Counter-Strike: Global Offensive

Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Да не има некој да трејда AK | Blue Laminate (Factory new) w/o stickers за AK | Blue Laminate (Factory new) w/ stickers?
Capture.PNG
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
На кој му се игра нека дојде на Diskord, има народ понекад еве линк од групата
 
Attachments

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Ајде малку да ја живнеме темава.
Конечно Македонија има солиден тим во CS:GО па може да се отвори малку дискусија.
Од ова што сум видел на форумов, знам само двајца кои следат - @Kasabian и Macedon1um (го нема на листата за да го тагнам)
Има ли други?

Еве еден линк од Pinnacle Cup IV на кој во моментов нашиве губат 1-0 во мапи од рускиот Спирит.

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.232

Се гледа CS:GO редовно, не гледам македонска сцена и појма немам ниту што тим имаме ниту што играчи играат.
Знам само минатата година дека освоивме некое првенство како репрезентација, нешто така.

Омилен тим немам, зависи од првенството.
Али кога и да игра Na'Vi, навивам за се што е против нив.
Во моментов има Blast Premier играат NIP.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317

Јас почнав да пратам активно од короната, сега малце намалив ама поголемиве турнири ги пратам сеуште, ме интересира како ќе играат Гамбит кој ми беа омилен тим изминативе години и убедливо најдобри заедно со Нави, ама беа банирани да настапуваат под руска организација и ги откупија американците Cloud9 кој немаја свој тим извесен период.
Заедно со NaVi и FaZe би требало да се топ 3 екипи годинава, G2 разочараја доста во последно исто како и Vitality за кој бев многу оптимистичен кога ги зедоја Magisk и Dupreeh од Астралис.

Кога сме кај нашите BlueJays направија ненормален напредок веќе се пробија и извесно време беа во топ 30 тимови. Од тимот покрај Cacanito кој ми е комшија и го следев активно еден период беше одличен во ФПЛ дури на ниво со најдобрите, а пред тоа заврши и прв во челинџер лигата другите не ми се баш познати ама добро е што конечно имаме првокласен кантер тим и да се надеваме до пласман на некој од појакиве турнири во иднина.

Највероватно ќе изгубат од Спирит денес, а во последно овие косовариве Bad News Eagles се многу добри еве денес ги мочаат на НиП 16-6 11-1 е моментално, rigoN i juanflatroo беа зверови во ФПЛ дур пратев.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Се гледа CS:GO редовно, не гледам македонска сцена и појма немам ниту што тим имаме ниту што играчи играат.
Знам само минатата година дека освоивме некое првенство како репрезентација, нешто така.

Омилен тим немам, зависи од првенството.
Али кога и да игра Na'Vi, навивам за се што е против нив.
Во моментов има Blast Premier играат NIP.
Абе тоа они освоиле некој Виареџо Куп ако треба да користам фудбалски термини, а сега овој турнир е да речеме Конференциска Лига (Бласт би бил Европа Лига според мене. :) )
Добро напредуваат нашиве моментално и нема да ме чуди во скоро да ги видиме и на некој Бласт. Млади се уште а имаа и некои промени во тим, па сега со новиот играч "necrogenes1s" би требало да се покомпетитивни.

Јас почнав да пратам активно од короната, сега малце намалив ама поголемиве турнири ги пратам сеуште, ме интересира како ќе играат Гамбит кој ми беа омилен тим изминативе години и убедливо најдобри заедно со Нави, ама беа банирани да настапуваат под руска организација и ги откупија американците Cloud9 кој немаја свој тим извесен период.
Заедно со NaVi и FaZe би требало да се топ 3 екипи годинава, G2 разочараја доста во последно исто како и Vitality за кој бев многу оптимистичен кога ги зедоја Magisk и Dupreeh од Астралис.

Кога сме кај нашите BlueJays направија ненормален напредок веќе се пробија и извесно време беа во топ 30 тимови. Од тимот покрај Cacanito кој ми е комшија и го следев активно еден период беше одличен во ФПЛ дури на ниво со најдобрите, а пред тоа заврши и прв во челинџер лигата другите не ми се баш познати ама добро е што конечно имаме првокласен кантер тим и да се надеваме до пласман на некој од појакиве турнири во иднина.
Јас ги гледав доста време G2 ама ми станаа тешки чоукери. Имаат доста добри поединци, ама тимски се катастрофа.

Гамбит настапуваа до пред некој ден како Players а ВиртусПро како Outsiders
Каков парадокс е тоа. НаВи со 3ца руски играчи може да настапуваат под оригинално име, ама ВиртусПро кој има само двајца руси не смеат само затоа што на едните кланот им е преставник на Русија а другиот на Украина.

Од другиве тимови многу ми се свиѓаат во последно време FaZe Clan и Heroic.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.232
Од G2 интересно ќе биде да се прати m0NESY.
Дечко растури на Интер турнирот во Катовица, штета што изгубија во финале од FaZe.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Од G2 интересно ќе биде да се прати m0NESY.
Дечко растури на Интер турнирот во Катовица, штета што изгубија во финале од FaZe.
Изгубија баш зашто се невидени чоукери.
Имаа 3 меч поена на првата мапа, изгубија.
Другите две мапи исто имаа цел меч предност, баш кога требаше да ги завршат они се губеа.

Монези се гледа дека е играчиште ама уште е млад. Има само 16 а го платија пола милион ако не се лажам. Можеби грешка направија со трампата nexa-aleksib. Ќе видиме сега на следен major во Антверп дали ќе направат нешто посебно. Не беа убедливи во квалификациите а беа во полесната група.

П.С. Нашиве изгубија 2-0 од Spirit. Немаа лош натпревар, ама се гледа дека се уште ниво зад овие кланови.
Сега би требало да имаат полесен противник и мора да тепаат ако сакаат да идат даље.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
+1 активен, и гледач и играч :LOL: Често збираме 5-ки и пукаме фејсит, а инаку редовно си пратам и гледам, и тиер1 турнири и послаби, поготово кога играат нашиве.
Ептен ми е мило за нашава екипа, имам играно против сите од нив мислам, со aidkit имаме и бајаги играно заедно, ама колкав само напредок и раст направија за прилично краток период, секоја чест. Ептен си се посветени, не летаат во облаци и си работат и растат заедно постепено, дури и малку нетипично би рекол за наша екипа бидејки мислев дека многу порано ќе пукне тиквата и ќе се разделат во посебни правци. Супер е што и сцената, поготово во Европа е многу напредната и има организации кои се нафаќаат да ги подржуваат ваквите помали екипи, многу олеснителна околност е кога имаш таква подршка зад тебе, иако можеби не е многу голема, ама сепак го оттргнува делумно притисокот за инстант-успех, а меѓудругото и го смирува сигурно малку и притисокот од дома, затоа што сепак мислам дека сме многу назад на тој план и сеуште е далеку од прифатен гејмингот и еспортовите како професија. Она што им недостасува е мислам малку искуство и работа на психички план, за да направат исчекор напред кон тиер1 сцената, сеуште се премлади сите и „зелени“ во главите :D Штета што нема некој постар со поголемо искуство од нашиве простори да го земат како тренер/психолог, многу повеќе би делувал кога би бил тука помеѓу нив
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408
Тепаа денес Bluejays против чешкиот Dynamo Eclot со вкупен резултат 2-1 во Pinnacle Cup IV
Освен Спирит, сите други екипи се горе-доле исти левел со нашиве и би требало да успеат да се пласираат во плејофот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom