so makedonski pejpal da primas i vadis pari ali zatoa ja mozam da ti pomognam pisi mi u inbox koja suma stanuva zbor. Vadam pari od pejpal :)[DOUBLEPOST=1535622323][/DOUBLEPOST]Vadam Pari od Paypal

Poveke info inbox
 
Член од
11 август 2013
Мислења
25
Поени од реакции
5
Со словенскиот Пејпал може да се вадат пари преку НЛБ картичката и се беше во ред немаш проблем со УЈП пошто ти си поднесуваш годишна пријава и/или газдата кај што си пријавен/вработен. Никогаш не сум пријавил во УЈП за тие повлекувања и немало проблем до сега. Но со новиот закон УЈП сам ке проверува кој колку има на сметките и од каде па работењето со словенски Пејпал може да биде огромен проблем. Затоа барам начин како да го поврзам словенскиот Пејпал со payoneer или нешто слично да не биде преку македонски сметки.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
Здраво, едно прашање во врска со пејпал.
Го користам веќе 1 година во Германија и се си работеше во ред.
Го поврзав со сметка од банка (gyro картичка, не е виза, мастер... туку само со IBAN) ама функционираше, се потврди сметката од банката со трансфер на пари од сметката кон пејпал и назад, како шо оди редот.
Е сега кога сакам да платам со пејпал или да префрлам пари, ме тера да додадам нова картичка (кредитна, мастер, виза, гиро итн.) и неможам да напрам ништо. а друга сметка немам, а мислам дека и нема потреба да се внеси кога веќе имам додадено. читав нешто по интернет, ама не најдов било какво решение.
пораката која ја добивам е: please add a funding source paypal. и тука треба да внесам друга картичка.
 
Член од
27 септември 2018
Мислења
46
Поени од реакции
15
Сакам да отворам пејпал сметка преку словенски пејпал.. дали уште може така преку словенски? Ми понудија да работам транскрипција и само преку пејпал плаќале.. веќе неколку дена се мислам дали да отворам.. ако има некој тука што вака прима приходи да ми каже дали е безбедно, еве на пример да акумулирам докај 2000 $
 
Kajgana Shop

На врв Bottom