Фан клуб - РК Вардар

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Недановски е исто лево крило, ама него не му даваат да влезе во ЛШ. Стварно е малку мистерија зошто не донесоа друго лево крило овие две сезони. Нешто ко флетруваа со идеата Тоше Ончев да го играат лани, ама кренаа раце од него. Тимур игра скоро цели натпревари. Дури мислам дека не се и цени соодветно неговиот придонес. Кој е огромен.
Не може цело време да го играат. Мора некогаш да одмара.
Не знам до кога е рокот за трансфери, но со едно лево крило тешко ќе ни оди работата. А не дај боже да се повреди...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Бекот на Вардар, Сергеј Горбок ќе биде опериран во среда, во Загреб. За операцијата и опсервација на процесот на рехабилитиација ќе биде одговорот докторот Саша Јанковиќ кој е дел од докторскиот тим на светскиот вице-шампион, фудбалската репрезентација на Хрватска.

Сергеј Горбок, летово, по пауза од две години се врати во Вардар. Ги одработе подготовките и ја почна сезоната, но се повреди на тренинг, неколку дена пред натпреварот од СЕХА Лигата со Железничар.

Снимките направени со магнетна резонанса покажаа дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти. Операцијата е неизбежна, а процесот на рехабилитација е долг. Сезоната за него можеби не е завршена, но со сигурност во оваа календарска година нема да го видиме на терне, а сосема сигурно нема да игра ниту на мундијалот што во јануари ќе се одржи во Германија и Данска.
http://www.g-sport.mk/vest-statija/68385/zakazhana-operacijata-na-gorbok
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Со соодветни терапии (ПРП, матични клетки и сл.) најверојатно може да го опорават до февруари. Порано по година се паузираше со вакви повреди. Денес за неколку месеци знаат да заздрават. Ама, каков ќе се врати, кој знае.

Го видов оној Оцврик во саботата на крај од натпреварот, се моташе по терен кога си честитаа. Многу е ситен тој. Низок, слаб. Баш ко дете. Кај ќе игра одбрана тој на ова ниво. Штета што го изгубивме Горбок. Сеа губиме на ротација многу.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Тренинг натпревар со Стеауа. Нема нешто посебно да се истакне. Може требаше Милосављев да се извади од игра порано, да побрани малку Кизиќ, наместо само 3 минути на крај.

Доста минутажа им се даде на Војводиќ и Киселев. Ништо посебно не покажаа. Оцврик играше некои 15-20 мин. Даде еден убав гол, промаши зицер и уште еден шут. Мишевски играше малку, нешто на крило се моткаше.

Бар Парондо им дава нешто повеќе минутажа на младиве од Раул во вакви натпревари. Не знам што му беше филмот на Раул, ама мислам дека Кањелас ги стартуваше сите натпревари лани, без разлика дали се игра со Пролет или Кил. Ретко пушташе млади играчи да набијат малку искуство.

Инаку, чудно ми беше со Монпелје, Шишкарев излезе од игра некаде кај 20та минута, облече еден од оние тренинг дресовите и не влезе пак во игра колку што приметив. И денес колку што гледав, не го видов да влезе, а пак носеше тренинг дрес. Не знам дали е повреден. Борозан се жалел на болки во коленото, па го одмараа оваа.

Прочитав дека и Телма демантирала дека ќе купува права за ЛШ. Тоа било проект кој чинел 250.000 евра, според нивниот уредник. Немале пaри за такви пакети, посебно со фактот дека натпреварите одат и на арена спорт.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.795
Поени од реакции
8.915

Шишкарев има ситна повреда и не го ризикува.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Инаку, оној алжирецон, голманот, уште не е со екипата. Кој знае дали ќе дојде до сабота. Според инстаграм, вчера уште бил во Алжир.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Инаку, оној алжирецон, голманот, уште не е со екипата. Кој знае дали ќе дојде до сабота. Според инстаграм, вчера уште бил во Алжир.
Треба да ја среди документацијата, му треба работна дозвола.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Денес може добил, не знам ама имаше документација за средување, некогаш без потреба се паничи.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Изгледа не го договориле тренерот кој го барал Парондо. Тој рече пред 2 месеци дека клубот преговара со некого кој тој го побарал. Ова е утешна награда. Колку Црвенковска може да помогне, ќе видиме. Јас лично се сомневам. Претпоставувам ова е начин да се задржи во клубот и да и се даде да извршува некоја функција.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Овие спортмедиа, пред некој ден пишаа дека добил виза и дека ќе биде тука за овој меч, сега пишуваат дека заглавила визата.
http://sportmedia.mk/rakomet/liga-na-shampioni/zaglavi-vizata-nema-debi-za-gedban

Инаку, отворив кај типов инстаграм деновиве, имам сомнеж дека овој може има некои обврски со служба во армија. Се снима како џогира во нешто што изгледа како касарна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom